16.11.2012, 09:45 ЦИА почна истрага за Дејвид Петреус
ЦИА соопшти дека почнала истрага за однесувањето на поранешниот директор Дејвид Петреус, кој поднесе оставка минатата седмица, по обелоденувањето на љубовната афера.
„Во ЦИА ние постојано правиме преглед на своите дејствија. Ако можеме да извлечеме поуки од овој случај, ќе ги искористиме за подобрување на работата“, изјави портпаролот на Агенцијата.
„Но немаме намера да ги надминуваме своите надлежности, така што од истрагата не можат да се очекуваат некакви последици“, додаде портпаролот.
Директорот на највлијателната разузнавачка служба на САД поднесе оставка на 9 ноември, признавајќ�� дека имал врска со Пола Бродвел, која ја пишувала неговата биографија.
Засега не се прецизира во што се состои истрагата на главниот инспектор на ЦИА. |