Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
04.12.2012, 17:52

Мислења

Илузијата за голема Албанија

Нано Ружин

Голема Албанија, која Албанците ја правдаат со братското обединување во рамките на ЕУ, повеќе е продукт на политичкиот илузиционизам од стилот на Дејвид Коперфилд отколку реална политичка опција

За време на студената војна Европа го заборави Балканот. Историчарите и геополитичарите го избегнуваа терминот Балкан, кој потсетуваше на политичка нестабилност и расцепканост, тајни друштва, злосторства, проекти за мегало-идеите на Србите, Хрватите, Бугарите, Македонците, Албанците, но и на депортациите, логорите, геноцидите. Западните аналитичари го презираа Балканот давајќи му епитет на анус на Европа, мекиот стомак на континентот. Распаѓањето на југословенската федерација и меѓуетничките војни во деведесеттите потсетија на непредвидливоста на балканската барутана и на нејзиниот homo balkanikus.

Пораката на Васа Чубриловиќ од триесеттите дека „единствено еднонационалната држава може да се грижи за безбедност на народот“, ја прифатија сите балкански лидери во деведесеттите. По повод комеморацијата на Косовската битка од 1389 година, Слободан Милошевиќ во Косово Поле изјави: „Србија се наоѓа пред нова битка. Тоа не значи дека ќе е вооружена, но и тоа не треба да се исклучи“. Идеите за голема Србија ќе ги развијат Добрица Ќосиќ, Воислав Шешељ и Вук Драшковиќ, кои сметаа дека постоење на еден народ во пет држави не е можно. Србија ќе тргне во обединување на сите српски територии на Балканот.

Едновремено и проектот за голема Хрватска, зад кој застана Фрањо Туѓман, ќе тргне од истата логика: масовно етничкото чистење на хрватската Српска Краина од етничките Срби. Неговиот национализам и шовинизам ќе потсети на усташтвото: „Среќен сум што мојата сопруга не е ни Србинка ниту Еврејка“, изјави Туѓман. Масата ќе го отпоздравува со староримското подигање на раката како Дуче во фашистичка Италија. Во нешто посмирена варијанта национализмот ќе се сретне и низ лилјаните и фундаментализмот на Изетбеговиќ како и низ останатата фауна и флора во Македонија, Црна Гора, Словенија, Косово. Кон крајот на деведесеттите слична националистичка утопија ќе афирмира косовското УЧК. Портпаролот Јакуп Красничи еуфорично ќе воскликне: „Ние сакаме повеќе од независноста на Косово. Ние сакаме обединување на сите Албанци на Балканот“.

По научените горчливи лекции, во третиот милениум, се сметаше дека национализмите и проектите на големите држави, кои секогаш бараа територии за сметка на соседите, ќе останат во 20 век. Меѓутоа, кризата на идентитетот, недозреаноста и популизмот на политичарите ќе ги стимулира да ги обновуваат старите панетнички соништа. Сите балкански политичари продолжија да го култивираат комплексот на жртви на историјата. Годинава во Србија на власт дојдоа некогашните најблиски сојузници на Шешељ, а радикалните неонацисти, како Образ или Српска акција, слично на грчката Златна зора, се фокализираа врз странците. Во Хрватска нацистичкиот рокерот Марко Перковиќ-Томсон и хашкиот осуденик Анте Готовина прераснаа во политички легенди. Во Македонија откако националпопулизмот реши да го доградува идентитетот со антички споменици и сказни, ја започна македонизацијата на улиците, плоштадите, училиштата.

Напоредно, масовните еднонационални еуфоричните изливи на спортските успеси предизвикаа анимозитет кај албанската заедница. Беа палени државните знамиња, автобуските тепачки зачестија, неколку нерасветлени убиства на национална основа ескалираа, а патем и албанската страна со своите масовни манифестации по повод Денот на знамето, азбуката и независноста на Албанија го реализира националистичкиот реванш. Националистичката иконографија и содржината на политичките и верските говори и дружења на Албанците создадоа неповолни реакции кај Македонците. Навивачите Комити, импресионирани од најавите на албанските политичари, веќе најавија обединување по етничка основа.

Дали е на повидок оживување на стариот проект голема Албанија. Албанските интелектуалци повеќе молчат отколку што смируваат. Феноменот на албанскиот национализам, како и останатите балкански народи, има свој историјат. Историчарите го пронаоѓаат во големите политички и општествени настани во рамките на Отоманската империја од крајот на 19 век. Процесот на конструкцијата на албанскиот национализам нема ништо линеарно. Првите изливи на албанскиот национализам се промовирале во Грција и Италија во почетокот на 19 век, во вилаетот на Јанина, во Епир.

Во 1878 г. со конституирањето на Призренската лига бил означен големиот пресврт во албанизмот. Посебно значење и' било дадена на издавачката дејност на албанскиот јазик. По револтот од 1911-12 меѓународната заедница ја признала независноста на Албанија. Европските албанолози, како Натали Клејер, сметаат дека религиозниот идентитет не играл позначајна улога во конструкцијата на албанскиот национализам. Единствено кога требало да се мобилизираат силите на теренот тогаш религијата добивала позначајна улога. На пример, во регионите каде што Албанците муслимани биле во мнозинство наспроти Србите, Македонците или Грците, албанизмот се потпирал врз исламот. Сепак, политичките култури на албанофонските популации, расцепкани меѓу Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија останале некоординирани и разновидни. Денес нивните политички хоризонти се центрирани врз државите во кои живеат, со еден бемол за Косово и Македонија, каде што границите се пропулзивни. Дури и за време на Отоманската империја, кога не постоеле граници, албанските региони биле индиферентни кон останатите албански групации. На пример, политичкиот хоризонт на вилаетот од Косово бил сосема поинаков од вилаетот на Јанина во Грција.

Идејата за една Голема Албанија повеќе се должи на медиумите, политичките авантуристи или емотивните напливи како оној на Бериша за време на одбележување на стогодишнината од независноста на Албанија. Меѓутоа, постојат институции како Албанската академија на науките, која веќе две децении ја заговара идејата за единственоста на албанска нација. Во таквата функција и содржините на учебниците се променија. Тие веќе не се занимаваат со историјата на Албанија, туку со историјата на Албанците во разни делови на Балканот. Напоредно, неколку политички групации ја негуваат идејата за етничка или природна Албанија.

Неодамнешниот мегало-наплив прв пат беше искажан од високи албански функционери и се должи на повеќе фактори. Според балканската шема, национализмите испливуваат за време на одбележувањата на историските јубилеи, како што беше 100-годишнина од независноста на Албанија. Воедно вообразеноста на Бериша се должи и на членството Албанија во НАТО и на неговиот втор мандат на владеење. Патем, го изгради автопатот на голема Албанија, кој го поврзува Косово со матицата, а во моменти на занес истакна: „Ако треба нашите жени ќе го продадат и последниот накит за да се доврши патот“. Убаво и патриотски кажано и за многу употреби. Западот и НАТО внимателно ги следат овие процеси и ги сметаат за маргинални. Секако мегало-идејата може да дегенерира во опсесија доколку политичарите зачестат со популистичкиот иридентизам. Белки колективното сеќавање на балканските народи, кои платија високи цени за популистичките проекти, се' уште е свежо. Се прашуваме дали некој бара да се повтори историјат и логиката на Клаузевиц? Ако се послужиме со јазикот на заговорникот на реалистичката теорија Хантингтон, идните конфликти ќе бидат конфликти на културите и религите.

Неколку линии на фрактурите поминуваат токму низ Балканот. Националистичките авети на еуфоричните албански лидери не ги оставаат индиферентни старите геополитички оски на православието, Белград - Скопје - Солун. Засега иконографските проблеми околу името ја отежнуваат таквата оска, но во услови на криза таквите проблеми се маргинализираат. По еуфоричните изливи на национализмот на Албанците од оската Приштина - Тетово - Тирана - Јанина никој не гарантира дека македонската политичка елита по разочарувањата со НАТО и ЕУ не би можела да се пренасочи кон православната оска, каде што банката ја држи Москва. За жал, Балканот и натаму останува буре барут, кое може лесно да го запалат разните политички авантуристи и илузиционисти. Илузиите за голема Албанија кои Албанците ги правдаат со братското обединување во рамките на ЕУ, повеќе е продукт на политичкиот илузиционизам од стилот на Дејвид Коперфилд отколку реална политичка опција која може да предизвика нови балкански војни.

(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 3929 пати.


Испрати коментар



Прво економски, па наталитетски бум
Инвестициски пост
Писма - Штрајкот не се решава со закани
Писма - Кој да ги просветли „просветителите“
Буна во Словенија
И Карла на суд



Mirko, 05.12.2012 08:27:24
Site mlado sozdadeni drzavi po raspadot na Jugoslavija, baraat mesto i pocit. I tuka e se vo red. Ama, da bides pocituvan i priznat treba da imas i nekoj t.n.pedigre. Svet toa go ceni. Po mene, kaj nas postoi kompleks i to nepotreben, da dokazuvame deka sme stari i postari od bilo koja druga nacija. Zosto sega treba da pisuvame i tvorime, nesto sto e odamna poznato. Istorijata ne pocnuva od nas i od nasata tumakenja. Mrav moze da se iskaci i na Himalaji, ama e pak mal. Treba da ziveeme vo sloga so site sosedi i site nacii, pa so toa ke dobieme i pocit, a so toa i samopocit.
ФЕЛИКС, 05.12.2012 09:08:05
Да не би се преповторувал кој колку,како и зошто допринел во фестивалскиот изблик на национализам и јавно презентирање на желбата сонот за Голема Албанија да се оствари,би се задржал само на Коперфилдскиот аспект на гледање на работите на авторот.Западните Давидовци во 90-тите години на минатиот век а за време на војните на екс ЈУ просторите не убедува да границите се неменливи и ќе бидат такви какви што се зацртани после втората светска војна.Сето поткрепено дека ќе нема Голема Србија,ќе нема голема Хрватска.За по неколку години се заборави на сето ова и Давидовците формираа нова држава на Балканот,со промена на границите на постоечката држава.Сега овие охрабрени да имаат две држави од ист етникум фрлаат око и на делот тука и кај соседите за нешто Големо.Сето помина со благ укор на Давидовци и ништо друго.Затоа и степенот на национализмот кај западниот премиер доби во интезитет.Затоа не треба да се верува да тоа е илузија,оти стварноста ќе не демантира ите како ако вака се продолжи.
Леонид, 05.12.2012 09:12:51
Повторно од докажаните анационални ликови се пакува приказна за некаков македонски национализам. За тоа време тивко се спроведува етничко чистење во единиците на локална самоуправа под контрола на малцинството. Се додека имаме вакви ликови како Ружин кои се класична аморфна маса, ние македонците ќе имаме проблем да ги следиме и да им парираме на процесите кои што се случуваат.
Albanka, 05.12.2012 09:47:29
Prirodna Albanija ne e iluzija, nitu mediumska ili politicka avantura. Istoto vazi i za prirodna Srbija, prirodna Hrvatska. Problemet na srbite ne bese sto sakaa site da ziveat vo ista drzava, tuku zelbata za okupacija na tugi teritorii i narodi. Da ne bese ova, tuku eden dogovor sekoj so svoite, Balkanat nemase da bide mekiot stomak, tuku ke bese kako Evropa. I prirodnite raboti se prirodni, srbite ke ziveat vo edna drzava, hrvatite vo druga, i albancite ke ziveat vo nivnata prirodna Albanija. Toa ne zavisi niti od politicarite so bombasticki poraki, niti od intelektulacite sto kjutat, niti od mediumite koi sakaat pogolem broj citateli. Toa e visa sila, pred koja nie zaedno so nasite kolumni/komentari se mnogu mali.
zapad, 05.12.2012 10:18:54
ruzin seuste zivee vo komunizmot za zal...kakva iluzija vel alb koga kosovo vece e drzava,albancite vo mk samo dejure se vo mk a defakto vo albanija odi prosetaj po tetovo,bitpazar...ruzin ne znae sto e toa eu,vo eu slobodno moze da se naseluvas pa makari na divo kako ciganite od romanija po eu...a albanskite partii vo mk odlucuvat za se pa koj ce moze da zapre doseluvanje na albanci vo mk koga site tri zemji ce se clenki vo eu...znaci za kratok period ce stanat mnozinstvo i ne zapadna tuku cela mk vo albanija ce vlezit,edinstven spas e podelba sega i poseben zakon koga mk ce vleze vo eu koj i kako moze da se doseluva vo mk ako nee makedonec,dobro rece eden sad politicar prosla nedela deka gleda podelba medju srbija i kosovo,vo bosna srbite vo srbija ,hrvati vo hrvatska i mala muslimanska drzava,zarem e tesko da se kaze sto ja ocekuva mk?
jovan, 05.12.2012 11:08:41
Toa sto ne im uspealo na Srbite da napravat golema Srbija ne znaci deka nema da im uspee na Albancite da si napravat golema Albanija.Golemi igri ke se igraat na Balkanov so cel da se aktivira takanarecenata*treta svetska vojna*koja treba da se odigra na bliskiot Istok(Syria, Iran...),pa na zapadot mu e potrebno:1)Da ja nagradi Turcija so vlijanie na Balkanov za da ucestvuva na strana na Izrael.2) Rusija so toa nema da se slozi, pa voedno da ja angazira vo spor na Balkanot, pogotovo so Turcija. Sto od ova ke im uspee, i kako ke se odigraat prestojnite igri, ke vidime.Ke se igra mnogu brza sahovska partija. Bojko Borisov veke dobi instrukcii od Obama da gi sabotira Rusite na Balkanov(vo Bugarija), a sto ke ispolni Bojko od tie instrukcii, ke vidime.Srbite dobija ponuda da bidat vooruzani so Rusko oruzje po povolni ceni i uslovi. ..i da ne nabrojuvam uste sto se doprva ke se slucuva i nudi na Balkanov. Nie kako i po obicaj, spieme, sto znaci mozno e da bideme ostaveni za raskusuruvanje.
Star caircanec, 05.12.2012 12:07:29
E ..ajde Nano ..nanas ti uste vo kolepka ..koga ne gledas deka pola Skopje e albanizirano Skopje vo koe prd 50 godini nemase nitu eden Albanec vo Cair...Bese zemjotresot ni vikaa nisto ne popravajte se ke rusi od zelezen most se novo ke pravime ...a ona nekoj nedokvakan dojdenec na vlast pocna gradba na nivite na Aerodrom a ovoj stariot del go ostavi narodot da zivee vo pregradeni cumezi ...i sekako pocna masovno iseluvanje na caircani zosto kolzet koga napraviv mi go srusija kako divogradba uste 1964 godina...I taka se otvori pat na invazija koja gospodinot Nano pod tepih ja stava i ne gleda deka toa se siri so nesogledivi posledici za nacijata...Makedonska...!!!
Јорда Јовановски, 05.12.2012 12:08:31
Нано, во контекст на Твојата елаборација на националниот романтизам и мегало идеи кај балканските народи, ќе потсетам на една работа. Имаме досега ТРИ национали катастрофи, дали на ред е ЧЕТВРТАТА? Имено, во 1913 година е БУГАРСКАТА, ( 2 Балканска војна), 1919 или 1920 г. е ГРЧКАТА по грчко - турската војна и оваа последнава Големо српската... Од Твојот текст веќе на повидок се јасните одредници и на ЧЕТВРТАТА национална катастрофа...
nacional-patriot, 05.12.2012 17:33:08
Dali ti Ruzin go opravduvas palenjeto na makedonskite znaminja i napadite vrz Makedoncite poradi sportskata euforija kaj Makedoncite od uspesite na makedonskite sportisti?Se nadevam deka ne go opravduvas nasilstvoto.Ne postoi prirodna,nitu etnicka Albanija.Ni ovaa segasna drzava sto se narekuva Albanija ne e prirodna zatoa sto ima dva posebni narodi,Gegi i Toski koi sto imaat dva razlicni jazici,a toskiskiot jazik e proglasen za oficijalen jazik vo Tirana.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Обилни врнежи

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)
Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Живот како во камено време среде Аеродром
Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 ч...
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |