Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.11.2012, 12:07

Убиство на Ноќта на вештерките во Тетово

Еден тетовец е убиен, а двајца се повредени при пресметка во ресторанот „Али Баба

Гојко Ефтоски

Тетово – Обезбедувач во тетовска кафеана е убиен, а двајца негови колеги се повредени при крвата пресметка која се случи на Ноќта на вештерките во Тетово. Инцидентот се случил вчера околу 20.30 часот пред ресторанот „Али Баба“ во станбениот блок 82 на улицата „107“. Додека во ресторанот се одржувала приватна забава, тројца непознати напаѓачи се судриле со обезбедувањето. Во тепачката бил изваден и нож, со кој било извршено убиството. Другите двајца повредени веднаш се пренесени во болница, каде лекарите се борат за нивниот живот.

Како што дознавме, полицијата располага со првични информации за сторителите. Денеска претпладне едно лице за кое се сомнева дека е еден од извршителите, било пронајдено и приведено во полицијата.

Според сознанијата на полицијата, обезбедувањето на ресторанот било ангажирано од страна на организаторите на приватната забава. Во еден момент се доближиле тројца мажи кои се обиделе да влезат внатре, но не им било дозволено. Настанала расправија. Еден од напаѓачите со нож го избодел 39-годишниот Рамадан Адеми, а потоа убоди им нанел и на Нусрет Шабани (31) и Башким Цека (30) од Тетово.

Тројцата повредени веднаш биле пренесени во тетовската клиничка болница, каде Башким Цека кој се наоѓал надвор од животна опасност е задржан на лекување. Другите двајца повредени итно се упатени на лекување на скопските клиники.

Според информациите од СВР Тетово,  утрово околу два часот по полноќ како последица на тешките повреди, им подлегнал Рамадан Адеми, додека Нусрет Шабани бил задржан на болничко лекување и е во критична здравствена состојба.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Маријан Јосифовски, полицијата извршила увид на лице место, каде биле пронајдени траги од крв, како и црна платнена футрола за нож. Полицијата трага по напаѓачите.

Локалот „Али баба“ денеска беше затворен. Се обидовме да контактираме со сопственици на соседните дуќани и ресторани. Меѓутоа, обидите останаа залудни, бидејќи од соговорниците не можеше ништо да се дознае. Единствено ни потврдија дека слушнале за тепачката и за последиците од крвавата пресметка, но дека ништо повеќе не им е познато.


Статијата е прочитана 1415 пати.

Испрати коментар



Тадиќ се повлече од челната позиција во Демократската партија
ДУИ - Ист третман за сите од 2001
(ФОТО) Груевски ги наполни со голови снимателите и фоторепортерите
Хелсиншки комитет апелира да престанат заканите за „Аман“
СДСМ - Буџетот нема да ја реши кризата
Анкета - Водат ВМРО-ДПМНЕ и Груевски
Г.г.Стефан - Нишкиот договор не важи, потребно е ново решение
Во Градски парк ќе се гради катна гаража
До социјална парична помош само со лична карта
Епископот Тавадрос - нов поглавар на Коптската црква
Менхетен доби струја
Добра година за тиквешките лозари
Во автобус откриени мигранти од Сомалија
Старец пронајден мртов во опожарена куќа во Гостивар
Состанок на Г-20 за кризата во еврозоната
Нимиц се надева на брзо решение
Проблеми во сообраќајот заради одрони на патот Маврови Анови-Дебар
Бугарија не ја поддржува по секоја цена Македонија кон НАТО и ЕУ
Контрапротестанти се обиделе да го растурат протестот на АМАН
„Коалиција за живот“ ја буди свеста за наталитетот во Македонија
Населбата Карпош 3 доби нов плоштад со фонтана
Владата го утврди Предлог буџетот за 2013 година
Разведени лезбејки делат имот во Македонија
Клинтон до Иванов - Сите сакаат да ве видат во НАТО
Македонска државјанка во Швајцарија осудена на 32 месеци затвор
Бројот на жртвите од „Сенди“ се искачи на 106
И Обама и Ромни најавуваат победа во пресрет на изборите
Попоски до Младенов - Можеме да градиме добрососедски односи
Атина го чека одговорот
Големата полутопка се удомува над Собранието
Бунтовници масакрирале сириски војници
Познати добитниците на наградата „13 Ноември“
(ФОТО) ДУИ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за диктатура
Наскоро паричниците ќе ги замениме со мобилни
Во „Микросам“ врвни експерти по роботика и композити
Убиецот од „Биг Фиш“ останува во притвор
(ФОТО) Итна медицинска помош доби 69 нови возила
Златна зора како граничари на преминот Дојран
Независна Шкотска автоматски ќе стане членка на ЕУ
(ФОТО) Њујорк се соочува со недостиг на гориво и храна
Владата со нови мерки за развој на бањскиот туризам
Новиот Буџет нема да биде поголем од годинешниот
Писмо со сочуство од Иванов до Обама за настраданите во ураганот Сенди
Орав - Никој нема гаранции што ќе се случи во декември
Mетеоролозите најавуваат нова бура во САД
Грчкиот новинар ослободен од обвинувањата
Амандманите за Законот за бранители пред Комисијата за труд
Не помина интерпелацијата за претседателот на РКЕ
Реконструиран паркингот спроти „Нова Македонија“
„Мојот ум не размислува за перење пари“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Опозицијата ја обвини Регулаторна за нетранспарентна работа
Почна електронското полагање на возачки испит
Потврдена затворската казна за Панде Лазаров
Министерот барал списоци на лекарите штрајкувачи?
Амандманите на Законот за бранители доставени до пратениците
Иванов до Плевнелиев - Сакаме да разговораме за иднината
Битолчанец собра печурка за Гинис
Пожар во фабриката на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу
Јавниот сектор ќе стави рака врз граѓанскиот
Обвинувањата на Софија за добрососедските односи се нереални
Попоски - Подготвен одговорот на грчкиот Меморандум
Мобилни шалтери за даночни услуги
Храбар старец избрка разбојници
Февруарските пензии „подебели“ за 550 денари за сите пензионери
Николиќ - Време е за решение за Косово
Изгубен клуч што отвора 180 ќелии во белгиски затвор
Хилари Клинтон допатува во Тирана
Четири лица повредени при престрелка на Универзитетот на Јужна Калифорнија
Бесплатни прегледи во Систина Офталмологија
Уште еден новинар уапсен во Грција за тајни сметки
Собранието ќе расправа за интерпелација на претседателот на РКЕ
Стартува примената на електронската здравствена картичка
(ФОТО) Најмалку десет загинати во експлозијата во Ријад
Бројот на жртви од Сенди се искачи на 74
Филе како „ѕид за плачење“ за Софија
Клинтон се сети на Стенковец, не и на Македонија
Папандреу избркан од ресторан во Берлин



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 11°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 19°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (43)
Дилемите по шлаканицата . Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |