19.11.2012, 21:30 Лука Банки во игра за селекторското место
Италијанецот е еден од најсериозните кандидати за превземање на селекторското место во нашата најдобра кошаркарска репрезентација
Станува збор за искусно тренерско име кое во моментов е актуелен стратег на Монтепаски Сиена. Лука Банки во Италија има важна улога за создавање на најдобрите потенцијалните играчи во оваа земја, до сега го има водено јуниорскиот национален тим на Европското првенство 1996 година во Атина и Светското првенство во Франција 1995 година, како и уште неколку шампионати.
Тренерската кариера започнал да ја гради во јуниорскиот тим Гросето, по што одр��ден период водел второлигашки екипи, за во 2006 година да стане помошник на Симоне Пианиџиани во таборот на Монтепаски Сиена.
Според наши извори, првите луѓе на македонската кошаркарска федерација се уште немаат разговарано со Италијанецот на кого ќе му бидат понудени истите услови како на претходните селектори без разлика што станува збор за странец.
Дали Македонија на евробаскетот во Словенија ќе ја предводи Банки зависи од него. (М.К.)
|