03.12.2012, 14:48 Ранет вработен во скопската полиција
Утринава, во 5,30 часот, на улицата „Сава Ковачевиќ“, во скопската населба Кисела Вода, родители си го пронашле синот со повреда нанесена од огнено оружје. Ранетиот М.С. (32), кој е вработен како цивил во СВР - Скопје, имал повреда во пределот на градниот кош. Увидна екипа го пронашла неговиот службен пиштол и една чаура. Повредениот бил пренесен на лекување во Ургентниот центар во Скопје и тој се наоѓа во животна опасност. (Љ.С.)
|