Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
06.11.2012, 15:16

Нобеловецот Мо Јан близок со член на Шведската академија?

Пред извесно време се јавија сомневања во однос на пристрасноста на Шведската академија при донесувањето на одлуката за добитникот на Нобеловата награда за литература

Годинашниот добитник на Нобеловата награда за литература, кинескиот писател Мо Јан, е пријател со шведскиот академик Јоран Малмквист. Тоа произлегува од еден предговор, кој Мо Јан го напишал за неодамна објавената книга на Малмквист.

Шведската телевизија пред извесно време јави за сомневањата во однос на пристрасноста на Шведската академија при донесувањето на годинашната одлука за добитникот на Нобеловата награда за литература.

Во тој контекст беше потенцирано дека шведските преводи на книгите на Мо Јан ги направил академикот Малмквист, со што беше поставаено прашање за пристрасен однос, така што Малмквист лично се заложил и работел наградата да ја добие токму Мо Јан.

По повод таквите написи во медиумите, постојаниот секретар на Шведската академија Петер Енглунд ги отфрли споменатите сомневања.

Но, Шведската телевизија денеска објави нови податоци, според кои соработката меѓу Малмквист и Мо Јан е поголема и посеопфатна отколку што досега било познато. Тие двајца се познаваат од поодамна и меѓусебно се нарекуваат пријатели.

Кога Малмквист ја објавил својата последна книга во Кина, „Мојата златна рибичка може да го пее Моцарт“, само неколку месеци пред Мо Јан да стане Нобеловец, предговорот за кинеското издание на акедмикот Малмквист го напишал токму Мо Јан.

Веќе на првата страница во книгата се гледа дека Малмквист и Мо Јан се познаваат мошне добро.

- Тоа што нашиот пријател „Стариот Мо“ е волен да напише предговор за оваа антологија не прави мошне задоволни, наведува, меѓу другото, Јоран Малмквист во својата книга објавена во Кина.


Статијата е прочитана 336 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Концертот на Масимо набиен со емоции
Фестивалот „Синедејс“ ќе понуди 107 филмови
По Сенди, скапоцените ангели шетаа во Њујорк
Монографија за актерот Мите Грозданов
Промовирана книгата „Скопје и Старата скопска чаршија“
Филмскиот фонд распиша четири конкурси
Супер радио влезе во Гинис
„Суперхикс“ ќе упаѓа во средни училишта
Поповиќ ја преболува Северина со Марија Каран
Почнува „Локомоушн“, танц-фестивал за 2.600 евра
Композиторот Елиот Картер почина на 104 години
Изложба на уметникот Владимир Лукаш
(ФОТО) Опасен спот на Елена Ристеска
Киселичка и Коловски настапија на њујоршката сцена
Новиот филм на Владимир Блажевски во Котбус
Џорџ Лукас подарува четири милијарди долари за образование
Почнуваат 21. СКОМРАХИ, посветени на Август Стриндберг
Доделени наградите на „ФАДФ Камера 300“
Проекција на „Трето полувреме“ на американскиот маркет
Краткиот филм „Шумарот“ ја освои Норвешка
„ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Пирамидата во Пјонгјанг ќе биде највисокиот хотел во светот
Филмот за Мајкл Џексон доаѓа во Скопје
Се продава масата на која е напишан романот „Дракула“
Борјан Цанев настапува со Софиската филхармонија
Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе
Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 13°C, Мин: 2°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (46)
Амбициите на Даријана. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
(ВИДЕО) Скопје 2014 во новиот спот на Macedonia Timeless
Главниот фокус во најновиот спот на Macedonia Timeless е општина Центар, односно градбите и спомениците од проектот Скоп...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |