29.11.2012, 13:35 Адријана Лима бремена на календарот на „Пирели“
Календарот за следната година е без заштитниот знак - разголените фотографии
Манекенката Андријана Лина позира бремена на новиот календар на „Пирели“ за 2013 година, кој беше претставен во Рио де Жанеиро, на голема забава на фотографот Стив Мекари каде што покрај убавиците беа и Софија Лорен, актерите Овен Вилсон и Родриго Санторо, како и претседателката на Бразил, Дилма Роусеф.
Интересно е што календарот за следната година е без заштитниот знак - разголените фотографии. Мекари изјави дека сакал да покаже дека жените се секси и кога не се голи.
„Сакав фотографиите да се комбинација од обични луѓе и многу посебни жени кои се познати не само по својот талент и убавина, туку и по хуманитарната работа“, вели Мекари.
На промоцијата присуствуваа и Петра Немцова, Кајли Кан, Лија Кебеде, Изабела Фонтана и други убавици. Големо внимание предизвика актерката Софија Лорен, чија фотографија имаше во 33. издание на календарот на „Пирели“, во 2007 година. |