Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.11.2012, 15:24
Над 400 телевизиски програми со дигитализацијата



Квалитетен сигнал и дополнителни сервиси најавуваат надлежните инсттиуции со воведувањето на дигитализацијата од следната година

Над 400 телевизиски канали, квалитетен сигнал и дополнителни сервиси треба да овоможи процесот на дигитализација кој што треба да се воведе од 1 јуни идната година. Со тоа македонските граѓани ќе ја следат телевизиската програма преку дигитален сигнал, но ќе добијат и зголемена понуда на телевизиски програми, која надлежните најавуваат дека треба да се збогати од сегашните 49 на 400 програми.

Претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, Советот за радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации и телевизиите што ќе добијат пренос на сигналот на национално и регионално ниво, денеска дебатираа околу претстојните активности до стартот на дигитализацијата во земјава.

Компанијата ОНЕ е избрана за оператор што преку два мултиплекса  со дигитален сигнал ќе ги емитува сервисите на комерцијалните национални и регионални телевизии за надомест што ќе го утврди.СРД  наскоро треба да усвои план за намена и распределба на  радиофрекфенции на дигиталниот терестријален мултиплекс, а АЕК  ќе има целосна регулација односно ќе ја утврдува оправданоста на цената што ќе ја нуди ОНЕ. Операторот веќе исплатил 300.000 евра за дозволата за оперирање со мултиплексите, а со милион евра гарантира дека ќе постави мрежа и опрема за дигитализацијата.

Според министерот за информатичко општество, Иво Ивановски ќе се овозможат и  нови формати на медиуми и нов начин на пристап до корисниците. „Тој процес треба да се одрази и на квалитетот на содржините што ќе ги нудат телевизиите затоа што  се надеваме дека конкуренцијата ќе биде многу поголема и граѓаните ќе имаат поголема можност за избор“, оцени Ивановски.

Според претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски, веќе е изработен нацрт-планот за намена и распределба на  радиофрекфенции на дигиталниот терестријален мултиплекс, што ќе биде усвоен наскоро како стратешки документ.

„Спремни сме да им помогнеме на медиумите во преминот од аналогно кон дигитално емитување и сметам  дека моментно не постојат никави пречки“, вели Трајчевски. Надоместот за преносот, што телевизиите ќе го плаќаат  на операторот ќе зависи од операторот и од договорот што ќе се постигне.

Краен рок за исклучување на аналогното емитување на телевизиските содржини во Европа е 2015 година, а го утврди Интернационалната телекомуникациска унија. Обврската за дигитализација  е меѓународна, но сепак секоја земја одлучува за начинот на кој ќе премине кон дигитално емитување.

Статијата е прочитана 1609 пати.

Испрати коментар



Во Словенија протести поради мерките за штедење
ЕУ го поздрави приемот на Косово во ЕБРД
Скопјанецот Чак доби кривична за разбојништво и обид за кражба
Владата со протест и осуда што Орав користеше „славомакедонци“
Уплатите за такси и услуги ќе се вршат со платежни картички
Во несреќа во Египет загинаа 47 деца, оставка на министерот
Ван Ромпуј лично ќе се заложи за она што Македонија го заслужува
Иванов - Средбата на Нимиц со преговарачите е позитивен чекор
Во воздушните напади погодено седиштето на Хамас
Пападакис - Грчкиот меморандум е очаен обид за глумење конструктивност
Ромпуј - Приклучувањето на балканските земји е приоритет на ЕУ
Иванов - ЕУ ни е потребна како мировен проект
Дебата во МАНУ - Толерантноста не е нерешителност
„Катимерини“ - Филе затрчан по датум
Стасува последната тура двокатни автобуси
Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган
Полицајци од седум земји вршат контроли на Богородица
СДСМ бара да се поништат вработувањата четири месеци пред изборите
Деветмина уапсени за дубари со нафта
Синдикатот на новинарите со поддршка за маршот на толеранција
Моштите на кралот Ахмет Зогу Први вратени во Албанија
Николиќ - Ослободителната пресуда ќе отвори стари рани
Македонски брачен пар упасен за шверц на сканк во Црна Гора
Во Газа убиен 11-месечниот син на дописникот на Би-Би-Си
Вестервеле - Хамас е одговорен
(ФОТО) Славје на улиците на Загреб по ослободувањето на генералите
Реакции во Србија - Скандал полош од неправда
Филе ја поздрави декриминализацијата на клеветата
Судот во Хаг ги ослободи Готовина и Маркач
Франција - темпирана бомба во срцето на Европа
Иванов на конгресот „90 години Пан-Европа“ во Виена
ЦИА почна истрага за Дејвид Петреус
Тричасовен прекин на израелската офанзива врз Појасот Газа
Америка задоволна од одговорот на меморандумот
Зошто ВМРО-ДПМНЕ веднаш го посочи Бучковски?
Македонско-бугарски консултации за ЕУ
Три години затвор за несреќата на „Пливалиште“
Неготинецот што ја закла мајка си, испратен на лекување во Бардовци
(ВИДЕО) Демонстранти нападнаа германски дипломат во Солун
Пациентите нагрнаа, дел од лекарите штрајкуваат
САД загрижени од политичките поделби во Македонија
(ФОТО) Награди за најдобрите архитектонски решенија



девичанецот, 16.11.2012 17:44:36
Зарем на Оне, пак ќе му плаќаат претплатниците? А зошто постои радиодуфузна такса? Во овој случај, на сите што плаќаат радиодифузна такса, а имаат само аналогни приемници, МРТВ потребно е да им обезбеди барем по еден дигитален приемник бесплатно.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |