19.11.2012, 13:57 Најмногу се бараат евтините кредити
Нови 43 проекти на македонски компании очекуваат поддршка од кредитната линија од 100 милиони евра во Европската инвестициска банка. Барањата се во тек на одобрување, а износот кој го побаруваат е 15 милиони евра.
Од вкупниот износ досега се повлечени 22,3 милиони евра со кои се поддржани 101 проект, од кои 79 отсто се долгорочни инвестициски кредити, а другите за обртни средства.
Фирмите ги добиваат средствата по камата од 5,5 проценти, со рок на отплата од осум години и грејс-период од две години кога станува збор за инвестиција и три години рок на отплата за обртни средства. Околу 70 отсто од кредитната линија е наменета за малите фирми, а 30 проценти за големите капацитети. Владата најави дека по искористувањето на оваа кредитна линија ќе бидат обезбедени дополнителни средства. (Ек.Р.) |