07.11.2012, 15:45 Вардар со предност од Битола
Првата четвртфинална пресметка меѓу Пелистер и Вардар во Купот на Македонија мина во знакот на гостинскиот тим (1:0)
Херојот на „црвено-црните“ е Филип Петров, кој единствената шанса на својот тим во второто полувреме ја претвори во конечните 1:0. По нафрлениот корнер во 79. минута, тој беше најснаодлив во мешаницата пред голот на Пелистер и му донесе минимална предност на шампионот пред реваншот што ќе се одигра во Скопје на 21 ноември.
И покрај дождливото време, на стадионот „Под тумбе кафе“ се одигра интересна средба со шанси на двете страни. Во првото полувреме и двете екипи се најдоа во ситуација да го отворат резултатот, но не ги искористија.
По одлуката на Фудбалскиот сојуз на Македонија и на Министерството за внатрешни работи, дуелот се одигра без вардаровата навивачка група „Комити“. (М.К.)
|