Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
04.12.2012, 13:47

iPhone 5 во Македонија од 14. декември



Новиот модел комплетно изработен од алуминиум и стакло поседува 4 инчен екран и ја поддржува технологијата LTE/4G

Според официјалното соопштение на веб-страницата на „Епл“, iPhone 5 ќе почне да се продава во Македонија од следниот петок, 14. декември. Точните информации за цената, местото и времето на продажба треба да ги објави носителот на правата за продажба на овој производ во нашата земја, а досега тоа беше Т-Мобиле Македонија.

„Епл“ во соопштението истакнува дека iPhone 5 на 7 декември ќе почне да се продава во Јужна Кореја, додека во Македонија, како и 32 други земји (меѓу кои и Бразил, Русија, Кина) најнапредниот светски смартфон ќе биде достапен од 14 декември. Во останатите 20 земји (поголем дел од Африка), продажбата ќе започне 7 дена подоцна, односно на 21 декември.

Новиот iPhone е компл��тно изработен од алуминиум и стакло, со метална заднина. Станува збор за најтенкиот смартфон на планетата (7,6 милиметри), со што за цели 18 проценти е потенок од претходниците 4 и 4s, додека дури 20 отсто е полесен (112 грама. Прво што се забележува е поголемиот екран со дијагонала од 4 инчи (10,1 см) и ретина резолуција од 1.136 х 640 пиксели – кој сега дозволува приказ и на петтиот ред апликации, а би требало да го олесни пребарувањето, сурфањето, читањето, испраќањето пораки и сите останати акции на смартфонот. Поради зголемувањето на висината на уредот, но не и на ширината, екранот на новиот модел е во формат 16:9, а се одликува и со прикажување поживи бои и зголемен контраст.

Сензорите за допир се вградени во самиот екран, за разлика од претходно кога беа под дисплејот, поради што е дури 30 проценти потенок и помалку склон на отсјај. Новиот модел го покренува двојадрениот чип А6, кој од компанијата тврдат дека е два пати побрз и 22 отсто помал и поштедлив од претходникот А5. Тоа всушност значи до два пати побрзо ќе се покренуваат апликациите, ќе се вчитува музиката, ќе се сурфа, но ќе има и подобро и побрзо искуство при играњето.

Една од главните новини е воведувањето на технологијата LTE/4G, но за жал, новиот телефон ја нема технологијата NFC која е присутна кај конкурентските модели и за која се шпекулираше дека може да се појави во новиот iPhone. Ова е прв LTE уред на „Епл“, а конечно има поддршка и за побрз 5GHz 802.11n WiFi.

Камерата iSight е речиси иста како и кај 4S, со 8 мегапиксели, но потенка, со подобра осетливост во услови на слаба светлина и подобрена брзина во работата. Новина е воведувањето на опцијата за правење панорами, а стандардно камерата снима видеа со 1080p. Големо подобрување има кај предната камера, која сега има можност за снимање на 720p клипови, како и остварување видеоразговори со висока резолуција.

Батеријата би требало да издржи осум часа разговор и сурфање на 3G и LTE мрежите, односно десет часа на Wi-Fi, како и десет часа видео, 40 часа слушање музика и неверојатни 225 часа во standby мод.

На iPhone 5 е унапреден и аудиосистемот, содржи дури 3 микрофони (горе, долу и одзади), а звучниците добија нов дизајн, па сега се 20 проценти помали. За оние што веќе имаат дополнителна опрема и галантерија за iPhone, проблем ќе биде воведувањето на новиот целосно дигитален конектор со интересно име – Lightning, кој е за цели 80 отсто помал од десет години стариот 30-пински конектор. Со iPhone 5 ќе се испорачуваат и новите слушалки earpods, кои имаат невообичаен дизајн што треба да го подобри искуство при слушањето музика. (Н.Б.)





Статијата е прочитана 1545 пати.


Испрати коментар



Хуманите добија „Аплаузи“
Туширање - барем еднаш годишно
Нацијата чека крал или кралица
Што прават
Моите деца ме пораснаа мене
Каспер е само мала секс-играчка
Бившиот свршеник бара 100 милиони долари



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -4°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (19)
Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - Случајот со Џулијан Асанж е привид
Ликовната уметница Христина Иваноска вели дека дарбата е единствениот простор во кој знае дека е слободна, зашто мислата...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |