Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.11.2012, 14:41

Обвинувањата на Софија за добрососедските односи се нереални

За обвинувањата од бугарските власти за нарушување на добрососедските односи од Македонија и дискриминаторски однос кон граѓани кои се чуствуваат како Бугари, министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оцени дека не ја одразуваат реалноста, бидејќи вели, нема ниту еден конретен пример што би можел да ги поткрепи таквите тврдења на официјална Софија.

- Таквата оцена не ја одразува реалноста. Не сум во состојба во моментов да најдам ниту еден конкретен пример, кој би ги преточил ваквиот тип квалификации во едно определено конкретно дејствие. Она што е конкретно се изјавите кои константно ги имаме. Kлимата, која константно ја создаваме е градењето на добрососедски односи на еден суштински начин. Мислам дека дефиницијата за добрососедство е искреност во односите. Ние сме исклучително искрени во односите во однос на градење добри односи со сите наши соседи. Тоа е највисок приоритет и во една таква клима мислиме дека треба да се градат односите од аспект на заедничката иднина, која очекуваме да ја имаме во рамки на ЕУ, изјави министерот Попоски.

Тој ги повтори пораките кои во неколку наврати ги упати до бугарските власти наместо кон историјата, односите на двете земји да се фокусираат на конкретни проекти што се во интерес на двата народа. Македонскиот пристап е практичен и европски, додаде, и очекува исто таков европски пристап од кој било соговорник од соседството, вклучително и од Бугарија.

- Искрено, не гледам фалинка во еден пристап, кој е искрен, кој е отворен и кој дава соодветен третман на секое прашање кое е од определено значење. Нашиот пристап, и тоа е она што е нашата агенда во водење на една европската политика во билатералните односи со сите наши соседи, вклучително и со Бугарија, е следниот: доколку имате интерес за историја, да ги оставиме историчарите да ја третираат. Доколку имате интерес за определено практично прашање, на пример, да градиме инфраструктура, да градиме гранични премини, да се поврзуваме, да имаме заеднички проекти, да се занимаваат оние на кои тоа им е во описот на работно место. Мислам дека колку повеќе практични проекти имаме, толку повеќе ќе ги одразиме интересите на граѓаните од двете страни на границата. Што повеќе се оптоваруваме со прашања коишто не се во доменот на она што би требало да биде третман на билатерални односи од практичен аспект, мислам дека само можеме да ја обремениме таквата комуникација, изјави Попоски.

Тој го оцени како европски одговорот на претседателот Ѓорге Иванов за заедничко одбележување од Софија и Скопје на Денот на Европа како можен датум, а на бугарското барање за заедничко славење на настани и личности од историјата. Смета оти тоа дава можност да се покаже колку земјите се постветени на најуспешниот мировен проект на континентот - ЕУ.

- Битно е што сакате да постигнете и кој ви е методот. Доколку целта е да постигнете заедничко празнување заради одбележување на фактот дека имате заедничка иднина, Денот на Европа е сосем соодветен датум за тоа и е веќе пракса во огромен број европски земји. Доколку целта ви е само да имате дополнителна тема и прашање, методот не соодветствува на тоа што сакате да го имате, рече Попоски.


Статијата е прочитана 2388 пати.

Испрати коментар



Бугарија не ја поддржува по секоја цена Македонија кон НАТО и ЕУ
Контрапротестанти се обиделе да го растурат протестот на АМАН
„Коалиција за живот“ ја буди свеста за наталитетот во Македонија
Населбата Карпош 3 доби нов плоштад со фонтана
Владата го утврди Предлог буџетот за 2013 година
Разведени лезбејки делат имот во Македонија
Клинтон до Иванов - Сите сакаат да ве видат во НАТО
Македонска државјанка во Швајцарија осудена на 32 месеци затвор
Бројот на жртвите од „Сенди“ се искачи на 106
И Обама и Ромни најавуваат победа во пресрет на изборите
Попоски до Младенов - Можеме да градиме добрососедски односи
Атина го чека одговорот
Големата полутопка се удомува над Собранието
Бунтовници масакрирале сириски војници
Познати добитниците на наградата „13 Ноември“
(ФОТО) ДУИ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за диктатура
Наскоро паричниците ќе ги замениме со мобилни
Во „Микросам“ врвни експерти по роботика и композити
Убиецот од „Биг Фиш“ останува во притвор
(ФОТО) Итна медицинска помош доби 69 нови возила
Златна зора како граничари на преминот Дојран
Независна Шкотска автоматски ќе стане членка на ЕУ
(ФОТО) Њујорк се соочува со недостиг на гориво и храна
Владата со нови мерки за развој на бањскиот туризам
Новиот Буџет нема да биде поголем од годинешниот
Писмо со сочуство од Иванов до Обама за настраданите во ураганот Сенди
Орав - Никој нема гаранции што ќе се случи во декември
Mетеоролозите најавуваат нова бура во САД
Грчкиот новинар ослободен од обвинувањата
Амандманите за Законот за бранители пред Комисијата за труд
Не помина интерпелацијата за претседателот на РКЕ
Реконструиран паркингот спроти „Нова Македонија“
„Мојот ум не размислува за перење пари“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Опозицијата ја обвини Регулаторна за нетранспарентна работа
Почна електронското полагање на возачки испит
Потврдена затворската казна за Панде Лазаров
Министерот барал списоци на лекарите штрајкувачи?
Амандманите на Законот за бранители доставени до пратениците
Иванов до Плевнелиев - Сакаме да разговораме за иднината
Битолчанец собра печурка за Гинис
Пожар во фабриката на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу
Јавниот сектор ќе стави рака врз граѓанскиот
Попоски - Подготвен одговорот на грчкиот Меморандум
Мобилни шалтери за даночни услуги
Храбар старец избрка разбојници
Февруарските пензии „подебели“ за 550 денари за сите пензионери
Николиќ - Време е за решение за Косово
Изгубен клуч што отвора 180 ќелии во белгиски затвор
Хилари Клинтон допатува во Тирана
Четири лица повредени при престрелка на Универзитетот на Јужна Калифорнија
Убиство на Ноќта на вештерките во Тетово
Бесплатни прегледи во Систина Офталмологија
Уште еден новинар уапсен во Грција за тајни сметки
Собранието ќе расправа за интерпелација на претседателот на РКЕ
Стартува примената на електронската здравствена картичка
(ФОТО) Најмалку десет загинати во експлозијата во Ријад
Бројот на жртви од Сенди се искачи на 74
Филе како „ѕид за плачење“ за Софија
Клинтон се сети на Стенковец, не и на Македонија
Папандреу избркан од ресторан во Берлин



Македонскиот Принц Газанфар на коњ, 01.11.2012 16:49:45
Допрва Јана ќе плаче, допрва Јана ќе плаче, влегувајќи со коминтерновското јаже на ДПМНЕ во албанскиот бунар. За жал. Луѓе уште ли не разбравте од доаѓањето на Груевски на власт дека национализам џеб и фрижидер не полнат. Груевски е човекот кој ќе jа албанизира Македонија. Тој и затоа толку години прави се, само и само Македонија да биде надвор од НАТО и ЕУ, бидејќи само така може да им ги исполни плановите на радикалните сепаратисти. Ај сега кој е предавник, а кој патриот?
Mudrec, 01.11.2012 17:18:23
Dobro kazano, iako ne gledam potreba da slavime bilo sto zaedno so bugarite. Nema potreba do tolku da im go pravime kejfot, ne se vredni za toa.
Прийател, 01.11.2012 23:04:26
Обвинувањата на Софија за добрососедските односи се нереални Така мислите вие, e ще ви почакаме, колкото трябва

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |