28.11.2012, 17:05 Очекуван или избрзан потег на Иванов
Одлуката на претседателот да го откаже учеството на манифестацијата по повод големиот јубилеј на Албанија, независно од причините и мотивите, значи испраќање политичка порака до Тирана
Александра М. Митевска
Претседателот Ѓорге Иванов не замина вчера во Валона и во Тирана. Таму отпатуваа повеќето албански политички фактори од регионот, за да бидат дел од големата прослава по повод еден век независност на Албанија, која имаше силен одек и во нашата земја.
Ден пред манифестацијата, македонскиот претседател ја откажа посетата и реши да остане во Скопје, поради „последните инциденти“, како што јави неговиот кабинет. Тоа е единственото образложение од неговиот кабинет, од каде што не прецизираат дали станува збор за инцидентот за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Тирана, кога кон неговото возило беа фрлени јајце и пластично шише.
Дали одлуката на Иванов е очекуван потег или избрзан гест? Дали е во прашање политички реваншизам или одговор на провокациите што се случија во периодот пред прославата, се дел од прашањата што се наметнаа, особено поради фактот што Македонија и Албанија одржуваат традиционално добри меѓусебни односи и си помагаат во развојот.
Чекорот на Иванов предизвика поделени реакции во политичката јавност во Скопје. Дел аналитичари сметаат дека станува збор за лоша политичка проценка која може да се одрази на односите со Албанија, а според други потегот е оправдан, особено по прославата по повод албанската независност што во неделата се одржа во Скопје, без никакви државни обележја, иако дел од средствата за нејзина организација се од буџетот, а на која и претходеа серија помали инциденти со знамињата на двете најголеми заедници во земјава.
Стево Пендаровски, кој им беше советник за безбедност и за надворешна политика на претходните претседатели, посочува дека во образложението од кабинетот на Иванов не е наведено конкретно од кои причини претседателот проценил дека не треба да оди во Тирана, иако претходно најави присуство на прославата. Поради тоа, објаснува Пендаровски, е тешко да се заклучи дали станува збор за политичка процена дека не е добро да оди во Албанија поради инцидентите за време на посетата на Груевски или е во прашање безбедносна процена, што би било чудно ако се има предвид дека во Албанија отидоа државници од многу други земји.
„И во случај да станува збор за безбедносни причини, тогаш Кабинетот на Иванов би требало да добие информации од албанските служби дали треба да ја откаже посетата или, пак, ќе биде зајакнато нивото на неговото обезбедување“, вели Пендаровски, наменувајќи ја дилемата кој му ги прави безбедносните процени на македонскиот претседател, ако се има предвид дека тој нема советник за национална безбедност.
Ако пак во заднина на одлуката на Иванов стојат политички причини, тогаш, според Пендаровски, станува збор за политички реваншизам поради инцидентите што се случија додека Груевски беше во Тирана. И тоа, како што вели, е лоша порака, бидејќи официјалните институции на Албанија се оградија и се извинија за случувањата, а виновникот беше откриен и приведен.
„Тоа не беше политички, туку безбедносен инцидент, поради кој не треба да се откажува посета од политички причини, бидејќи тоа е навреда за државниот врв на земјата-домаќин“, вели Пендаровски.
Во владејачката ДУИ, која се наметна како организатор на прославата во Скопје, не останаа рамнодушни на потегот на Иванов. Од партијата изразија жалење што шефот на државата одлучил да не оди во Тирана, каде што требаше да се сретне со албанскиот претседател Бујар Нишани. Од ДУИ велат дека првичната најва дека Иванов ќе присуствува на централната прослава во Тирана била прифатена од Албанците во Македонија како добар гест. Посочуваат дека инциденти се случуваат во сите држави и тие, како што велат, не треба да бидат пречка за меѓусебно разбирање.
Политичките аналитичари потсетуваат дека ова ретерирање не е прво во претседателската кариера на Иванов и дека имаше и други слични примери во неговата комуникација со некои од колегите од соседството, како што беше одлуката, во последен момент, да не оди на инаугурацијата на новиот српски претседател Томислав Николиќ или случајот со поранешниот косовски претседател Фатмир Сејдиу, кој не беше повикан на инаугурацијата на Иванов, а потоа тој одби да дојде во посета на Македонија, бидејќи не беше задоволен од нивото на пречекот.
За политичкиот аналитичар Едмонд Адеми одлуката на Иванов е инаетлив и детски потег, кој, како што оценува, не му прилега на шеф на држава, кој треба да биде визионер и да гледа подалеку.
„Несфатливо е претседател на држава, само заради покажување македонски патриотизам, да откаже посета на соседна држава, по повод голем празник на таа држава. Таков гест не им користи ниту нему како политичар, ниту на соработката во регионот“, вели Адеми.
Иванов и другите претставници на македонскиот државен врв не се појавија ниту на прославата на албанската независност што се одржа во Скопје, пред неколку дена. Амбасадорот Ристо Никовски изјави за „Дојче Веле“ дека одлуката на македонскиот претседател да не отпатува во Тирана е соодветна и правилна реакција, не само поради инцидентот при посетата на Груевски, туку и поради настаните пред и за време на прославата во Скопје.
„Среде Скопје дојдоа премиерите на Албанија и Косово, на манифестација на која се игнорираше македонската држава. Немаше ниту еден белег дека тоа што се случува се случува во Скопје и на, некој начин, се обележуваше албанска територија со знамиња во Кичевско. Имам впечаток дека се повампирија сеништата на минатото на Балканот и дека Албанија почнува да се вклучува во една игра, очигледно на сигнали од преку „барата“, дека македонското прашање е пред затворање и дека секој може да направи се' што може за да профитира што повеќе“, изјавил Никовски. |
Статијата е прочитана 3770 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 29.11.2012 01:14:05 | Moze li nekoj da objavi koj se politicari od regionov, no i od Evropa se pokaneti i ke odat na taa proslava. Ako nema nikoj, osven lokalnive Albanski politicari, togas sto majka bara nas Djole tamu. Ako ima i drugi, togas neznam zosto tera inat. Valjda ne se plasi od jajca i plasticni sisinja, ili cuvaj boze od mobilni telefoni. |
| Boban, 29.11.2012 01:37:36 | Odlicen poteg na Makedonskiot predsedatel. Toj sto vika deka Makedonija i Albanija imaat tradicionalno dobri odnosi , ili laze ili ne ja poznava Makedonskata istorija. Ako od nekoja zemja postojano doagjaat pretnji , bezobrazni i arogantni izjavi na politicari , organizirani protivdrzavni dejstvia protiv Makedonija i mnogu drugi raboti kako i faktot deka vo Makedonija se vee slobodno Albanskoto zname kako edino zname na strana zemja kazuva dovolno deka Albanija e ozbilen faktor za destabilizacija.Nikoj drug ne i preti na Makedonija osven Albancite i nikoj drug ne go pali Makedonskoto zname osven Albancite e pa red e da im se dade do znaenje dosta vise. Dosta mudar i praveden poteg na predsedatelot na Makedonija , deka sve drugo sto pravat Makedonskite politicari vo vrska so Albancite ide na steta na Makedonija. Stop dosta bese i golema steta sto se prizna na takov sramen nacin Kosovo , poteg koj go zasrami Makedonskiot Narod i Makedonskata drzava. |
| zrak, 29.11.2012 07:26:11 | risto nikovski kako i sekogas dobro i hrabro obrazlozi,dodeka pendarovski vo niven stil;ostapki,svitkana kicma,i stalno kuso glednost i gluvost,dali pendarovski sledi sto kazuvaat albancite od regionot,od ivz[site albanci vo edna a ne 5 drzavi]s,berisa [od podgorica do skopje]i po stevo ivanov trebase da odi da proslavuva.diplomata ne go odrazuva znaenjeto. |
| ФЕЛИКС, 29.11.2012 07:36:30 | Избрзаноста поткрепена со она ,,побегнаа,, ја пласираат оние на кој елементарно достоинство е некаде на 179 место.Кога сите се согласуваат да прославата беше фестивал на етноцентризам,националистичко обоен, бајрактарски невкусен тогаш кој нормален политичар кој и малку држи до себе ќе присуствува на вакво нешто.Потег на председателот и премиерот сосема на место,дури верувам да беа виртуелно на власт Шатевци и тие немаше да присуствуваат на ваквото нешто.А од друга страна можеби според Евдините Зумбуљки и би присуствувале,кој им ја знае колкава им е агендата на полтронство. |
| Gjorgji, 29.11.2012 08:09:54 | Potegot nitu e izbrzan, nitu ocekuvan. Potegot e soodveten vo odnos na nastanite. |
| nina, 29.11.2012 08:32:36 | многу детско а и фрустрирано однесуванје на нашиот претседател.со овој гест го покажува својот страв и својата несигурност за иднината на македонија.колку што знам албанската историја нема врска со нашето постоенје или непостоенје.што се однесува до инциденти-секаде ги има-но и натпревари и славенја и средби не се спречуваат.само деца може да се залажат така. |
| МАК, 29.11.2012 08:40:04 | Секоја чест Председателе. Зошто би посетувале држава, чив премиер отворено и јавно искажува претензии кон нашата Земја. На крајот на краиштата, инцидентот кој се случи со Груевски беше безбедносен, меѓутоа сигурно политички инспириран. Почит за потегот и поддршка за Председателот. |
| Мичо, 29.11.2012 08:45:16 | Ако ја гледавте парадата вчера, нашите само три офицери што маршираа беа исвиркани. Затоа ли требаше да оди господин Иванов, за да биде исвиркана македонската држава? Потег сосема на место. |
| opav, 29.11.2012 08:49:45 | Koga nie Makedoncite ne bi gledale partiska pripadnost tuku etnicka makedonska, bi bile mnogu posilni od sega.
Sekoja cest za pretsedatelot! Na sekoe ponizuvanje od nivna strana sramota e da im ukazuvame cest so bilo koj poteg!! Tie ne zasluzuvaat pocit zosto ne ne pocituvaat nas!! Ova sto go baraat na sekoj cekor e bezobrazno i go pominuva zdraviot razum a vo niedna druga zemja veruvam deka ni polovina od toa sto imaat tuka ne bi dobile.
Osvestete se i obedinete se MAKEDONCI!!!! |
| Buntovnik, 29.11.2012 08:58:36 | Ivanov nema isprateno nikakva politicka poraka do Tirana. Toj samo reagirase (nesmesno i kako politicki diletant) na mnogu jasnata poraka od Tirana. Ako toj sakase da prati politicka poraka, togas toj trebase da otide vo Tirana i da ja kaze jasno i glasno porakata. No zatoa ti treba ubeduvanje i hrabrost, sto za zalenje za ovoj covek toa se teorii za nuklearna tehnologija. |
| Само информација, 29.11.2012 10:04:02 | Јован,беа присутни претседателите на Словенија,Хрватска и Црна Гора,од други држави имаше претседатели на Собранието на неколку држави,потпретседатели,министри за надворешни рабои како и високи претставници од меѓународни институции. |
| kajo, 29.11.2012 11:37:05 | srbite vo kumanovo slavea samo so srpski znaminja i so amin na vladata pardon vie ste braqa ve razbiram izvinete |
| Biljana, 29.11.2012 11:47:10 | Predsedatelot Ivanov mislam, mnogu pametno postapi. Poddrska do Predsedarelot. |
| bb, 29.11.2012 13:55:36 | ochekuvan i ne izbrzan sosema vo red odluka |
| Baba Zumbula, 29.11.2012 14:12:40 | Prosti mi Evdo moram malku da go iskaram sateto tvoe,zumbuljceto moe.Nemoj da se lutis,za dobro ke e.Deka e zaglaveno na 33 vrtenja e jasno,deka LP to preskoknuva i toa go gledame,a preskoknuva koga muzikata e neubaa,pa ne mu se slusa.Zumbuljce, vo diplomatijata i politikata postojat normi i pravila na odnrsuvanje.Postoi KURTOAZIJA!Berisa i Taci bea ovde i samite si bea domakini, kako da si se doma?! A koga veke trebase da se odi na proslava,a pretsedatelot otkaza (otkaza,otkaza, na nikogo nisto)no trebase da se prati i nekoj na ski,od politicka kurtoazija.Nie prakame vojnici da marsiraat (i da se isvirkani neli),a vo stvarnost nemame nikoj.Ama ti zumbuljko izgleda gi utna godinkite za igra, pa sega si igras drzava.Si gi merite jarbolcinjata,si kopkate palmickia,si igrate na plazicki,a?!.Baba ti Evda strogo te drzela,pa sega si kako pes pusten od lanec, so pena na ustata.Toa i me zagrizuva mori Evdo,simptomi na besnilo i izgubenost.E dunece na Evda,zumbuljce moje,orle nase,patriotsko! |
| EU, 29.11.2012 19:23:11 | Dokolku Nikovski e vo pravo za starite senista sto se nadvivaat na Balkanot, istite nema da gi odbegneme so pikanje glava vo pesokot. |
| Баба Евда, 29.11.2012 20:48:56 | От , мор Зумбуло , си толку строга спрема дунечето , мое , зумбуљчето твое и орљето на дедо Ефто?! Па бабичка него го научи дека кога е г’сто , патриотски е да избегаш во Америките или да се сокриеш на Водно! Па не смееме сите да изгинеме , треба некој да остане да ги опева јунаштвата наши! А , дека шатето не е препаметно , не му фаќај кусур , па нема да го главиме советник на Сезнајко! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Делумно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 5°C, Мин: -1°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (17)Тито под притисок да се повлече – Јованка го спасува.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|