16.11.2012, 12:44 Вестервеле: Хамас е одговорен
Одговорност за ескалацијата на насилствата на Блискиот Исток имаат припадниците на исламистичкото движење Хамас, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле.
„Причина за таа ескалација се ракетните гранатирања од Појасот Газа од страна на Хамас кои предизвикаа значителни штети и жртви во Израел“, изјави шефот на германската дипломатија.
Вестервеле повика на прекин на огнот.
Бројот на палестински жртви од израелската офанзива која почна во средата е 20 луѓе, откако 19-годишно момче загина од воздушен напад во Појасот Газа. Тим на телевизијата „Ројтерс“ денеска беше погоден од проектил испукан од Појасот Газа, но нема жртви. |