Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.11.2012, 16:17

Интервју - Бучковски прв почна да го дели СДСМ

Не го насочи Црвенковски „мечот“ кон неистомислениците, туку некој се обидува брутално и безобѕирно, да ги урива политиките на опозицијата, вели секретарот на СДСМ, Андреј Петров

Александра М. Митевска


По толку време повторно го отворате случајот со Телеком, кој е од времето на Владата на Владо Бучковски. Зошто токму сега?

СДСМ неколку пати претходно го отвораше случајот Телеком, а во парламентот пред неколку години имавме и пратеничко прашање на таа тема. За нас е особено битно овој случај, од времето на владеење на СДСМ да се расчисти, бидејќи борбата против криминалот и корупцијата мора да биде неселективна, а ние сакаме и сега како опозиција, но и како идна власт- јасно да ставиме на знаење дека така ќе биде. СДСМ на тој начин ќе се исчисти од една дамка што ја носи од времето кога бевме на власт. Клучното прашање не е зошто токму сега СДСМ го отвара овој случај, туку зошто власта не постапува по очигледен случај на криминал кој е документиран од страна на американските правосудни органи, во кој се поткупени членови на македонската влада, со скоро пет милиони евра, поради што Дојче телеком плати отштета од 95 милиони евра, признавајќи го стореното дело. Ние поднесовме пријава против непознат сторител, но она што нас не' зачудува е што наместо да реагира обвинителството, се јави ВМРО - ДПМНЕ, а непознатите сторители за нас, за владејачката партија биле познати луѓе со име и презиме. Притоа, нас не' обвинуваат за внатрепартиска пресметка. Не е воопшто битно за граѓаните дали ова е внатрепартиска пресметка или не, туку зошто за докажан криминал во 2005 и 2006 година, каде на членови на македонска влада им е исплатено мито од 4,8 милиони евра, никој не одговара.



Се сомневате ли дека Бучковски стои зад независните кандидатури кои можат да го расипат целиот проект на Црвенковски за обединување на опозицијата?

Независните кандидатури не можат да го расипат проектот на здружена опозиција. Искрено, не знам дали тој стои зад тоа. Но, знам дека агресивната, секојдневна критика врз опозицијата, во ваква ситуација, ќе биде срамен чин, запечатен во биографиите на многу луѓе и тука некој дефинитивно ќе го изгуби образот, а тој нели, не се враќа. Не го насочи Црвенковски „мечот“ кон неистомислениците, туку некој се обидува брутално и безобзирно, крајно егоистично, да ги руши политиките на опозицијата, дискредитирајќи ја нашата макотрпна работа. Од темел ја обновивме партијата. Затекнавме растурен систем, со 18 пратеници во парламентот, со само 6 градоначалници и со освоени- нешто повеќе од 200.000 гласови. Тоа не е вина на новото раководство, туку на синонимите за аздисано владеење на СДСМ, кои денес без трошка срам излегуваат во јавноста, со критики упатени кон нас. За три години речиси ја дуплиравме поддршката кај народот и на локалните избори, според анкетите, имаме реални шанси да освоиме многу градоначалници.

Инаку, кога зборуваме за пресметката со неистомислениците, токму Бучковски прв го прогласи Тито Петковски за предавник во 2005 година и со тоа почнаа поделбите во партијата. Тоа доведе подоцна до серија порази на СДСМ и значеше прекин на интеграциите на земјата во НАТО и ЕУ, но и воведување на национал-романтизмот, како алтернатива.



Бучковски тврди дека сте нервозни и свесен дека Сојуз за иднината не е доволно моќен да им се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски?

Ниту сме нервозни, ниту сме исплашени. Според трендовите, СДСМ ќе ги добие парламентарните избори кога и да се одржат. Пред изборите 2011 година сите анкети и даваа од 2 спрема 1 до 3 спрема 1 предност на владејачката партија, а изборите завршија со резултат 1,19 спрема 1. Тесно победија. И тоа со „иље“. Според проценките, околу 100.000 гласа за власта, не беа резултат на волјата на гласачите, туку на трошењето од државната каса и на притисок. СДСМ, за разлика од нив, водејќи сметка за државата, парите од продажбата на ЕСМ им ги остави во касата и не ги чепна пред изборите во 2006. Тие и нив ги поарчија, а пред секои избори се задолжуваат со нов кредит. При тоа 70.000 опозициски гласови пропаднаа во „бунар“.Мислам на гласовите на партиите од т.н. Пелистер -коалиција, кои сега, заедно со нас, се дел од „Сојузот за иднината“. Сега, кога според најновите анкети на реномирана владина агенција на најмоќната држава во светот, разликата е во рамките на статистичката грешка меѓу двата блока, огромна е шансата на опозицијата да победи, а времето работи за нас, односно против власта. Видете, Бучковски доби се' од СДСМ, беше премиер на државата, претседател на партијата, министер за одбрана, и тој најмалку има право да ја критикува сопствената партија. За жал, најдоследни членови на СДСМ останаа оние кои никогаш ништо не добија, а вложија и се' уште вложуваат многу труд. Заради нив имаме обврска да победиме. И така ќе биде.



Бевте близок соработник со Бучковски, како дојде до толкаво разијдување?

Немам јас разијдување со него, тој се разијде со СДСМ. А мене СДСМ ми значи многу повеќе и од номинално втората позиција во партијата во моментот. Не можам да го прифатам фактот дека сега кога се вклучија да помогнат во оваа политичка битка на Давид и Голијат, и довчерашни наши лути противници, токму тој е дежурниот критичар на опозицијата. Јас не се променив. Истиот сум. Еден од оние кои му помогнаа да стане претседател на СДСМ. Единствениот избран градоначалник на СДСМ во Скопје во 2005 година, кој ја спаси честа на тогаш владејачката партија, победувајќи убедливо на мнозински избори. Го водев неговиот изборен штаб во 2006 година во Првата изборна единица. Според него, во тоа време бев најдобриот претседател на ЗЕЛС. Тој јавно во 2007 година, зборуваше за мене дека сум перспективата на СДСМ. Денес сум му една од дежурните мети во СДСМ. Веројатно, затоа што не сум од оние кои зборуваат во безимена форма јавно, а зад затворена врата фрлаат дрва и камења. Неговото дејствување му нанесува штета на СДСМ, а и овозможува на власта да ја пренасочи дискусијата од економската мизерија во земјата, на критиките кон опозицијата и нејзините политики. Денес ако сакаш да и се допаднеш на власта, критикувај го СДСМ дека нема програма и дека излегол од идеолошката рамка, а раководството дека нема капацитет. Тогаш си "аналитичар".



Зошто Црвенковски не се обиде да го амортизира незадоволството кај поранешните функционери на СДСМ, за да спречи одлевање на гласовите?

Црвенковски и СДСМ го направија невозможното во овој период. Ја обединија целата опозиција во земјата. Подадовме рака за сите. Многу луѓе се вклучија и се вклучуваат во активностите на партијата. Поранешни функционери на партијата, министри, кои се активираа во советите на партијата, во општинските организации, некои дури и во месните одбори. Вратата е отворена за сите и понатаму. Предуслов е да има искрена волја да се помогне, без уцени и калкулации. Секој оној, кој во овој момент ќе се обиде да излезе со независна листа, при тоа крадејќи дел од брендот на СДСМ, а свесен при тоа дека за себе не може ништо да направи и на СДСМ само штета му нанесува, за нас е од другата страна на барикадата, со ВМРО ДПМНЕ. Искрено, почесно ќе биде или да формираат партија и да се испробаат на избори или да го облечат портокаловиот дрес.



Со какви механизми располага СДСМ за да се спротивстави на независните кандидатури кои можат да го раситнат опозициското салдо на изборите?

Доколку се обидат да искористат некој од симболите на СДСМ, кои се заштитени како сопственост, ќе се соочат со сите законски механизми кои ќе бидат искористени од наша страна и сега и во иднина. Зошто само од СДСМ се прави обид за формирање т.н. независни листи? А со кој друг да се занимаваат? СДСМ со Сојузот за иднината е единствениот ривал на ВМРО ДПМНЕ кој што може да ги порази. Тоа е повеќе од јасно.



Во кои општини сметате на сигурна победа на опозицијата на локалните избори?

СДСМ ќе победи во поголем број општини, големи градови, но и рурални средини. Нема место каде нема да се бориме за победа. Нудиме квалитетни луѓе. Голем дел од нив веќе ги претставивме во јавноста. Овој пат направивме сериозни анализи на гласачкото тело и излегуваме со кандидатите многу порано од вообичаено. Нашите противници немаат ниту еден кандидат промовирано, а секојдневно слушаме низа критики за нашите кандидати.


Статијата е прочитана 2694 пати.

Испрати коментар



Газдите исплаќаат половина од минималецот
Министрите пак на испит кај Груевски
Нимиц денес ќе ги одмрзнува преговорите
Ќе ги издржи ли Кичево локалните избори
Георгиевски се заканува



stefan, 19.11.2012 00:08:45
ne go potcenuvajte buckovski,moze da napravi dobar rezultat ako izleze so nezavisni listi!jas bi glasal za nego!
Tozo, 19.11.2012 00:47:38
Volku gluposti se nemame nacitano, koga vo mart pak ke izgubata pak neka dade vakva izjava i pak neka mu se krivi drugite.
sdsm vistinska, 19.11.2012 00:50:47
jas buckovski go preziram i ne go poddrzuvam, ama vie so vasite kalkulacii i biznis interesi napravivte los izbor na kandidati kako na parlamentarnite taka i na lokalnite izbori koi ve kostaat poraz. zalosno e sto sdsm ke izgubi zaradi vasata arogancijata i goleminata na branko koj se ponasa sprema svoeto clenstvo uste sega kako gospod a ne koga ke pobedi edinstveno sto napravivte e veselata matematika so glasovite na pelister koalicijata i smesnoto setanje po kukite. gospoda gi gresivte kandidatite, narodot ke vi go kaze toa na izborite a vie podgotvete se za kraj na vasite politicki karieri
eks-sdsmovec, 19.11.2012 06:56:32
delbite vo sds pocnaja koga pokraj se pocnavte da go kradite i da ne go stitite vaseto clenstvo,go podelivte na korumpirano i arogantno rakovodstvo i clenstvoto koe mislevte deka e mutavo i preku negovata diciplina ke gi kriete vasite valkani raboti.
ФЕЛИКС, 19.11.2012 07:51:57
Има еден куп нелогичност во однесувањето кон г-дин Бучковски.Како прво во интервјуто се разоткри кој е ,,непознатиот сторител,, а пред 1-2 дена г-дин Петров беше ,,запрепастен,, со тоа како власта знае кој е ,,непознатиот сторител,,а демек неговата партија нема поим.Се напаѓа власта за режимско однесување,во исто време се спроведува каудиљо чистка со неистомислениците. Нелогично е да се правеше ,,лежеќи жив ѕд,, од кој Евдини и др.ајван следбеници добија ишијас,реума и др.болести од лежењето на ладниот бетон,а во функција на одбрана на г-дин Бучковски.За сега да истите говорат,,го знаеме каков е,тенковските делови се доказ за тоа,,И на крај мислам дека и г-дин Петров ќе ја осети внатрешно партиската демократија на своја кожа,ако остане доследен во понесување на одговорност на сите за изгубените мартовски избори,а преточени како барање на партискиот конгрес во мај.
bisera, 19.11.2012 08:43:11
Odlicno napisano, se nadevam deka i koga ke bidete vlada nema da zaboravite sto kazuvavte. Za Bucko, nema sto da se kaze. Ne e za zalenje so tolku pari
stojko, 19.11.2012 09:59:27
Gospodine Petrov, dobro komentiras ama loso pravis, tocno e toa deka site debelo sto se ofajdija od SDSM sega se golemi kriticari,a pak tie vernite seuste ostanaa verni.Koj e vinoven za toa? sigurno deka ne tie vernite tuku vo vinovnicite si i ti,bidejki nosis odluki po merka na tvoi prijateli i napravivte katastrofalni greski so kadrovski resenija pogotovo vo ruralnite sredini kako napr.KG.pa i po gradovite BT,KR i da ne gi brojam pa sega treba dobro da se razmisli i za listite bidejki kavgite doprava se!
Баба евда, 19.11.2012 10:09:38
Шате бабино , бабичка се сеќава колку ти беа разранети коленцата од клечењето на аеродром и плоштадот Пела , во чест на Брат ти (сега Сестра ти) Љубе.К��де е тој сега? А зошто се плашите од истрага , мислите дека е премногу АНАЛИТИКО?!
Chainsaw, 19.11.2012 10:30:40
некој се обидува брутално и безобѕирно, да ги урива политиките на опозицијата, da tochno. Toj nekoj e vsushnost mnozinstvoto na ovoj narod a ne buchko ili ne znam si koj saboter. Toa se kupche nelogichni, nerealni, zastareni i veke chueni politiki ibez pritoa da se adaptiraat na uslovite i momentalnata situacija vo koja shto MK se naogja. Narodot toa go gleda i zatoa opozicijata gubi na izbori....i ako prodolzat ovaka pak ke zagubat.
mimi, 19.11.2012 11:29:48
Andrej sosema si vo pravo - tie sto najmnogu dobile, tie mavaat po partijata. Bese nas gradonacalnik i so tebe pocna procutot na Karpos . Sosema si vo pravo - Partijata e clenstvoto a ne ima sekoj den se poveke. Bidete beskrupolozni kon lica kako Buckovski i slicni . PO izborite koga i da bidat morate konecno da rascistite so niv i ic da ne vi e gajle sto zboruva dpmne- niv toa im e rabota da potkupuva i podmituva. A za Bucko , sram da mu bide se dobi na tacna i se predade na tacna ja podeli partijata i poradi nego i slicni tolku pati gubevme. No mislam deka sega e kraj na taa losa prikazna.
Kate_Strumica, 19.11.2012 11:38:07
Sekoja cest gospodine Petrov ubavo kazano ako VMRO ne se plasi od opozicijata nema sekojdnevno da izmisluva razni gnasni lagi.Se pplasat od Branko i ne mozat mirno da spijat i zatoa sekojdnevno vpo nivnite mediumi sakaat da go ocrnat no na narodot ovaa mu e preku glava.Samonapred vlasta i Buckovski se vo panika . Ke pobedime sigurno vo opozicijhnata ima dobri luge.
Trpe 2, 19.11.2012 11:51:50
REALNI odgovori.Ostavete go Bucko neka SI GO TERA ZACRTANOTO.Jasno ni e na site zosto toa go pravi!!!Mozebi ke uspee,no poveke od narodot znae, vetuvanjata se edno a realnosta ke bide poinakva.I ne treba poveke da se zanimavate so nego.Covek sto bil Pretsedatel na partijata,premier ,minister so takva zestina kon partijata sto seto toa mu go ovozmozila ,tuka nema diskusija!
darabubamara, 19.11.2012 14:17:47
Samo taka smelo G.dine Petrov, SDSM ke pobedi i bez kvislinzite kakov sto e i ovoj beskicmenjakot Buckovski. Kako ne mue sram, treba da se pokrie so usite i da kjuti posle se sto ima dobieno i sto napravi SDSM za nego.
opozicioner, 19.11.2012 15:08:42
Ne sum naviknat od generalen sekretar volku slabo intervju da citam. Nesvatlivo e kako moze sekoj sto ke si najavi nezavisna lista da bide od portokalovata banda. Zasto da se nema poinakvo mislenje i od plavite i od portokalovite. Koj smee toa da mu go zabrani na covek, da e nezavisen? Zasto gi racunate ko prosta matematika glasovite na koalicija Pelister i glasovite na koalicijata na SDSM na minatite izbori? Opsto poznato e deka vo politikata ne sekogas 11=2. Za kraj, nemozam da svatam zasto Andrej Petrov otvara front protiv Buckovski, koga bese negov blizok sorabotnik. Ne velam deka ne treba da se kritikuva nesto ako ne cini li i steti na partijata, tuku bas toj da si go kritikuva svojot mentor, od moja gledna tocka e nemoralno. Malku mi izgleda deka Petrov e namesten da go kritikuva i so toa da si ja isece grankata na koja sto sedese. Seriozno slab sekretar izvadi SDSM, Za ovoj period ke mu trebase covek koj ne deluva uplaseno na presovite i koj veruva ubedlivo.
Goce USA, 19.11.2012 15:55:55
A bas ocekuvav da vidam enkoj komentar na Feliks i kompanija kaj tekstot za albanskoto zname vo Kicevo. Ama tamu nemaat svoe mislenje neli?
Nikola, 19.11.2012 16:58:16
Za Buchkovski tolku, dovolno e! A za kadrovskoto reshenie na SDSM za gen. sekretar, se slozuvam deka e losho! Nema covekot dikcija, nema poenta, ne privlekuva vnimanie, ne drzi vnimanie!
od ostrijot, 19.11.2012 17:22:55
na buckovski nemutreba partija nego fotelija ako e potrebno za fotelija bise preselil i vo d.u.i.
tvrtko, 19.11.2012 17:42:04
Pred 10 god. imav 15000 den.plata.I denes imam tolku no ne ziveam podobro.Se cuvstvuvam bedno.Osvesti se narode makedonski.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 14°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |