Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.11.2012, 12:14

Светска банка одoбри 50 милиони долари за развојни политики

Заемот е првиот од двете програмски активности кои ќе ги поддржат реформите за зајакнување на конкуретноста на македонската економија

Светска банка го одобри Првиот програмски заем за конкурентни развојни политики за Македонија во износ од 50 милиони долари. Заемот за конкурентни развојни политики е првиот од двете програмски активности кои ќе ги поддржат реформите за зајакнување на конкуретноста на македонската економија.

Проектот, како што соопшти Канцеларијата на Светска банка во Македонија, ја поддржува програмата на Владата, насочена кон зајакнување на конкурентноста на стопанството преку мотивирање на продуктивните инвестиции и технолошка надградба на производството, агробизнисот и секторот за трговска логистика, како и креирање на услови за прогресивно зголемување на флексибилноста на пазарот на труд и развојот на вештини.

Џон Габриел Годар, лидер на тимот на Светска банка истакнува дека поддржаните активности имаат за цел развој на производството со висока вредност, олеснување на реструктуирањето на агробизнисот и подобра ефикасност на трговско-логистичките услуги. Тоа ќе биде постигнато преку приоритетни активности кои ги поттикнуваат инвестициите и технолошката надградба, како и отстранување на пречките кои ги попречуваат влезот и развојот на компаниите во главните извозно ориентирани сектори во економијата. Заемот, исто така, ќе поддржи активности кои овозможуваат подобри услови за поттикнување на флексибилноста на пазарот на труд и развојот на релевантни работни вештини. - Во комбинација со подобрувањата кои Македонија ги оствари генерално во деловното опкружување, оваа реформска програма има потенцијал да го зголеми економскиот раст на среден рок, истакнува Годар.

Проектот работи и на подобрување на ефективноста на јавните програми кои го поддржуваат развојот на приватниот сектор, и со тоа, ја зголемува ефикасноста на јавната потрошувачка. Во обид да се почне со високо вреднуваното производство и извозните способности, владата имплементира фискални активности во инфраструктурата и поттикнува програми кои вклучуваат даночни олеснувања и тренинг грантови за странските инвеститори, како и кредитни намалувања и директна поддршка до земјоделците. Со подобрување на институционалната основа и буџет за овие поддржани програми, Заемот ќе ја зголеми ефикасноста на јавната потрошувачка и ќе ја зајакне одговорноста.

- Овие активности, поддржани од Заемот за развојни политики ќе придонесе за постигнување на развојните цели во рамките на столбот за Конкурентност од Стратегијата за партнерство со земјата 2011-14“, вели Лилија Бурунчук, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Таа додава дека заемот е интегрален дел од поширока агенда за конкурентност преземена од Владата и други чинители, и потпомогната од Светската банка преку бројни тековни активности. Светската банка, истакнува, ќе остане партнер на Владата во оваа област и во иднина.

- Меѓународната економска криза во 2009 година и тековната должничка криза во еврозоната ја забави зголемената економска активност во Македонија. За време на целиот тој период, земјата успеа да одржи стабилна макроекономска состојба и имплементираше реформска програма со која постигна фискална консолидација и подобрувања во пазарот на труд. Досегашните реформи, исто така, доведоа до значителни подобрувања во деловното опкружување, што ја донесе земјата до 23-то место во Извештајот на Доинг Бусинесс 2013. Но, лошата економска состојба во ерозоната влијаеше негативно врз економската активност и буџетските приходи. Покрај скорешните достигнувања во политиките, економскиот раст не беше доволен за да ја намали долгорочната невработеност и сиромаштија. Предизвикот со кој се соочува Македонија е да ја пренесе својата економија во линија на повисок раст, преку развивање на поконкуретен и претприемнички сектор ориентиран кон извоз, се наведува во соопштението.

Заемот е поткрепен со многубројни анализи преку Модуларната оценка за конкурентност, која идентификуваше нови мерки за зајакнување на трговскиот перфоманс и раст на земјата. Оценката се состои од оценка за трговската конкурентност и за секторска конкурентност, кои обезбедија детален преглед на потенцијалот за перформанс и конкурентност во три главни извозно ориентирани сектори – производството (фокусирано на автомобилскиот и текстилниот сектор), агробизнисот и логистичките услуги.


Статијата е прочитана 881 пати.

Испрати коментар



ЕП - На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори
Лекарите со бел марш побараа оставка од Тодоров
До крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места во ТИРЗ
Mакедонските бизнис потенцијали презентирани во Лос Анџелес
Соработка со лекари од болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес
Аврамопулос - Решението за името да ја почитува историјата и културата на двете земји
Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
Oтворена електронска продавница во Битола
Бесплатно зимување за 1000 деца од социјално загрозени семејства
Бериша - Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци вработени 200 лица
Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
Најмалку 26 лица повредени, а 30 уапсени во протестите во Љубљана
Карпентер - Сонот за голема Албанија се уште е жив
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат
(ФОТО) Шверцувани влекачи станаа нови жители на ЗОО
Албанија се пере од скандалот
Арифи очекува добри заклучоци на декемврискиот Самит
Доктори од Македонија на обука во Хјустон
Вранишковски нема да бара помилување од Иванов
За три години државата ќе изгради 1.700 станови
Објавен конкурсот за стипендии за студирање во странство
Од понеделник нагло заладување
Новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка кај Иванов
Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Амбасадорите на ЕУ-членките в среда ќе расправаат за Македонија
„Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
ЕУ само до начелен договор за буџетот за 2013
Вашингтон го гледа Балканот интегриран во ЕУ и НАТО
Шведска ќе ја поддржи Македонија за преговорите
ОН ја призна Палестина како држава-набљудувач
Бугарија и постави три услови на Македонија



Reci, 30.11.2012 22:46:29
Nemojte da zemete dollg od Sfetska banka, po sto nekoj den treba da go vratit taj dolg, treba da se trudime sam da izlezime ot kriza, da ne dojdeme kako gercite, togash je kasno da se popravime greskite sto gi napravime sega Hfala

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Улиците и за велосипеди
При проширувањето на некои булевари повторно се заборави на велосипедскиот сообраќај...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |