26.11.2012, 15:00 (ВИДЕО) Милан конечно ја доби „Старата дама“
„Росонерите“ дојдоа до победата во 31. минута, од белата точка прецизен беше Робињо. Според Алегри, судиите им го подариле пеналот
Милан минимално со 1:0 славеше против Јувентус во големото дерби кое го одбележа 14. коло на италијанската Серија А. „Росонерите“ до победата стигнаа благодарение на погодокот на бразилскиот напаѓач Робињо од пенал во 31. минута.
И покрај тоа што со овој триумф Милан ја прекина серијата од шест меча без победа против „старата дама“, сепак стратегот на Масимилијано Алегри по големиот триумф призна дека судиите им го подариле пеналот.
„Ми изгледаше дека е пенал, но кога ја прегледав снимката се' ми беше јасно како ден. Во секој случај, мислам дека заслужено победивме. На крајот на краиштата, на Јувентус му дозволивме само еден шут“, вели Алегри, кој во продолжение додава дека им се радува на приказните околу доаѓањето на најтрофејниот тренер во историјата на Барселона, Пеп Гвардиола, на неговото место.
„Убаво е кога ќе слушнете како луѓето зборуваат за Гвардиола како мој наследник. Тој е еден од најдобрите тренери во светот“.
Инаку, најстрогата казна беше досудена откако судијата Никола Рицоли оцени дека Маурицио Исла играл со рака во казнениот простор по ударот со глава на Антонио Ночерино. Робињо биеше, Буфон оцени на која страна ќе замине топката, но не успеа да го спречи ударот и водството на домаќините, што на крајот се покажа како доволно трите бода да останат на „Сан Сиро“.
AC Milan vs Juventus - Highlights by TenMillionSlaves |