05.11.2012, 10:14 Лазаров: Одигравме најслабо во последните неколку години
Македонскиот капитен, сепак, е оптимист околу пласманот на репрезентацијата на Европското првенство во Данска
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по поразот од Португалија вчеравечер на гостувањето во градот Еспињо, на својата веб страна го пренесе разочарувањето на сите репрезентативци од играта и од резултатот.
- Го одигравме можеби најслабиот натпревар во последните години. Тоа што ни се случи со Швајцарија, ни се повтори и овде во Еспињо. Големи падови во играта не се дозволени за една амбициозна репрезен��ација. Тоа противникот го казнува експресно. Можеби занесени од добрата играта и огромната гол разлика со Швајцарија, потсвесно помисливме дека сме многу силни и покрај проблемите со кои се соочувавме во претходните денови, изјави Лазаров.
Сепак, македонскиот капитен е оптимист околу пласманот на репрезентацијата на Европското првенство во Данска.
- Од овие работи можат да се научат големи поуки. Затоа што ништо не е загубено. Се` уште ние сме големи фаворити за пласман во Данска. На грешките се учи. Ја загубивме „битката“, но не и „војната“ заврши Лазаров. |