07.12.2012, 13:57 Македонското дерби за Антиќ
Бранителот на титулата Олимпијакос со 84:62 ја порази Цедевита, во чии редови Илиевски реализира 14 поени
Деветтата рудна во Евролигата го одбележа македонското дерби меѓу Владо Илиевски и Перо Антиќ, а победник беше бранителот на титулата Олимпијакос кој со 84:62 ја порази Цедевита.
За жал, Илиевски покажа една од најдобрите партии сезонава, постигнувајќи 14 поени за 22 минути во игра. Вториот Македонец во редовите на хрватскиот тим Маркиз Грин реализираше шест поени.
На другата страна Антиќ запиша седум поени и три скока.
|