18.11.2012, 11:44 Манчестер и Челзи фатени во замка
„Граѓаните” го искористија киксот на ривалите и со убедливите 5:0 над Астон Вила се искачија на врвот од табелата
Ентони Пелкингтон се вика човекот кој го урна моќниот Манчестер Јунајтед во меч на кој домашниот Норвич со конечните 1:0 ја наптрави сензацијата број 1 во 12. коло од Премиерлигата. Интернационалецот од Република Ирска во 60 минута ја тресеше мрежата на „ѓаволите” кои на ова гостување настапија без Вејн Руни. Избраниците на Алекс Фергусон вообичаено ја имаа иницијативата, поседот на топката и шансите но најтрофејниот англиски не само што го загуби мечот против големиот аутсајдер туку во текот на целиот меч гостите одиграа веден од ретките дуели на кои не ја погодија противничката мрежа.
„Овај пораз не ни требаше. Не сега по една добра серија во која влеговме и кога победувавме екипи далеку посилни од Норвич”, истакна разочараниот Фергусон по мечот во Норвич каде неговите фудбалери претрпеа неочекуван пораз.
Со овој кикс Јунајтед ја загуби лидеската позиција каде се искачи нивниот градски ривал и шампион, Манчестер Сити. Популарните „граѓани” остануваат единствената екипа без пораз во ова сезона а на врвот се искачија со стил, по ефектната понбеда од 5:0 против очајната Астон Вила. Давид Силва многу касно, во 43. минута го скрши отпорот на гостите а во вториот дел Аргентинците Тевез и Агуеро постигнаа по два погодоци.
Во губитничка стапица во ова коло се фати и Челзи. Тимот од Лондон со 2:1 е поразен на гостувањето кај Вест Бромвич Албион. За домашните не настапи нашиот Горан Попов кој беше на клупата. Тимот од Бирмингем имаше водство од 1:0 уште во 10 минута, Хазард израмни на 1:1 во 39. Минута но Питер Одемвинге, најдоброт играч на теренот во 51 минута постигна голвреден три бода за „канаринците” кои му нанесоа сериозен удар на гостинот од „Стемфорд Бриџ”.
„Ова не треба да биде изненадување. Ние сме тим кој по 12 кола е меѓу најдобрите 4 на табелата И на нас ни личи да победуваме екипи од самиот врв на табелата”, истакнува нигерисиот голгетер Одемвинге о дуелот со „сините” од Лондон.
Како увертира на ова коло беше лондонската пресметка на Арсенал и Тотехнем. Прекрасен фудбал, многу драма и дожд од голови. Дури седум од кои пет во мрежата на гостите. Тотенхем со погодокот на Адебајор во 10 минута како да ги налути „топџиите” кои од шокот се вратија мнмогу брзо и постигнаа 5 гола во серија за убедлива победа над градскикот ривал.
Во ова коло Ливерпул стигна конечно до една лесна и очекувана победа од 3:0 над Виган а КПР со новиот пораз остана “закован” за дното од табелата со што е единствениот клуб без победа по 12 одиграни кола. Резултатската криза сеуште го тресе Њукасл кој е далеку од ланските остварувања.
Ветераните се враќаат во Лондон
Тјери Анри легендата на Арсенал му донесе среќа на својот тим И Арсен Венгер на дуелот со Тотехнем. Французинот беше на „Емирати” во Лондон да ги гледа своите „топџии” но и да ги договори деталите околу неговата позајмица од САД И враќањето на неколку месеци во редовите на Арсенал.
Покрај Анри уште ден легендарен голгетер би можел да се врати во Лондон но во екипата на Челзи. Станува збор за Дидие Дрогба кој во саботата го раскина договорот со екипата на Шангај Шенхуа од Кина. Дрогба е добредојден во Челзи но за него интерес има и од екипите на Реал Мадрид и Марсеј.
Премиерлига 12. коло: ВБА - Челзи 2:1, Норвич - Манчестер Ј. 1:0, Ливерпул - Виган 3:0, Арсенал - Тотенхем 5:2, Манчестер С. - Астон Вила 5:0, Њукасл - Свонси 1:2, КПР - Саутемптон 1:3, Ридинг - Евертон 2:1. |