Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести М��газин Спорт
Онлајн Спорт
04.12.2012, 08:52

Француски клуч за „невозможната мисија“

Надежта за сензација се темели на победата над светскиот вицешампион од 30:27 во мартовскиот квалификациски дуел во Скопје

Од нашиот известувач

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ


НИШ - Никој повеќе од најдобрите македонски ракометарки не е свесен колку висока планина треба да искачат уште на стартот од 10. Европско првенство во Србија, каде што вечерва од 18,15 ч. во Спортскиот центар „Чаир“ во Ниш ги чека Франција. Според многумина, светскиот вицешампион е фаворит во групата Б, во која се и европскиот вицепрвак Шведска и освојувачот на три европски злата Данска, но никој подобро од избраничките на селекторот Гино Стрезовски не знае дека Французинките не се бауч. Во тоа се уверија во март годинава, кога во „Кале“ ги совладаа со 30:27, со што го направија клучниот исчекор на патот кон јубилејното ЕП, петто за Македонија.

„Начевски тврди дека ќе ја победиме Франција, а тој е како баба Ванѓа“, вели Стрезовски, потсетувајќи на оствареното предвидување на генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија и пред споменатиот меч со „триколорите“. „Поголеми ни се шансите против Шведска и Данска, но зошто да не се надеваме на успех против Франција? Ако можевме во Скопје... Не правиме калкулации и нема да се чуваме против Французинките, бидејќи секој натпревар е шанса за освојување бод или два, а ние ќе имаме три такви можности во Ниш“.

На тој дуел со „триколорите“ што ги подгрева надежите на „црвено-жолтите“ за добро отворање на еврошампионатот Јулија Николиќ беше најефикасна со девет гола, Драгана Пецевска постигна еден помалку, а по четири пати во листата на стрелците се запишаа Робертина Мечевска и Мирјета Бајрамоска.

„Тогаш покажавме тимски дух и цврстина. Така треба да играме и во Ниш“, вели Бајрамоска. „Во моментов мислам дека немаме шанса против Франција. Тие ќе ни пристапат сериозно, бидејќи еднаш веќе имаат изгубено од нас и тоа ќе биде тешко да се повтори“.

Дека Франција сериозно гледа на својот прв соперник на турнирот потврдува и селекторот Оливие Крумболц.

„Франција мора да биде многу внимателна со Македонија. Не знаеме многу за нив, но Јулија Николиќ е извонреден играч и загубивме од нив во квалификациите за ЕП. Тие ќе бидат навистина мотивирани за да не' победат на стартот од натпреварувањето“, предупредува првиот човек на француската клупа, на која седи од 1998 година и со кој се врзани најголемите успеси на „галските петли“. Водена од најдобриот тренер за 2010 година според ИХФ, Франција има поголеми достигнувања на мундијалите (злато во 2003 година и сребро во 1999, во 2009 и во 2011) отколку на европските првенства (бронза во 2002 и во 2006 година). На последното ЕП 2010 во ��анска и во Норвешка беше петта, пласман што го оствари и на годинашните Олимписки игри во Лондон.

Најважни алки во францускиот синџир се Алисон Пино, Сираба Дембеле и Нина Канто. Бекот Пино беше прогласена за најдобра светска ракометарка во 2009 година и, покрај напаѓачките квалитети, со своите 181 см е незаменлива и во одбраната. За левото крило Дембеле ова е четврто ЕП од 2006 година наваму, има 469 гола на 150 меча и сезонава првпат игра во странство, откако летоска потпиша за Рандерс од Данска. Со повеќе од 160 репрезентативни настапи, 29-годишната Канто е една од најискусните во тимот селектиран од Крумболц, годинава избрана за најдобар дефанзивец во француската лига.

Скандинавската пресметка меѓу Шведска и Данска од 20,15 ч. е дерби на денешното прво коло во групата Б. Швеѓанките се наредниот противник на Македонките задутре од 18,15 ч., а дуелот со Данките е в сабота од 20,15 ч. Трите првопласирани селекции продолжуваат за Белград, каде што ќе оформат група од вториот круг во која ќе ги одмерат силите со трите најдобри од прелиминарната група А, во која се бранителот на титулата Норвешка, потоа Украина, домаќинот Србија и Чешка. Натпреварот Украина – Чешка денеска од 17,45 ч. и официјално ќе го отвори натпреварувачкиот дел на шампионатот.

АНДРЕЕВА ПРЕД „КЛУБ СТО“

Капитенот Тања Андреева на натпреварот со Данска в сабота треба да го одигра својот стоти натпревар за македонската репрезентација, за која има постигнато и два гола. Со своите 34 години, чуварот на мрежата е најискусна во составот од 16 ракометарки што ќе ги бранат боите на Македонија на ЕП во Србија.

Голмани: Тања Андреева (Металург), Дијана Наумоска (Жито Прилеп) и Наташа Антиќ (Металург).

Крила: Симона Гроздановска (Металург), Марија Папуџиева (Бодрум Каликарнас, Турција), Драгана Пецевска (Металург) и Драгица Митрова (Металург).

Бекови: Мирјета Бајрамоска (Металург), Душица Ѓорѓиевска (Металург), Савица Мркиќ (Жито Прилеп), Зорица Десподовска (Металург), Марија Штериова (Вардар СЦБТ), Билјана Црвенкоска (Вардар СЦБТ), Ивана Саздовски (Вардар СЦБТ), Јулија Николиќ (Звезда Звенигород, Русија).

Кружни напаѓачи: Робертина Мечевска (Металург), Наташа Младеновска (Металург).

ЈУРАК НЕ ЈА ОТПИШУВА МАКЕДОНИЈА

„Македонија е типична моќна балканска репрезентација, полна со борбен дух. Нема ниту една голема ѕвезда, но тимот е добро избалансиран, а поддршката од навивачите ќе му даде крилја. Но, според мое мислење, тие не можат да се пласираат пред Франција, но можеби пред Шведска или Данска“, смета германската ракометна легенда Грит Јурак, сега во својство на експерт на ЕХФ за Лигата на шампионите и за европските првенства.

Според 34-годишната учесничка на шест ЕП меѓу 1994 и 2010 година, која ја водеше Германија до четвртото место во Шведска 2006 и во Македонија 2008, во групата Б секој може да победи секого.

„Не знаете кој тим на крајот ќе заврши прв, а кој последен. Сите од нив можат да одиграат совршен турнир, но сите овие тимови можат и да паднат многу рано“, вели левораката бомбардерка што постојаната повреда на рамото ја принуди во октомври да ја заврши кариерата, во која одигра 306 натпревари за Германија и постигна 1.581 гол. „Франција е мојот личен фаворит во оваа група и таа е совршен пример да се биде меѓу светската класа и дното. Данска има подмладен состав и не знаете како, а тоа важи и за Швеѓанките, ќе се соочат со фактот дека Македонија ќе ја има поддршката на стотици апсолутно френетични и бучни навивачи и дали ќе можат да ги задржат своите нерви под контрола“.

НОРВЕЖАНКИТЕ НАЈУСПЕШНИ

Норвешка е убедливо најуспешната нација со пет златни медали, два сребрени и еден бронзен на досегашните девет европски првенства. Следува Данска со три злата и две сребра, а со европска титула се има закитено само уште Унгарија, која има и две бронзи. Русија има освоено едно сребро и две бронзи, Шведска, Шпанија, Украина и Германија по едно сребро, Франција две бронзи и Романија и Австрија по една.

ШАМПИОНОТ ПОЧНУВА СО ДОМАЌИНОТ

Група А, Белград, денеска: Украина – Чешка (17,45 ч.), Норвешка – Србија (20,15 ч.).

Група Б, Ниш, денеска: Франција – Македонија (18,15 ч.), Шведска – Данска (20,15 ч.).

Група Ц, Нови Сад, денеска: Германија – Шпанија (18,15 ч.), Хрватска – Унгарија (20,15 ч.).

Група Д, Вршац, денеска: Црна Гора – Исланд (18,05 ч.), Романија – Русија (20,15 ч.).


Статијата е прочитана 888 пати.


Испрати коментар



Јувентус го елиминираше европскиот првак
Вардар Про подобар од Загреб во СЕХА лигата
Пандев почна да тренира со топка
Челзи се моли за пораз на Јувентус
Во Куманово падна и шампионот Галил Гилбора
Ранетиот Вардар про го пречекува Загреб
(ФОТО) Мини-фалангата го обели образот
Пораз на Мајами и покрај „трипл даблот“ на Џејмс
Сити се прости од Европа
(ФОТО) Ракометарките декласирани од Франција
Љубовта на Бекамови преовладуваше во збогувањето со Галакси
Јаневски ги објави имињата за Анталија
(ФОТО) Вардар есенски шампион
РФМ го опреми „Студио“
Ниш ни бледа сенка од јануари
Грифин ги покори „џезерите“
Папуџиева ја пропушта Франција
Македонски фанови ни за лек во Ниш
ПСЖ мора да го победи Порто
Вон пишува историја на снегот во Лејк Луис
Ставрев на Лил - Валенсија
Игокеа го декласираше Партизан!
„Магичните“ мотивирани против Хауард и Лејкерси
Нишкиот аутсајдер го мерка Белград
Вардар про го испушти Магдебург
Поплавата во Боговиње му ги расипа плановите на Вардар
Приведени навивачи на ФК „Ѓорче Петров“
Сите задоволни од ремито во Минхен
Челзи и понатаму очаен!
Бруклин му се поклони на шампионот
(ФОТО) Најубедлив лет на „штрковите“
Уште една победа за Новески со Мајнц во Бундес лигата
(ФОТО) Металург се измачи за осминафиналето
Монтепаски Сиена влезе во фазата топ-16
Преку Шамбери до осминафинале
МЗТ против Шолнок за премин во позитива
Нови порази за Самарџиски и Илиевски
Промоција на Марковски во Скаволини
Резервистите на Спарси го намачија Мајами
Докузовски и Стојановски со порази
Шамбери ќе плати за Кјељце
Вујовиќ има рецепт за Магдебург
Иванов им посака успех на ракометарките на ЕП во Србија
Заре Марковски на клупата на Скаволини
Бензема во јануари на „Стемфорд бриџ“?
Челзи никако да даде гол
Вилја надмина 300 гола во кариерата
Вашингтон ја прекина црната серија
Црвенкоска нов играч на ЖРК Вардар СЦБТ
Во МЗТ нема место за џинови
Лига на шампиони со 64 клуба во 2015 година?
Џорџ Хил го засени Коби
Гол на Новески за Мајнц во Франкфурт
Вардар против Шкендија во полуфиналето на Купот
Металург му наплати на Татран
Пандев се враќа за дербито со Интер
Капело ќе се пензионира во 2014 година
Никси владеат во Њујорк
Најтешка титула за Фетел, најдобра сезона за Алонсо
Од Бразил одрекуваат за Гвардиола
Маскотата за СП Бразил 2014 се вика Фулеко
(ВИДЕО) Милан конечно ја доби „Старата дама“
Барса со плус 11 пред Реал, Меси на минус три од Милер
Бајрамоска прв стрелец на „Турчин куп“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Болт и Феликс најдобри во 2012 година
Паркер ги предводеше Спарси во Торонто
(ФОТО) Фетел третпат светски шампион во Ф1
Вардар го преживеа Турново
„Штрковите“ го прелетаа и Задар
Металург пак го честеше Кјељце

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -4°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (19)
Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - Случајот со Џулијан Асанж е привид
Ликовната уметница Христина Иваноска вели дека дарбата е единствениот простор во кој знае дека е слободна, зашто мислата...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |