14.11.2012, 17:34 Државата сака да гради аеродром среде Охридско Езеро
Идејата е аеродромот да се гради по пат на концесија или со помош на приватен партнер за што се бараат заинтересирани инвеститори
БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА
На Охридско Езеро ќе се гради аеродром на вода. Државата го опипува пулсот дали има заинтересирани странски и домашни инвеститори кои би влегле во реализација на еден таков проект во градот заштитен од УНЕСКО. Аеродромот би се градел по пат на концесија или со помош на приватен партнер.
Министерството за транспорт и врски вчера објави барање за изразување интерес за учество во меѓународен повик за изградба на нов аеродром на вода на Охридско Езеро. Предвидено е во рамките на целокупниот проект да биде вклучено финансирање, проектирање, изградба, оперирање и одржување на новиот аеродром. Владата, како што се вели во соопштението на Министерството, преку постапка за доделување концесија или договор за воспоставување јавно приватно партнерство ќе избере приватен партнер или концесионер од приватниот или од јавниот сектор, кој ќе биде одговорен за имплементација и реализирање на проектот.
Сите заинтересирани субјекти треба до 10 декември оваа година да достават изјава за интерес со краток опис на активностите на компанијата и копии од оперативните и финансиските извештаи од последните три деловни години.
Во објавеното меѓународно јавно барање е истакнато дека Охридско Езеро и Охрид се прогласени за светско наследство на УНЕСКО и претставуваат најпосетени туристички места во Македонија. Притоа се потенцира дека со изградбата на аеродромот на вода ќе се овозможи подобра поврзаност на Охридско Езеро и Охрид со преостанатите туристички дестинации на Балканскиот Полуостров. Барањето е објавено во домашните и меѓународни печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.
Надлежните очекуваат дека изградбата на аеродром на вода дополнително ќе го зголеми бројот на туристите кои доаѓаат во Охрид, бидејќи ќе им овозможи да патуваат од едно туристичко место до друго. Сепак, од Министерството за транспорт и врски не добивме подетални информации околу тоа на кој потег од езерото точно се предвидува да се гради аеродромот, со какви димензии ќе биде, какви придобивки ќе има државата, на колку години би била доделена концесијата и каков би бил партнерскиот однос со евентуалниот приватен партнер. Исто така, останува нејасно и какви последици ќе има аеродромот врз природната средина и на Охридско Езеро, но и на пошироката околина.
Од намерата на државата се најдоа затекнати и охриѓани. Особено се загрижени екологистите кои се убедени дека евентуален аеродром на вода дополнително ќе го загади езерото и целосно ќе го наруши биодиверзитетот.
„Ова е гром од ведро небо за нас. Ние како екологисти во сите наши и домашни и меѓународни учества на разни трибини постојано сме потенцирале дека покрај колекторот, Охридско Езеро се соочува и со друг проблем, а тоа се пловните објекти. Затоа и сме барале да се забрани употреба на пловни објекти со течни горива, како што е на Женевско Езеро. А, сега излезе ова со аеродром на вода. Не сакаме ни да размислуваме за таква можност, но доколку идејата упорно се турка, сигурно ќе преземеме нешто конкретно. Верувам дека зад нас ќе застанат и охриѓани, но и сите други граѓани, бидејќи Охридско Езеро не е само на охриѓани“, вели Борис Стојаноски, претседател на еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид.
Тој е категоричен дека не смее да се дозволи да се развива туризмот на сметка на се' друго што е поврзано со заштитеното природно богатство на Охридско Езеро. Како пример ја посочува охридската пастрмка, која во последниве години се' повеќе ја снемува не само поради загаденоста на езерската вода, туку и поради бучавата од моторите од пловните објекти. |
|
Статијата е прочитана 4401 пати.
|
Испрати коментар
|
|
м и л ч о, 15.11.2012 00:31:07 | многу цртани романи некои прочитал ,,ама не пораснал ,,лудилото треба да се запре ,,инаку сите ке искукуригаме |
| jovan, 15.11.2012 01:09:14 | I brakata Grim mozat da im pozavidat. Taman pomisliv deka im snemuva idei, koga op, aerodrom na sred ezero. Sto e sledno? Baza na mesecinata? |
| frapirana, 15.11.2012 02:12:17 | Znaci se napraj guzva na postoeckiot aerodrom pa sega terba sred grad da sletuvaat avionite. A so ke mu bucit na Jorge sletuvanjeto i poletuvanjeto? Ili i nego ke go selite? Znaci nasava glupost e von sekoja skala za merenje na glupost. Ni vselenskite dimenzii ne ne sobiraat veke. Bolni luge. Sto drugo da se komentira osven ako ova ne e uste edno podbucnuvanje od strana na mediumite koi navistina terba da se zamislat za ismislicite sto gi objavuvaat. Nekoj navistina moze da dobie vakva luda idea vo nivnoto megalomansko razmisluvanje a so kompleksi na pomala vrednost. |
| Goce, 15.11.2012 02:44:29 | ova e genijalno luda ideja zagaduvane na ohridskoto ezero nisto drugo ohrid si ima aerodrom jas neznam zosto ne go asvaltiraat ezeroto |
| EU, 15.11.2012 03:41:28 | Koj rece deka ima kriza vo MK!? - MK ima preliv na pari, i za kratko vreme Skopje i Ohrid ke go na nadminat Dubaj!. |
| ivica, 15.11.2012 03:57:44 | Abe Ohriganjistava ke mislat deka se vo dubai hehehe |
| Ohrid, 15.11.2012 05:56:04 | Od site komentari ocigledno e deka nikoj nnemat vrska ni pojma sto znacit Aerodrom na voda ,..??? |
| Zika Kuzmanovski, 15.11.2012 06:25:30 | Od ovie nasi novinari i vesnici covek ne moze nisto da razbere. Nekoi vesnici pisuvaat deka ce sei gradi aerodrom a nekoi heliodrom. Kakov aerodrom na voda pri neiskoristen aerodrom na kopno. I za sto ce sluzi toj nekoj heliodrom (za helio baloni)? Prvo neka naucat sto znacat tie poimi. A da ne se slucajno raboti za plan za izgradba na hidrodrom? |
| Mara Popara, 15.11.2012 06:30:15 | Ако некому не му се допаѓа идејата за аеродром на вода, треба да се изгради подводен аеродром. Така ќе бидеме први во светот и по тоа. |
| mile, 15.11.2012 07:41:19 | Мислев има крај на лудилово, ама тоа да ти било на почеток...........дефинитивно не водат лудаци................. |
| ILIJA, 15.11.2012 07:47:47 | Snema kopno vo Ohridsko i Strushko, postoechkiot aerodrom vo Ohrid e prenatrupan pa sea treba i taa prirodna ubavina da se dozapusti e bravo be.
|
| ФЕЛИКС, 15.11.2012 08:04:48 | Аба страшна работа како што се фрапираат првите тројца коментатори.Замислете асфалтна писта среде езеро на која ќе слетуваат Дагласи,Фокери,Боинзи и др. типови на авиони и по некој редок хидроавион.Малку збунува како ќе се превезуваат патниците од авионот до аеродромската зграда.Дал со бродови,дал со хидро автобуси или пистата ќе завршува токму пред влезот на зградата.Инаку сосема непријатна ситуација а богами и опасна.Непријатно е да Трпе и Трпана се капат во бистрите Охридски води и одеднаш авион бап на слетување.А опасно е да евентуално се промаши пистата и отидоа курбан Трпе и Трпана.А можеби и ќе нема писта па по некој хидроавион ќе ни слета на езерото.И тука има опасност оти тој може да закачи некој шпорет,фрижидер или друг вид отпад кој го складираат совесните Охриѓани во езерото. |
| Трпе, 15.11.2012 08:06:04 | Тоа е резултат од шетањето на нашата пропагандна блада.РМ решија да ја направат Дубаи.Добро е тоа, само што неможат да измислат како да има и нафта,тие ја измислија само топлата вода. |
| Saso, 15.11.2012 08:43:03 | Cudni se lugevo,ako nekoj pravi nesto zasto pravi ,ako ne ete go nepravel nisto.Bas ke ve vidam ako pobedi ostatokot dali nepravejki nisto ke vi otvori rabotni mesta ili ke kuka i ke nosi pari vo Svajcarija.Tuku imam predlog za vlasta.Ubavo bi bilo da kupi dva avtobusi amfibii za da moze strancite da go razgledaat Ohrid i od zemja i od voda so edno patuvanje. |
| zoran, 15.11.2012 08:55:10 | znaci vam ne vi e jasno so e heliodrom, samo da se piselo neso i da se pluka po vlasta. Ovoj pa ribite ke izumrele. Epa ajde iselete se od Ohrid i ne go ispustajte izmetot vo ezeroto... |
| Bobi, 15.11.2012 09:28:30 | Nemozam da poveruvam sto procitav vo napisov! Od ova pogolema katastrofa nemozese da smislat. Ekoloshka katastrofa. |
| Miki, 15.11.2012 09:38:23 | Da, ima golema doza na megalomansko ludilo, ama demokratski si go odbravme, neli? A ima i Bogami i apaski racionalno - ke kazat ,,evee, kapitalna investicija,, a parite sto od toa ke napikaat vo dzebovite - na Kipar! Vakva kombinacija na umobolnost i kleptomanija imame videno vo Afrika i Azija - a, da, i vo Romanija! Sepak se nadevam deka Ohrigjani se dovolno silni da mu ja pokazat vratata na toj sto saka da im go unisti Bozjiot dar! |
| Ацо, 15.11.2012 09:53:52 | Тресокот и вибрациите ќе го уништат Езерото (животинскиот свет) a како последица, ќе имате убав аеродром, но без живот - Мртво Море. |
| Преспа, 15.11.2012 10:05:51 | Оти море не го клајте Преспа ќе дојди некој и таму не ради друго ами да го види чудото - исто како езероно Треска. Еден кореанец ме праша кај имало некое езеро Тито што го правел ама со плата од народо. Умрев мислејќи се дур не ми текна кое е. Се израдва чоекот и праша како да иди да го види. Та му кажав. |
| vlado, 15.11.2012 10:26:55 | nema fizibiliti studija, ni studija za vlijanie vrz zivotnata okolina koja ke opravda vakov poteg. ama nema ni IQ vo ministerstvoto... |
| srebre, 15.11.2012 10:29:10 | na aerodromot vo ohrid sletuva po eden avion nedelno pa kakva logika za ova?izgleda vmro naceka epten budali za perenje pari a sto so zaguvanjeto koj budala gradi aerdom na sred ezero pa makar bil i bez pista na voda ezeroto ce bide bara vo koja ni zabi nema da viraat a ne pa turizam,draga vlado ja unistivte mk odete so sto posokoro posto narod e prost moze da go vlecete za nos kako ovci do sto i edno. |
| Ветар и магла, 15.11.2012 10:44:23 | А дали фелчовците ги измерија ветровите? Или мерењето оди заедно со она за карго-ародромот во Штип? |
| лудебит, 15.11.2012 10:46:58 | Феликсе, неможеш на на овој народ даму докажеш, досега беше кука и мотика, се гради само во Скопје еве реши Миле да гради во Охрид и замисли пак нечини. феликсе мора да признаеш дека оваа идеја сепак нее на министер Миле,зашто нсговиот IQ е сомнителен, друг везир ќедае. Иуште нешто Феликсе дали ја платија оние неумни директори на скопските училишта или не, нмора одма нека биде и после изградбата на охритскиот втор аеродром.6382 |
| Kizo, 15.11.2012 10:59:20 | Saso, idi na doktor malce, molim te
|
| доктор психијатар, 15.11.2012 11:12:00 | Ве молиме помогнете, барам еден пациент кој избега пред години од болницата и се издигна во власта и многу сака да троши пари |
| NOVINAR, 15.11.2012 11:16:55 | E OVA E KRAJ.....OD NAJGOLEM BASEN SO PRIRODNA VODA, OHRIDSKO EZERO KE STANE KAKO MEKSIKANSIOT ZALIV - NAJGOLEMA DEPONIJA - KADE E LILJANA POPOVSKA, DEJAN PANOV I DRUGITE DUSEGRIZNICI. SRAMOT!
AKO E DMPNE E DOSTA E! AMAN!!! ZAPRETE GI OSVESTETE SE!
|
| Ohrid 2014, 15.11.2012 11:48:05 | Prijateli ova e patka da imate sto da razmisluvate inaku aku nekoj dade PARI veruvajte mozna e i realizacija? |
| Nekoj, 15.11.2012 12:07:39 | Znachi pomina vesta so niskiot natalitet, pa IQ, sledna glupost za zamajuvanje e aerodrom na voda. I taka dodeka vi izmisluvaat muabeti za tracharenje kupuvaat denovi za kriminalno vladeenje. Ne mi e jasno kako novinarive pagaat na vakvi shtosovi? Sto e so GRcija, so EU pregovorite?? Makedonecot navistina nema kapacitet da razmisluva racionalno. |
| Analiza, 15.11.2012 12:24:12 | Ova so avtobusite amfibii e odlicna ideja. Ima takov avtobus-amfibija vo London i sekogas e poln so turisti i vecito atraktiven samo sto toj vozi niz London i po Temza. Saso, pazi da ne ti ja zemat idejata ovie i da ja pretstavat kako svoja vo predizborna kampanja. Sto se odnesuva do aerodromot na voda da ne e rabotata vo zemjisteto vrz koe se naogja postoeckiot aerodrom, ne znam ne sum od Ohrid no taka mi mirisa, bidejki vo nasiot grad zad se sto se gradi ima matematika so zemjisteto i zatoa tolku kukaa vladata da go dade na upravuvanje na opstinite. Da ne se site analizi analizirani vo Analitiko. |
| zagrizen, 15.11.2012 12:32:56 | Sto IQ ke imase covekov na kogo mu dojde ovaa idea??? Tuku vaka si sedam i si mislam, a da napravat rampa za lansiranje na raketi, taka ke bideme unikatni! A kosmonautite ke se treniraat direkno vo ezeroto, vo specijalni uslovi, em vlaga,em malku vozduh, a ako duvne i vo nevreme.A koga ke se zavrsi proektot e togas ke imame *slatki maki*, bidejki turistite nema da znaat kade pobrgu, dal Skopje 2014,dal raketi da gledaat.Edno e sigurno, ke projadat mekici na Straza,przeni vo teflonski tavi.Felco da go stavat kako glaven na proektot, samo vokolku Baba Evda mu dozvoli.A toj ke satka od Skopje do Ohrid,a mozebi mekicite ke gi zameni so burek!Ke ne bide, definitivno...... |
| Citatel, 15.11.2012 13:07:30 | Namesto pistata na ohridskiot aerodrom da se prodolzi za vkupno 300-400m, pa so toa da se dobie vkupna dolzina od 2850m (dovolna za poletuvanje-sletuvanje na najgolemite sirokotrupni avioni so maksimalni tezini od tipot na Boeing 747,777, ili Airbus 330,340) nasive decinjase zaigrale so idea za aerodrom na voda.Na Ministerot za transport i vrski ne mu trebaat IQ genijalci,za da mu objasnat vo nekolku recenici, deka idejata za aerodrom na voda vo Ohrid e glupost duri i vo forma na idea. |
| Itar Pejo, 15.11.2012 13:11:47 | Ovoj aerodrom ce go gradi istata firma sto go izgradi kargo aerodromot vo Stip. Gradbata ce pocne vednas, samo da se izmerat struite vo ohridskoto ezero. Pari ima: ce se fiansira od osumte milijardi sto gi najavi Gruevski. Ova e samo eden del od golemiot proekt: naskoro ce se najavi gradba nauste desetina vakvi aerodromi: od Prespanskoto pa se do tikveskoto ezero. Izbori se blizat, ovci treba da se strizat. |
| kumanovac, 15.11.2012 13:22:27 | Постои една многу умна народна поговорка која вели,што будала замисли ни локомотива не може да повлече. |
| Ристо Андов, 15.11.2012 13:23:22 | Се ни е тамам, ни фали само уште аеродром на вода, односно, на Охридското езеро за поефикасно да се згадаува! |
| hidroavijatik, 15.11.2012 14:42:21 | Mnogu inteligenten obid da se lapne uste edno (pogolemo) parce od bregot na ezeroto kako i da se dobie dozvola sa plutacki objekti(platformi) po zaobikolen pat. Hidro avioni ke sletuvaat 2-3 godisno ,osven ako nekoj lokalen gazda ne si kupi eden pa da si vrti krukcinja. Kjarot lezi vo pridruznite sodrzini sto ke odat so hidrodromot, sigurno- marina za camci, restoran, bar, mozebi i hotel itnt. Od druga strana nema potreba da ripaat zagrizenite ekolozi impaktot na zivotnata sredina ne e direkten od avionite (koj i taka nema da gi ima) tuku indirekten od se ova sto pridruzno ke se izgradi. Moram da priznaam deka na ovie od stabot kolku i da ne gi sakam im raboti mozoceto. Em mediska koska za glodanje, (kako na vremeto debatata dali ke se gradi aerodrom vo Strumica ili vo Stip -se izgradi li negde?) ,em osnova za dobar biznis. |
| BHC, 15.11.2012 16:02:02 | Zashto ??????? A da,treba da mu se frli na narodot nekoja koska od vreme navreme,da ima shto da grizi i da zaboravi na sekojdnevnite maki shto go machat.Narode!!!! nemoj da se sekirate,Ohritskoto Ezero e pod zashtita na ON ,shto znachi,za bilo shto da se saka da se pravi so tie vodi shto bi se odrazilo pozitivno a pogotovo negativno na florata i faunata vo ezeroto,treba da dadat dozvola ON i Albanija(kako gazda na del od ezeroto)
.Ovie od vladata,vistina se so visok koeficient na idiotizam,ama im ostanalo malce za da gi znaat tie zakoni so koj shto se regulirani megunarodnite vodi vo cel svet .Zatoa,nemojte da se plashite,ova e samo svrtuvanje na vnimanieto od sekojdnevieto. |
| UNESCO, 15.11.2012 17:29:04 | Ohrid grad na listata na UNESCO. A nasiot min ister za transport i vrski kje gradi aerodrom na voda.Ima li od ova pogolema glupost??? A zastitata na vodite, zastitata na ohridskata pastrmka i belvica??? O Boze! Do kade kje se odi so vakvi gluposti? Zar Skopje 2014 ne bese dovolna glupost?????A kako kje se vika aerodromot? Tatarcev ili V.Mihajlov ili pak Todor Aleksandrov.OLELE majko! |
| goran pp, 15.11.2012 18:06:15 | da bideme seriozni, posle ovoj aerodrom sleduva izgrdba i na kosmodrom vo Topolcani, proektot e vo zavrsna faza terenot se ramni a eve veke pocna i da pristignuva najsofisticirana vselenska tehnologija,,,so da ne ne vi se veruva, abe ajde, a isto taka vo fabrikata 11 oktomvri vo Prilep ke pocni da se proizveduva mig 29,, so pak ne vi se veruva abe aj |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Претежно облачно
|
Недела
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 4°C
|
Понеделник
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|