04.12.2012, 16:59 Мое ќоше
Буна во Словенија
Ерол Ризаов
Што им стана на мирните и културни Словенци што наеднаш збеснаа
Словенците си избраа нов претседател на полувреме меѓу две буни. Борут Пахор, поранешен премиер, по волја на народот словенечки го победи убедливо Данило Тирк, досегашниот претседател. Само 40 отсто од Словенците излегоа на избори. Не дека се баш толку аполитични, или не им се избира меѓу двајца левичари, меѓу нова и стара левица, туку некако им е снеубавено, им дошло преку глава од премногу убавина, на некогаш нашите соплеменици и содржавјани драгите Јанези. Повозбудлива им е буната против актуелната и бившата словенечка политика. Словенија се' повеќе врие, се соочува со најголеми и најжестоки протести и улични нереди откако прогласи самостојност и независност. Има десетици повредени и голема материјална штета.
Што им стана на мирните и културни Словенци што наеднаш збеснаа. Како се случи тоа. Да не аздисаа да бараат преку леб погача, или отвораат еден нов процес, како и секогаш први на овие простори. Пред еден цел месец на мариборчани им се преполни чашата кога открија дека нивниот градоначалник одлучил да склучи договор со приватна компанија за наплата на казни за брзо возење по градските улици. Прво работите тргнаа мирно, со маршеви по улиците за да прераснат во нереди и изливи на општо незадоволство од корумпираната политика на мариборскиот градоначалник. Потоа протестите добија нови димензии. Се проширија како пожар во другите градови на Словенија, во Љубљана, во Копер, во Нова Горица, во Ајдовчина, во Ново Место, во Велење, во Трбовле.... Политичкиот естаблишмент се вознемири и видно уплаши. Премиерот Јанез Јанша предупреди дека „Словенија може да тргне по грчкото сценарио“ ако продолжат уличните протести. Никој не го послуша. По неговиот апел, само во Љубљана имаше 20 повредени и 33 уапсени луѓе. Дали е тоа крај? Не. Нови масовни протести се во тек од понеделникот, веднаш по претседателските избори. Полицијата веќе дополнително е вооружена со солзавец, а политиката разгледува планови како да се сопре стампедото ако тргне народот. На социјалните мрежи се шири повикот. „Ова е буна“. Во Крањ повеќе илјади луѓе протестираа против сите политички опции - и леви, и десни и централни. Демонстрантите велат дека не гледаат во ниту една партија заговорници на правна држава. Ги извадија плакатите на кои го напишаа истиот текст како Србите против Слободан Милошевиќ: „Готов е“.
Ситуација стана ептен сериозна кога и студентите излегоа на улица, кои се бунат против намалување на буџетот за образование во наредната година, во Марибор се борат против градоначалникот, во Љубљана против мерките за штедење, во Крањ против сите политики, а најмногу барања се упатени за функционирање на правната држава. Словенечката дежала бара војна против корупцијата, воспоставување владеење на правото и нивната земја да почне да личи на социјална држава во која нема се' да се прекршува преку грбот на народот. Видлива е жалта за Југославија, што се објаснува така што, всушност, тоа не било југоносталгија, туку било потрага по општествен поредок во кој обичниот човек се чувствувал заштитен за разлика од овие капиталистички времиња. Па некако тоа многу личело како жал по Југославија. Не по врат, по шија. Ако на тоа се жалат Словенците, што да кажеме ние.
Во Македонија малку се следат настаните во Словенија. Ние секогаш сме си биле доволни сами на себе. Поубаво ни е кога гледаме сеир во комшискиот двор. Ама и кај првите соседи многу често не можеме да ги видиме работите како стојат, туку како ние ги гледаме преку оградата. Отсекогаш сум мислел, и кога бевме со Словенците во заедничка држава и сега, дека нашиот Запад е Словенија. Едното око секогаш треба таму да ни гледа. Се разбира, не за лоши, туку за добри работи. Ветерот на промени во Југославија почнувал да дува од Алпите надолу, само што јужниот талас секогаш го ублажува северниот ветер додека стаса во Македонија и редовно работата станува „што јужније, то тужније“. И Хрватите кои будно ги следат настаните во соседството стравуваат да не дувне југо, па да ги разводени работите. Деновиве еден Хрват од „Лијепа наша“ им напишал на пријателите во Словенија: „Драги Словенци, кога ќе завршите со протестите во вашата држава, слободно дојдете во Хрватска, народот наш ќе ве бодри на интернет“.
Која порака ние да им ја напишеме на Словенците.
Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот
|
Статијата е прочитана 2754 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Dimce, 05.12.2012 00:17:41 | Nie nemame gajle........ziveeme vo rajot na Gwujo i kompanija.......... i tuka nema lugje, tuku amorfna supstanca koja kolku povekje ja mesis, podobro im e........Nazdravje Makedonijo......... |
| respekt, 05.12.2012 00:38:07 | Пораката што ние треба да им ја испратиме на Словенците гласи ,, Драги Словенци, кога ке завршите со протестите во вашата држава, слободно дојдете во Македонија сосе интернет коментаторите од Хрватска, нашиот народ ке ве бодри со шепотење,,. |
| Mapkoc, 05.12.2012 01:32:04 | Борут Пахор по волја на народот словенечки станал претседател., ни соопштува авторот. Би рекол да е тоа „волја„ под прашалник. Затоа што за него гласале 28,35 одсто од бирачкото тело, а права работа би била да било барем мрвка над 50 одсто. Имено, изборната комисија јавила дека гласале само 42,07 одсто од бирачкото тело, а од нив 67,40 одсто гласале за Пахор. Тој по победата беше восхитен и еуфоричен, исфрли силни ветувања, од кои мало што може да се исполни и задоволи загрижениот народ, бидејки му се овластувањата повеќе парадни. Секоја сличност... |
| EU, 05.12.2012 01:42:57 | Ladnite Slovenci nikogas ne se vozbuduvale okolu minatoto, istorijata, antikata, istoriskata golemina na nivnata drzava, tie si bea i si ostanaa pragmaticni. No, da ne se drzne nekoj da im brcne vo dzebot. |
| USA, 05.12.2012 02:07:24 | Драги наши словенци, кога ќе завршите со протестите, дојдете во Македонија со животно искуство да ни објасните колу брзо детеоритира состојбата на една држава и нација кога ќе свиткаш кичма. Како државниот буџет во најголема економска криза одвојува тешки милиони евра за спас на Грција за атер на некој од Брисел. Барем по ЈУС го имавте Кардељ па тегнеше. Типови како Талер, лапаат словенски пари од грците. Не се секирајте. Иде Божик и викајте Јелко, Јелко.........Кацин. Може тој ќе заврши работа. |
| ZADOVOLEN OD DPMNE, 05.12.2012 08:05:54 | Почитуван автору,ние нема да штрајкуваме,нема потреба да се буниме,а и зошто би го правеле тоа кога убаво си живееме,кога имаме најдобар стандард на Балканот и меѓу најдобрите во Европа.Имаме најдобар Премиер,вреден амбициозен,кој се држи под цврста контрола,премиер кој на народот МУ ГО КРЕНА најмногу што можи моралот за живеење,му овозможи евтина струја,евтин бензин,евтина храна,бесплатно образование,бесплатно здравство,патување без визи насекаде по светот,направи феноменални споменици,паркови за уживање.Па што би посакал овој народ повеќе од ова.
Не ми е јасно што сакаат овие докториве,па се бунат.Вели Миленко Американците ги тераат,изгледа така е.Ако вака продолжи животот во Македонија се помалку ќе има кој да штрајкува бидејќи многу народ отиде јабана,ама кој ги мати нив,тие не се ВМРО-ОВЦИ,нам не ни требаат С��БОКОМУНИСТИ и симпатизери на БРАНКО,ГРУЕВСКИ ќе очисти се што не мисли како него,ако треба половина народ нека замини,ама ќе останат тие што не го даваат името,тие што штед |
| марко, 05.12.2012 08:11:49 | До респект: Уште една мала исправка .Нашиот народ ќе си гледа сеир. |
| Miki, 05.12.2012 08:31:15 | Nekoj lapa pari od Grcite, a nekoj bogami od Amerikancite - pak predizborno go pocestija preku Svetska banka 50 milioncinja! Grujo si seta po Amerika, Vujce Sem go polni budzetot - prav odnos na tatko i sin, tolku posakuvan od sekogo! A poslusniot sin doma smee da pravi sto saka - da krsi, da tepa, da apsi..! Ne, nema da ima ovde buna, zasto problematicnoto dete ima mnogu jak potatko - najjak na svetot! p.s, cudno sto nikoj od opozicijata nema hrabrost ova javno barem da go kaze - ,,ma politika je to, nego sta,,!! |
| ФЕЛИКС, 05.12.2012 08:52:50 | Очевидна е,,жал та за Југословенската младост,, не само кај Словенците туку и кај другите народи од ексЈУ просторите.Па поради тоа ЕУскептицизмот наголема тропа на вратата и кај Словенците и кај земјите аспиранти.По се изгледа работите за Словенците можат да се дефинираат под,,прв во Југославија,,некогаш а сега на дното во ЕУ.Инаку околу разочарувањето на авторот за тоа ,,зошто тука вакво нешто не се случува,, е разбирливо но недоволно разработено аналитички.По мене се работи до квалитетот на човечките ресурси од опозициски карактер.Ова е точно ако се знае да предходно Словенците направија НАДЕЖ-на пиар програма за рушење на власта тука. Програма платена со буџетски председателски средства а како краен епилог изборна катастрофа на нарачателот на пиар тактиката за освојување на власта. |
| Buntovnik, 05.12.2012 08:59:23 | Ние секогаш сме си биле доволни сами на себе.
Potazno nesto ne mozam da zamislam. |
| Коста Стоименовски, 05.12.2012 09:29:32 | Свој коментар за Словенија и Словенците веќе дадов на написот што е објавен во денешниот број на УВ под наслов: „Се повампируваат ли кризите на Балканот“. Сега би додал дека Словенија, благодарејќи на својата географска позиција, во времето на (СФР)Југославија ја имаше улогата на мост меѓу остатокот на СФРЈ и Европа, поточно западните европски земји членки на тогашната ЕЗ. Словенците, за разлика од останатите ју-републики, мошне добро ги знаеја своите сметки и интереси во Федерацијата и имаа силни политичари, почнувајќи од Б. Кидрич, Е. Кардељ, С. Доланц, па се до М. Кучан, кои знаеја како да ги застапуваат и бранат интерсите на својата република! Во еден мој напис од пред неколку години напишав дека Македонија не мораше да има „генијални“ политичари и економисти, но требаше да гледа што прават Словенците и да го следи нивниот пример, а посебно во развојот на економијата! |
| Gargamel, 05.12.2012 09:50:56 | Vo demonstraciite vo Slovenija najbrojni se naturaliziranite slovenci so bosansko,hrvatsko,a vo golem broj i makedonsko poteklo,rabotnici od gradeznistvoto.Vegrad-Velenje,SCT-Ljubljana,Primorje -Ajdovscina,GPG-Grosuplje i poveke pomali gradezni kompanii,so blagoslov na drzavniot establisment,involviran vo finansijskiot kriminal ostavija na ulica so fiktivni stecajni postapki,a so predhodno ispumpan kapital,bez plata i pridonesi po najmalu 6 meseci,rabotnici od Bosna,Hrvatska,Makedonija,so steknat status za stalen pretstoj ili dobieno slovensko drzavjanstvo,samo vo Vegrad 600 rabotnicki semejstva.Jansa so svojata politicko biznis bratija i pokraj otkrienite i otvoreni vo Finance krininali go transformira kapitalot,so reformi slicni na nasiot biznis politicki establisment,vo svoi smetki po Kjmanskite i Svajcarskite banki.Hilda Tovsak,generalnata na Vegrad so svoja privatna firma kupi plac vo centarot na Ljubljana za 4,5 mil. evra od drzavata i go prodade na Vegrad za 21,5 m. e.Poznato,a |
| Внимателен читател, 05.12.2012 10:17:30 | До Маркос и Феликс. Ги ценев коментарите на госп Маркос што ги праќа од време на време, ама овој пат стана како Феликс. Па тоа ли е најважно колку излегнале словенците. А башка авторот тоа извонредно го објаснил и децидно кажал дека излегнале само 40 проценти. Па Маркосе тоа ли е најважно во овој текст како е избран словенечкиот претседател. Ваљда е поважно нешто друго, или имаш замор на материјалот, или треба две читања.
За Феликс се е јасно тој си е платен да тресе зелени, за да го отргне вниманието. Авторот треба да му е благодарен, ја зголемува читаноста на неговите текстови. |
| Mudri i krotki, 05.12.2012 10:23:00 | Nie si imame narodna mudrost: Navednata glava sabja ne ja seci - pa si se odnesuvame vo sklad so nea. Posle ni bile vinovni balkanskite drzavi i Balkanskite vojni?! |
| Баба Евда, 05.12.2012 10:35:47 | Стара сум , па заборавам , но кога го биравме Хорхе , одвај се помина цензусот од 40% . Така да е потполно сеедно колку излегле во Словенија. Тоа е нормална бројка, особено за претседателски и локални избори. За шатето мое ма НАДЕЖ , откако орљите се вратија во гнездата , се осмели пак да пишува , стана арсљан , а кај и да е и пастирот ќе смее да се врати дома. Вредно момче е тоа , и во егзил се сретнува со кметови по УСА , може ќе убеди некој бозаџија да дојде овде да инвестира.А . што ние не се буниме како Словенците , тоа е нормално , штом водиме потекло од врската на Александар и Хефастион! Да ни беше Роксана мајка или Стагира , ќе си бевме талибанци и ќе се буневме. Така ли е , тефлонче на баба , БЛАГОНАДЕЖНО? |
| jovan, 05.12.2012 10:46:59 | Slovencite imaat iskustvo so rusenje drzavi na kongresi. Mozebi na nekoj takov iden Evropski *kongres* ke ja srusat i EU. Kako i da e, sala na strana, no ovie protesti poveke se dolzat na toa sto slugata Jernej (narodot) povtorno e obespraven, explatiran i opljackan. Slugata Jernej barem vo knigata ne bil opljackan. Samo bil obespraven i explatiran, dodeka denes vo *modernovo* vreme plus i te pljackaat, vo slucaj ako nesto uspees da zarabotis za zasteda. Imame sreka sto nasiot Jernej e naucen da zivee samo so leb i sol, da bide ugnetuvan, manipuliran, lazen, kraden... pa seto toa mirno ke si go posmatra. Mnogumina(eve kako mene) duri i ke iskomentiraat po nesto(radi reda). |
| devicanecot, 05.12.2012 11:01:28 | Европа Здај!!
Од први најбогати и најповластени во СФРЈ, последни и најсиромашни во Европа.
Тоа самите си го сакаа.
Народот кажува дека што ќе си посееш, тоа и ќе си жнееш.
Ова не е затоа што јас им се ситам на Словенците, туку затоа што дозволија некој да ги заведе, или народски кажано да ги излаже.
Слично е и во прибалтичките земји: од први и најповластени во СССР, сега Европската унија си игра мајтап со нив. |
| Кераунос, 05.12.2012 11:08:01 | До Феликс,
Незнам со кое право ги коментираш по се одлич
ните коментари на г.Ерол,секогаш со вмро-вска диоптрија критикуваќи ситни пари употребени од едн претседател,а сосема си во заборав за енор
мните пари што ги троши оваа влада,ама баш,за
глупости.Алузијата за човечките ресурси кај опо
зицијата не ти одат во прилог ако се прави некоја
споредба со онаа од вмро.Па со какви ресурси ,ми
слам интелектуални,располага вмро???Оние на пр
емиерот,на педоминистрите,на амбасадорита на ..
..Кај ти е умот Феликс под услов да го имаш? |
| mile spirovski, 05.12.2012 11:56:15 | Prav novinar si.Bi trebalo covek kako tebe da e presedatel na ovaa drzava a ne kako ovoj poltron na se lici samo ne na presedatel.Pozdrav. MILE
|
| Komentator, 05.12.2012 12:16:43 | Ova ne e cudo ke bide cudo Svajcarcite koga ke pocnat da se bunat ...ustvari koga ke im gi zemat od bankite teskite miljardi od postenite Grci ...!!! |
| Баба Ката од Секулицу, 05.12.2012 12:19:25 | Ероле, јасна е работава.Дојде ѓаволот по своето. Нема затворен пазар од 22 милиони население кое купуваше западноевропски реплики произведени во Дежелата. Нема ни џабе сировинска база. Замисли Ероле, Зеница произведува шини за железница но, без оние дупки за заштрфување.Истите шини се носат во Словенија, таму се отварат тие дупки за штрафовите и,на крајот, се продават како словенечки производи.За јаболки, грозје,вино и др. да не зборувам.Помина тоа и еве дојде улицата... Европа здај! |
| Mark, 05.12.2012 12:37:02 | Ilija studentu, samo felix li ostana da gi brani glupostite? Ili toj e tvoeto alter-ego? Pisuvaj(te) pocesto, davate materijal sto poveke luge da vidat kolku vi tezi crpkata! |
| Baba Zumbula, 05.12.2012 12:47:05 | Evdo mori,ova blagonadeznovo ti teflonce ocakali se!!!Standardni 33 obrtai i kinenje zeleni, povtorno!!Nadoknaduva li Evdo honorarite zs ne bese pisal mnogu, nemase vreme, em slavese,em shota igrase,em orelji gledase, im se iznagleda!E sega otkako *muskulfiberot* od shotkata mu potpomina i mlecnata kiselina mu se razlozi vo muskulite, moze da se forsira blagonadeznata parola *tzi dupka ne e dupka*.Erol ubavo pisuva i na krajot sporeduva,no bi dodal da na edna bezlicna amorfna masa veter ne i moze nisto,pa duri i da toj veter bide uragan. Amorfna masa si e amorfna masa Erole. |
| milko, 05.12.2012 12:52:08 | do baba evda. isto godiste sme i ja i ti ama ti so polna penzija a ja so polovicna.tvojata fabrika potraja malku poveke mojata ja lapnaa pobrgu i nemav staz za cela ama spolajmu na boga mi dadva kakva takva pomos i mene duri i na gulabarite.ostajgo sateto opulise vo ogledaloto ili niz pendjera od kajduvat vetrot.seti se koj ne donese na ova deregje zosto e tesko da odbervis megu kameno i drveno. sateto go grabnal drvenoto a ti kamenoto ama na kameno mnogu studi.poz |
| Plashliv t.e. makedonche!, 05.12.2012 14:08:41 | Respekt za komentarot na respekt. |
| Vinci, 05.12.2012 14:32:07 | Slovencite koi dobro gi znaeme kako miren i trudoljubiv bratski narod, i na toj standard koj go imaat, sto za nas e mislena imenka imaat doblest da izlezat na ulica i protestiraat najpoveke za vladeenjeto na pravoto i protiv korupcijata!Ako napravime paralela so naseto sekojdnevno bitisuvanje, sogleduvame deka sme pomali od makovi zrnca (cest i cast na belite mantili), pa do kade treba da potoneme i nie da izlezeme i napiseme *Gotov e*!!!!!????? |
| пријател, 05.12.2012 19:06:34 | Словенците само го бараат социјалниот мир,стабилноста,вработеноста,стандардот што го имаа во Социјалистичка Југославија. Словенците увидоа дека самостојноста на државата и капитализмот не им донесе ништо добро.Напротив,се`им направи полошо.Не може да се прави споредба помеѓу Словенија и Македонија,затоа што и денес Македонија е далеку посиромашна од Словенија (GDP 50 милј.$ Сл.,10 МК,при исти број на жители),а да не зборуваме како е Словенија организирана како држава,а како Македонија. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -5°C
Облачно
|
Понеделник
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -4°C
|
Вторник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|