05.11.2012, 17:18 Николиќ и Кресоја на списокот за ЕП
Интернационалките Јулија Николиќ од Звезда Звенигород и Драгица Кресоја од француски Хандбал се меѓу 28. ракометарки на поширокиот список на селекторот Гино Стрезовски за Европското првенство што ќе се одржи во декември во Србија. Левиот бек Николиќ по завршувањето на квалификациите објави крај на репрезентативната кариера, но Стручниот штаб на репрезентацијата прави напори да ја разубеди, а не се откажува ни од плејмејкерот Кресоја, која не беше дел од последните неколку акции на националниот тим.
Од ракометарките што настапуваат во странство Стрезовски ги има предвид и десното крило Матилда Атанасоска од германски Вулкандес, средниот бек Билјана Црвенкоска од итали��ански Салерно, Наташа Коцевска од Борусија Дортмунд, како и играчите на турски Бодрум Каликарнас - десното крило Марија Папуџиева и левото крило Весна Мирческа.
Од домашните клубови најмногу кандидати за ЕП има Металург (10), а по него следуваат Вардар СЦБТ (6), Жито Прилеп (4) и Куманово (1).
|