Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.11.2012, 16:48
Америка задоволна од одговорот на меморандумот



Според амбасадорот Волерс, позитивно е одговорено на некои од прашањата, иако не е на сите, но пораката и од грчка страна била дека не станува збор за документ „земи или отфрли“

Слободанка Јовановска

Прилично добар- е оценката на амбасадорот на САД, Пол Волерс, за одговорот на грчкиот меморандум што го испрати шефот на дипломатијата, Никола Попоски, неодамна.

Според Волерс, во него е позитивно одговорено на некои од прашањата, иако не е одговорено на сите, но пораката и од грчка страна била дека не станува збор за документ „земи или отфрли“. „Добро е д�� има дијалог меѓу Македонија и Грција“, заклучи Волерс на денешната прес-конференција, генерално оценувајќи дека за него ова е добар чекор. Американскиот амбасадор ја поздрави и најавената средба во Њујорк на медијаторот Метју Нимиц со грчкиот и македонски преговарач, бидејќи како што оцени средба немало долго време, но не сака да предвидува што може да резултира од неа.

Запрашан околу слободата на медиумите во Македонија, со оглед на претходните критики од американска страна дека постои загриженост на овој план, Волерс го спомна прифаќањето на законот за декриминализација на клеветата, но јасно посочи дека работата со тоа не е завршена, и дека САД и натаму ќе ги следат спорните прашања околу финансирањето на медиумите, сопственичката структура и притисоците.

„Треба да видиме како ќе се имплементира измената на законот. Но ова е добар чекор“, порача Волерс. Тој не сака да лицитира дали САД или Турција се најдобар пријател на САД, откако новинарите му посочија дека со првата земја македонскиот државен врв имал повеќе средби на високо ниво а државната секретарка Хилари Клинтон ја избегнува постојано Македонија. Според него Клинтон имала многу згуснат календар и посетувала земји во кои имало итни прашања за решавање. „Не се тркаме со Турција кој е најдобар пријател на Македонија. Сакаме земјава да ги исполни критериумите и да влезе во ЕУ и НАТО. Сакаме Македонија да биде најдобра што може“, изјави Волерс.

Според него исходот од изборите во САД нема да има влијание на односите со нашата држава и дека двете земји остануваат пријатели и партнери, но кога беше прашан дали истите чувства ги дели и Македонија кон САД одговори - се надевам.

Статијата е прочитана 1470 пати.

Испрати коментар



Во Словенија протести поради мерките за штедење
ЕУ го поздрави приемот на Косово во ЕБРД
Скопјанецот Чак доби кривична за разбојништво и обид за кражба
Владата со протест и осуда што Орав користеше „славомакедонци“
Уплатите за такси и услуги ќе се вршат со платежни картички
Во несреќа во Египет загинаа 47 деца, оставка на министерот
Ван Ромпуј лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува
Иванов - Средбата на Нимиц со преговарачите е позитивен чекор
Во воздушните напади погодено седиштето на Хамас
Пападакис - Грчкиот меморандум е очаен обид за глумење конструктивност
Ромпуј - Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ
Иванов - ЕУ ни е потребна како мировен проект
Дебата во МАНУ - Толерантноста не е нерешителност
„Катимерини“ - Филе затрчан по датум
Над 400 телевизиски програми со дигитализацијата
Стасува последната тура двокатни автобуси
Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган
Полицајци од седум земји вршат контроли на Богородица
СДСМ бара да се поништат вработувањата четири месеци пред изборите
Деветмина уапсени за дубари со нафта
Синдикатот на новинарите со поддршка за маршот на толеранција
Моштите на кралот Ахмет Зогу Први вратени во Албанија
Николиќ - Ослободителната пресуда ќе отвори стари рани
Македонски брачен пар упасен за шверц на сканк во Црна Гора
Во Газа убиен 11-месечниот син на дописникот на Би-Би-Си
Вестервеле - Хамас е одговорен
(ФОТО) Славје на улиците на Загреб по ослободувањето на генералите
Реакции во Србија - Скандал полош од неправда
Филе ја поздрави декриминализацијата на клеветата
Судот во Хаг ги ослободи Готовина и Маркач
Франција - темпирана бомба во срцето на Европа
Иванов на конгресот „90 години Пан-Европа“ во Виена
ЦИА почна истрага за Дејвид Петреус
Тричасовен прекин на израелската офанзива врз Појасот Газа
Зошто ВМРО-ДПМНЕ веднаш го посочи Бучковски?
Македонско-бугарски консултации за ЕУ
Три години затвор за несреќата на „Пливалиште“
Неготинецот што ја закла мајка си, испратен на лекување во Бардовци
(ВИДЕО) Демонстранти нападнаа германски дипломат во Солун
Пациентите нагрнаа, дел од лекарите штрајкуваат
САД загрижени од политичките поделби во Македонија
(ФОТО) Награди за најдобрите архитектонски решенија



pile, 15.11.2012 22:56:59
„Добро е да има дијалог меѓу Македонија и Грција“, (G-din Pol Volers) Sekoj seriozen i iskren prijatel na dvete sosedni zemji posakuva konstruktiven dijalog za nadminuvanje na odreden spor, a posebno ako apsurdniot spor opstojuva poveke od dve decenii i neosnovano e uslov za zastoj na patot na R.Makedonija na patot na evrointegraciite na zemjata so izdignuvanje na nivo na regionalen bezbednosen problem.Dali dijalogot v-s memorandumot dostaven od stran ana MNR na Sosedna Grcija e konstruktiven ili e sinhroniziran cin za pokazjuvanje na muskuli kon R.Makedonija od strana na zemja clenka vo EU i EU koja preku Cehot dostavi usloven pozitiven izvestaj so preporaka za datum za pregovori.Vo takviot cin ne gledam nikakva konstruktivnost nitu pak prepoznatliva Amerikanska pragmaticnost za nadminuvanje na apsurdniot spor.Potvrda za neseriozniot memorandum-predlog dogovor za revizija na VS od 1995 godina, nisto ne se razlikuva od izjavata na G-din Papuljas deka Grcija i Srbija se dve sosedni ,

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |