17.12.2012, 17:45 Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот
Мајката на самотникот кој масакрираше 26 ученици и вработени во американско основно училиште можеби имала голема улога во неговото катастрофално ментално растројство, се дознава од информациите. Пријателите и семејството ја претставија мајката на Адам Ланца-Ненси како параноиден „преживувач“ која верувала дека светот е на работ на насилничко, економско пропаѓање.
За неа се вели дека се борела да се одржи и складирала храна, вода и оружје во големиот дом во кој живеела со својот 20-годишен син во Конектикат. Ненси Ланца (52) била т.н. подготвувач - тие што се подготвуваат за распаѓање во цивилизирано општество - која очигледно станала опседната со оружје и ги учела Адам и неговиот постар брат, Рајан, како да пукаат, па дури и ги носела на локални полигони.
Тоа имаше ужасен контраефект во петокот кога Адам Ланца го започна својот убиствен налет, застрелувајќи ја својата мајка во постела. Тој испукал четири куршуми во нејзината глава - можеби додека спиела - потоа зел три од нејзините пушки и се упатил во основното училиште „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, каде што убил 20 деца и шестмина вработени.
Тетката на Ланца, Марша, рече дека Ненси била „самоуверена“ и дека многу разговарале за тоа како таа се подготвувала за економско пропаѓање.
Ланца, која се развела од таткото на Адам, Питер, богат висок извршен претставник во компанија за финансиски услуги, во 2008 година, никогаш не сакала луѓето да ја видат внатрешноста на нејзината куќа.
Таа се фалела за оружјето во еден локален бар, а исто така му ги покажала на нејзиниот градинар. „Таа ми кажа дека и' се допаѓа решителноста на пукањето“, вели Дан Холмс, кој се грижел за големата градина околу нејзиниот огромен дом. Тој, исто така, се сеќава како Ланца одела на стрелиште со своите деца „прилично често“. „Јас ќе поѕвонев на предната врата, а таа ќе излезеше од другата страна и ќе ме пресретнеше“, рече тој. „Тоа беше малку необично. Сега е почудно кога ќе помислам назад на она што се случило“.
Што се однесува до нејзиниот син, тој беше опишан како „дух“ – гениј со аутизам, според поранешните соученици, но, исто така, и како „длабоко вознемирен“ млад човек кој бил толку повлечен што многу од неговите најблиски роднини не го виделе со години.
Но, други забележаа дека под веселата надворешност, таа била напната и се чинело дека се „обидува да се држи“. Како и Холмс, тие никогаш не го сретнале Адам, повлечениот млад човек кој имал малку, или воопшто немал, пријатели и најголем дел од своето време го минувал во две споени соби во семејниот дом. Таму тој поминувал часови на својот компјутер, голем дел од времето во играње насилнички игри.
Соседите ��елат дека Ненси Ланца, која израснала на фарма во Њу Хемпшир, неодамна зела слободни денови од работа, во финансискиот сектор, за да помине повеќе време со својот проблематичен помлад син.
Додека нејзиниот постар син Рајан (24) имал успешна кариера во финансиска куќа во Њујорк, нема докази дека 20-годишниот у��иец некогаш работел. И покрај неговата зависност од компјутерот, тој се држел далеку од социјалните мрежи и немал ниту профил на „Фејсбук“ ниту на „Твитер“.
Рајан Крафт, која работела како бебиситерка за Ланца кога Адам имал десет години, рече дека момчето било наклонето на сериозна избувливост на гнев. Жестоката заштитничка Ненси инсистирала дека бебиситерката никогаш не го оставила Адам сам за момент, дури и за да оди во тоалет.
Марша Ланца, тетка на убиецот, го опиша како „убаво, тивко“ и „многу, многу паметно“ момче кое имало проблеми со учењето. Тоа мислење се совпаѓа со изјавите на соучениците кои рекоа дека тој бил многу паметен, особено по математика, но претерано срамежлив.
Кетрин Урсо рече дека нејзиниот син, кој одел на училиште со него, го опишал како „многу слаб, ��ногу повлечен и еден од непријатните“.
Семејството Ланца се преселило во Сенди Хук околу 1998 година, но Ланца и нејзиниот сопруг се развеле десет години подоцна поради, според гласиштата, нивниот тежок помлад син бил голем притисок за нивниот брак. Таа немала реална потреба повторно да работи, бидејќи, наводно, извлекла 200.000 долари годишно од својот сопруг.
Се чини дека таа не била отуѓена само од својот поранешен сопруг, туку, исто така, можеби и од својот постар син. Пред да биде сослушан од полицијата за злосторството на својот брат, Рајан Ланца тврдеше дека не го видел Адам од 2010 година.
Братот на Ланца, поранешен полицаец именуван како Џејмс Шампион, вели дека не го видел својот помлад внук во последните осум години.
Полицијата соопшти дека член на семејството на Адам - ??веројатно неговиот брат - им кажал оти тој страдал од Аспергеров синдром, форма на аутизам.
Вчера беше објавена можноста дека Адам Ланца планирал уште посмртоносен масакр и дека бил спречен. Поручникот на државната полиција на Конектикат, Џ. Пол Венс, рече дека на Ланца му останале „стотици“ куршуми кога тој се самоубил во училиштето и дека поседувал повеќе шаржери со висок капацитет за сите четири парчиња оружје што ги носел со себе. Ланца имал пушка „Бушмастер“ од калибар 223 и два пиштола кога полицијата го пронашла неговото мртво тело и, исто така, имал пушка во автомобилот паркиран пред зградата. (Дејли мејл) |