16.11.2012, 13:47 Синдикатот на новинарите со поддршка за маршот на толеранција
Демократскиот капацитет на едно општество се мери со степенот на толеранција на различностите, а улогата на новинарите е да ја поттикнуваат и негуваат. Ова е ставот на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници изнесен по повод по повод 16 ноември, Меѓународниот ден на толеранцијата.
„ССНМ и годинава, како и сите претходни години, го поддржува Маршот на толеранцијата што се одржува во Скопје на 17 ноември. Само почитувањето на правилата на професијата, кои ни наложуваат борба против дискриминација врз основа на раса, пол, сексуална ориентација, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, ни дава право да бидеме дел од глобалната медиумска заедница. Затоа ги повикуваме нашите членови да се приклучат на искажувањето поддршка на Маршот, зад кој стои идејата за општество ослободено од дискриминација од каков и да е вид и во кое почитувањето на човековите права е приоритет“, се вели во изјавата на Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ.
|