09.11.2012, 12:52 Во Бугарија пронајдена златна ризница стара 2.400 години
Станува збор за тракиска гробница во која имало златен накит и додатоци за опрема за коњи, тијара со релјеф од лавови и фантастични животни, како и четири нараквици и прстен
Бугарските археолози соопштија дека пронашле речиси 2.400 години стара златна ризница во тракиска гробница во северниот дел на земјата.
Ризницата е пронајдена вчера во близина на селото Свештари, 400 километри североисточно од Софија.
Лидерот на тимот Дајана Гергова изјави дека меѓу пронајдените предмети кои датираат од крајот на четвриот или почетокот на третиот век пре�� новата ера има златен накит и додатоци за опрема за коњи, тијара со релјеф од лавови и фантастични животни, како и четири нараквици и прстен.
Тракијците живееле во денешна Бугарија и делови на денешна Грција, Романија, Македонија и Турција, во периодот од 4.000 година пред новата ера до седмиот век од новата ера, кога биле асимилирани од Словените. |