04.11.2012, 16:56 Раиконен го освои Абу Даби
Зад Раиконен на втората позиција заврши Фернандо Алонсо од Ферари, бранителот на титулата Себастијан Фетел заврши на третото место
Кими Раиконен е победник на трката за Големата награда на Абу Даби. Некогашниот светски шампион во Формула 1 и возачот на Лотус Рено 55-те круга на патеката „Јас Марина“ ги извозе за 1:45:58:667 часа, правејќи ја борбата за титулата уште поинтересна.
Зад Раиконен на втората позиција заврши Фернандо Алонсо од Ферари, бранителот на титулата Себастијан Фетел заврши на третото место.
Победникот во Абу Даби практично го искористи откажувањето на Луис Хамилтон, кој трката ја заврши во 24. круг за ново разочарување пред трансферот во Мерцедес. Британецот се наоѓаше на челото на колоната, но несреќно излезе од патеката, овозможувајќи му на Раиконен да триумфира.
И покрај тоа што Фетел заврши на третото место, сепак ги заслужува сите честитки особено ако се земе предвид дека трката ја стартуваше од последната позиција, а на крајот успеа да се искачи на победничкиот пиедестал и да го задржи лидерското место на генералниот пласман со 255,2 бода, односно десет повеќе од Фернандо Алондо.
Наредната трка е закажана за 18 овој месец, а ќе се вози во Остин - САД, последната трка ќе се вози во Бразил седум дена подоцна. |