18.11.2012, 12:16 Обама пристигна во Бангкок
Претседателот на САД Барак Обама денеска пристигна во Бангкок, каде ја започнува својата турнеја во рамкиоте на која ќе посети три азиски земји.
Ова е прво патување на Барак Обама во странство откако беше реизбран на функцијата претседател на САД. Се очекува тој да разговара со тајландскиот премиер Инглук Шинаватра.
Американскиот претседател утре заминува за Јангон со цел да изрази поддршка на политичките реформи на Мјанмар.
Турнејата на Обама ќе заврши со учество на самитот во Пномпен, Камбиџа на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН). |