01.12.2012, 17:49 Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Другите деца кои се лекуваат во болницата се во добра општа здравствена состојба
По смртта на четири годишно дете од Кавадарци на Детската клиника во Скопје, денеска беше извршена дезинфекција во Општата болница во Кавадарци, соопшти доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
- Извршивме дезинфекција и на возилото со кое се пренесувало детето до Скопје. Земавме и брисеви од вработените во општата болница во Кавадарци иако пред околу една недела земавме брисеви од работните површини во болницата и се беше во ред, изјави Јовановски.
Според него, во добра општа здравствена состојба се сите други деца кои се лекуваат во болницата.
Директорот на кавадаречката болница Орце Ангеловски соопшти дека дека детето било донесено во болница вчера околу 9 часот. Неговите родители кажале дека ноќта ја минало со висока температуре и неможност да диши. Медицинскиот тим интервенирал цели три часа, но откако не успеал да му ја симне температурата со амбулантно возило со медицинска екипа детето било однесено за Скопје
|