Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
04.12.2012, 20:34

(ФОТО) Ракометарките декласирани од Франција



Македонија загуби со 29:16 на стартот на ЕП, откако даде само шест гола во вториот дел, кога првпат погоди дури во 45. минута

Од нашиот известувач
РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ

ФОТО: Денис Дуковски

НИШ - Женската ракометна репрезентација на Македонија го почна јубилејното 10. Европско првенство во Србија со катастрофален пораз од 29:16 против Франција во рамките на групата Б во Ниш. Светскиот вицешампион и еден од главните претенденти за европската круна ја оправда улогата на апсолутен фаворит, во што му помогнаа и Македонките со неверојатната серија промашувања во второто полувреме, кога постигнаа само шест гола. Нивниот пост се одолжи дури до 45. минута, кога Ивана Саздовски конечно го најде патот до француската мрежа. Но, негативата веќе беше двоцифрена (21:11), а со тоа и можноста за враќање во игра нереална. Кој знае колкава ќе беше разликата ако до крајот на мечот голманката Дијана Наумоска не "симна" повеќе "зицери" на вториот состав на противникот, завршувајќи ја средбата со 12 одбрани.

Мирјета Бајрамоска го реализира првиот напад и и' донесе почетно водство на Македонија, но Французинките возвратија со три гола во низа и не го испуштија водството до крајот на полувремето. Со првиот гол на Јулија Николиќ црвено-жолтите намалија на 5:4 во 10. минута, но следуваше серија на противникот од четири погодоци и, за во 23. минута разликата да достигне максимални 13:7. Тогаш "триколорите" се олабавија и му дозволија на ривалот да намали на 14:10 пред Паула Бодуен од седмерец да го постави резултатот со кој се замина на одморот.

Статистиката од натпреварот најдобро ја отсликува разликата во класи меѓу двете селекции во моментов. Македонија потроши 57 напади за да постигне 16 гола наспроти ефектот 29/55 на Франција. Притоа, македонските ракометарки имаа 22 загубени топки, осум повеќе од француските.

Избраничките на селекторот Гино Стрезовски ја имаа поддршката од околу 150 македонски навивачи на трибините во СЦ "Чаир", кои, освен, единственото водство на самиот почеток на средбата, немаа што да слават.



СТРЕЗОВСКИ: МНОГУ ЛОШ МЕЧ

Гино Стрезовски: "Многу, многу, многу лош меч. Во првото полувреме можеби имавме добра одбрана, но во вториот дел примивме премногу голови од противнапади. Ни претстои тежок натпревар со Шведска, против која сметам дека имаме шанси. Имаме два дена за подготовка и очекувам да бидеме подобри од денеска".

Јулија Николиќ: "Многу тежок натпревар. Се трудевме, игравме борбено до крај, но Франција има извонредна одбрана и беше тешко да се пробие. Се надедвам дека на следниот меч ќе дадеме максимум и оти ќе направиме добар резултат".

Оливие Крумболц: "Многу сум среќен што победивме, посебно поради тоа што одигравме многу добар меч, а и и' вративме на Македонија за поразот во квалификациите. Имавме добра одбрана и голмани, што ни овозможи многу лесни голови од контранапади. Задоволен сум и од гол-разликата, која би можела да биде важна за пласманот во наредната фаза во случај да се создаде круг на репрезентации со ист број бодови".

Камил Ајглон: "Среќна сум што го отворивме првенството на ваков начин. Ја респектираме Македонија, која има неколку добри ракометарки, а посебно обрнавме внимание на Николиќ и на Бајрамоска, кои одиграа фантастично во претходниот меѓусебен дуел што го загубивме".



Франција - Македонија 29:16

Полувреме: 15:10. Сала: СЦ "Чаир" во Ниш. Гледачи: 500. Судии: Хорват и Мартон од Унгарија. Седмерци: Франција 5/6, Македонија 3/4. Исклучувања: Франција 4 мин., Македонија 4 мин. Загубени топки: Франција 14, Македонија 22.

Франција: Прадел (10+1 одбрани), Дарле (8 одбрани), Дансет 0/1, Камто 1/2, Ајглон 2/3, Пино 2/3, Менди 4/7, Бодуен 8/9 (5/6), Гнабују 1/5, Брино 1/2, Дембеле 5/5, Гојорани 2/2, Тервел, Пјежос 0/1, Сињат 0/3, Лакрабер 3/3. Селектор: Оливие Крумболц.

Македонија: Андреева (1 одбрана), Наумоска (11+1 одбрани), Мечевска 2/2, Саздовски 3/7, Мркиќ, Гроздановска 0/1, Младеновска 1/2, Д. Ѓорѓиевска, Бајрамоска 1/8, Николиќ 6/15 (2/3), Црвенкоска 2/3 (1/1), Пецевска 1/3, Папуџиева, Десподовска, Митрова 0/2, Штериова 0/2. Селектор: Гино Стрезовски.









Статијата е прочитана 1244 пати.


Испрати коментар



Јувентус го елиминираше европскиот првак
Вардар Про подобар од Загреб во СЕХА лигата
Пандев почна да тренира со топка
Челзи се моли за пораз на Јувентус
Во Куманово падна и шампионот Галил Гилбора
Ранетиот Вардар про го пречекува Загреб
(ФОТО) Мини-фалангата го обели образот
Пораз на Мајами и покрај „трипл даблот“ на Џејмс
Сити се прости од Европа
Љубовта на Бекамови преовладуваше во збогувањето со Галакси
Јаневски ги објави имињата за Анталија
(ФОТО) Вардар есенски шампион
РФМ го опреми „Студио“
Ниш ни бледа сенка од јануари
Грифин ги покори „џезерите“
Француски клуч за „невозможната мисија“
Папуџиева ја пропушта Франција
Македонски фанови ни за лек во Ниш
ПСЖ мора да го победи Порто
Вон пишува историја на снегот во Лејк Луис
Ставрев на Лил - Валенсија
Игокеа го декласираше Партизан!
„Магичните“ мотивирани против Хауард и Лејкерси
Нишкиот аутсајдер го мерка Белград
Вардар про го испушти Магдебург
Поплавата во Боговиње му ги расипа плановите на Вардар
Приведени навивачи на ФК „Ѓорче Петров“
Сите задоволни од ремито во Минхен
Челзи и понатаму очаен!
Бруклин му се поклони на шампионот
(ФОТО) Најубедлив лет на „штрковите“
Уште една победа за Новески со Мајнц во Бундес лигата
(ФОТО) Металург се измачи за осминафиналето
Монтепаски Сиена влезе во фазата топ-16
Преку Шамбери до осминафинале
МЗТ против Шолнок за премин во позитива
Нови порази за Самарџиски и Илиевски
Промоција на Марковски во Скаволини
Резервистите на Спарси го намачија Мајами
Докузовски и Стојановски со порази
Шамбери ќе плати за Кјељце
Вујовиќ има рецепт за Магдебург
Иванов им посака успех на ракометарките на ЕП во Србија
Заре Марковски на клупата на Скаволини
Бензема во јануари на „Стемфорд бриџ“?
Челзи никако да даде гол
Вилја надмина 300 гола во кариерата
Вашингтон ја прекина црната серија
Црвенкоска нов играч на ЖРК Вардар СЦБТ
Во МЗТ нема место за џинови
Лига на шампиони со 64 клуба во 2015 година?
Џорџ Хил го засени Коби
Гол на Новески за Мајнц во Франкфурт
Вардар против Шкендија во полуфиналето на Купот
Металург му наплати на Татран
Пандев се враќа за дербито со Интер
Капело ќе се пензионира во 2014 година
Никси владеат во Њујорк
Најтешка титула за Фетел, најдобра сезона за Алонсо
Од Бразил одрекуваат за Гвардиола
Маскотата за СП Бразил 2014 се вика Фулеко
(ВИДЕО) Милан конечно ја доби „Старата дама“
Барса со плус 11 пред Реал, Меси на минус три од Милер
Бајрамоска прв стрелец на „Турчин куп“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Болт и Феликс најдобри во 2012 година
Паркер ги предводеше Спарси во Торонто
(ФОТО) Фетел третпат светски шампион во Ф1
Вардар го преживеа Турново
„Штрковите“ го прелетаа и Задар
Металург пак го честеше Кјељце



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -4°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (19)
Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - Случајот со Џулијан Асанж е привид
Ликовната уметница Христина Иваноска вели дека дарбата е единствениот простор во кој знае дека е слободна, зашто мислата...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |