03.12.2012, 18:56 Папуџиева ја пропушта Франција
На нејзината позиција селекторот Гино Стрезовски ја има на располагање уште Симона Гроздановска
НИШ - Поради повреда, Марија Папуџиева утревечер најверојатно нема да игра против Франција на стартот на Европското првенство во Србија.
"Имам истегнување на листот на ногата и лекарите ми рекоа дека тешко оти ќе можам да настапам со Франција. Се надевам дека ќе бидам подготвена за другите два меча против Шведска в четврток и со Данска в сабота", изјави десното крило.
На нејзината позиција селекторот Гино Стрезовски ја има на располагање уште Симона Гроздановска. На списокот за ЕП беше и Матилда Атанасоска, но отпадна поради повреда. (Р.Д.)
|