02.12.2012, 11:42 Словенците избираат претседател
Во Словенија утрово се отворени избирачките места за вториот круг од претседателските избори, во кој силите си ги одмеруваат поранешниот премиер, социјалдемократот Борут Пахор, и актуелниот словенечки претседател, Данило Тирк.
Според последните истражувања на јавното мислење, Пахор го поддржуваат 55, а Тирк 34 отсто од граѓаните.
Првпат Словенците бираат меѓу двајца левичарски кандидати во вториот круг од изборите, откако конзервативниот пратеник Милан Звер е елиминиран во првиот круг од изборите.
Околу 1,7 милиони избирачи ќе можат да гласаат на над 3.300 избирачки места ширум земјата. |