Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
29.11.2012, 16:18
Шамбери ќе плати за Кјељце



Македонскиот првак Металург сака уште во последниот меч во ЛШ годинава да го обезбеди осминафиналето

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ

Македонскиот ракометен првак Металург има намера уште во сабота да го обезбеди пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите со уште една победа над Шамбери во натпреварот од 16 ч. во салата „Борис Трајковски“. По седмиот круг претстојниов викенд настапува двомесечна пауза во најсилното европско клупско натпреварување поради Светското првенство што ќе се одржи во јануари во Шпанија, па во Автокоманда сакаат мирно да ги дочекаат преостанатите три средби од продолжението на ЛШ. Францускиот претставник е идеален за остварување на целта, но и за доизлекување на раните од двата несреќни пораза едноподруго од Кјељце, бидејќи нема освоено ни бод во досегашните шест средби во рамките на групата Ц.

„Дуелот со Шамбери е еден од најважните за нас, бидејќи со победа ќе се пласираме во топ-16. Ако успееме во тоа, ќе продолжиме во победнички ритам и на следните средби, за да обезбедиме што подобар пласман во групата. Никогаш не може да се каже дека натпревар со француски тим е лесен и ја молам публиката за максимална поддршка“, вели тренерот Лино Червар. „Шамбери не игра добро во Лигата на шампионите сезонава, но, сепак, станува збор за многу квалитетен противник. Ги следев нивните натпревари, имаат квалитетни ракометари, кои се стандардни репрезентативци на своите земји, па јасно е дека се екипа што мора да се почитува. Не смееме да помислиме дека ќе биде лесно“.

Капитенот Ванчо Димовски со слично видување.

„Шамбери е втор тим во Франција, па не смееме да се олабавиме, без оглед на фактот дека ги совладавме на гостински терен. Нема да биде лесно, но очекувам да стигнеме до триумф бодрени од публиката“, вели кружниот напаѓач на „металурзите“ и на македонската репрезентација. „Немаме победа во последните две кола, но тоа е само мотив повеќе за да се вратиме во посакуваниот ритам, по кој бевме препознатливи во првите четири средби од ЛШ сезонава“.

Повредениот Миладин Козлина тешко дека ќе настапи и на овој меч, откако ги пропушти реваншот со Кјељце и потоа мечот со Татран во СЕХА-лигата.

Статијата е прочитана 928 пати.

Испрати коментар



Монтепаски Сиена влезе во фазата топ-16
Преку Шамбери до осминафинале
МЗТ против Шолнок за премин во позитива
Нови порази за Самарџиски и Илиевски
Промоција на Марковски во Скаволини
Резервистите на Спарси го намачија Мајами
Докузовски и Стојановски со порази
Вујовиќ има рецепт за Магдебург
Иванов им посака успех на ракометарките на ЕП во Србија
Заре Марковски на клупата на Скаволини
Бензема во јануари на „Стемфорд бриџ“?
Челзи никако да даде гол
Вилја надмина 300 гола во кариерата
Вашингтон ја прекина црната серија
Црвенкоска нов играч на ЖРК Вардар СЦБТ
Во МЗТ нема место за џинови
Лига на шампиони со 64 клуба во 2015 година?
Џорџ Хил го засени Коби
Гол на Новески за Мајнц во Франкфурт
Вардар против Шкендија во полуфиналето на Купот
Металург му наплати на Татран
Пандев се враќа за дербито со Интер
Капело ќе се пензионира во 2014 година
Никси владеат во Њујорк
Најтешка титула за Фетел, најдобра сезона за Алонсо
Од Бразил одрекуваат за Гвардиола
Маскотата за СП Бразил 2014 се вика Фулеко
(ВИДЕО) Милан конечно ја доби „Старата дама“
Барса со плус 11 пред Реал, Меси на минус три од Милер
Бајрамоска прв стрелец на „Турчин куп“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Болт и Феликс најдобри во 2012 година
Паркер ги предводеше Спарси во Торонто
(ФОТО) Фетел третпат светски шампион во Ф1
Вардар го преживеа Турново
„Штрковите“ го прелетаа и Задар
Металург пак го честеше Кјељце

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |