Брубек ќе биде запаметен како пионер во воведувањето на азиски ритми во западната музика и со надминување на бело-црната музичка поделба во 50-те години во САД
Легендарниот џез пијанист и композитор Дејвид Брубек почина синоќа на само еден ден пред неговиот роденден. Тој денеска требаше да наполни 92 години.
Брубек беше познат по популаризирање на џезот во 50-те и 60-те години на минатиот век, и ќе биде запаметен како пионер во воведувањето на азиски ритми во западната музика и со надминување на бело-црната музичка поделба во 50-те години во САД.
Беше долгогодишен пријател со саксофонистот Пол Дезмонд. Композициите Take five, и Blue Rondo a la Turc oд албумот Time out (1959) се вброени в�� класици на џезот.
Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“