19.11.2012, 13:03 Снуп Дог сака да инвестира во Селтик
Снуп на историската победа на Селтик над Барселона со 2:1 во ЛШ, која Род Стјуарт толку многу го возбудила и почнал да плаче, се инспирирал да вложи во Селтик
Американскиот рапер познат по уметничкото име Снуп Дог кој моментално го користи името Снуп Лион, даде до знаење дека сака да инвестира финансиски средства во шкотскиот првак Селтик.
Иако не гледал ниту еден нивни натпревар во целина, Снуп Лион констатирал дека историската победа на Селтик над Барселона со 2:1 во Лигата на шампионите, која Род Стјуарт толку многу го возбудила и почнал да плаче, го инспирирала на вложување во Селтик.
- Имам голем интерес за фудбалот. Не е новина некоја позната хип-хоп ѕвезда да сака да вложи во некоја спортска екипа. Не го гледав целиот натпревар со Барселона, но ги видов најинтересните моменти. Знам колку Барселона е голема, но сега и Селтик покажа дека е голем. Видов колку навивачите се страствени. Заинтересиран сум да вложам во Селтик ако некој сака да продаде дел од својот удел. Не сум размислувал колку пари би вложил. Не ми е амбиција да водам фудбалки клуб, но би сакал да имам доволно удел за да се слуша и мојот глас, рече Снуп Лион.
Раперот се фотографирал во дресот на Селтик уште во 2005 година и за тој клуб се распрашувал кај неговиот пријател Дејвид Бекам. Тој има и свој омилен играч.
- Тоа е Јоргос Самарас. Тоа е многу опасен играч и многу ми се допаѓа неговата игра. Ќе мора и понатаму добро да игра, доколку сакаме да стигнеме далеку во Европа, изјави Снуп Лион. |