05.12.2012, 17:03 Пандев почна да тренира со топка
Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев е се' поблизу до враќање на фудбалските терени. Македонскиот репрезентативец веќе два дена тренира со топка заедно со преостанатиот дел од играчите на Наполи што, пак, го потврдува неговиот настап против Интер в недела.
„Среќен сум што Пандев уште од почетокот на оваа седмица почна да тренира со топка, тоа е добар знак дека тој ќе може да настапи против Интер. В недела против себе ќе имаме силен противник и би сакал да ги имам на располагање своите најдобри фудбалери за да можеме да атакуваме на позитивен резултат“, изјави тренерот на Наполи Валтер Мацари.
За потсетување, Пандев пред дваесетина дена на гостувањето против Џенова ги истегна лигаментите на левиот глужд, поради што лекарскиот тим одлучи да паузира повеќе од три недели. |