17.12.2012, 13:29 Дизелот поевтинува за 1,5 денари
Од вечерва на полноќ новата цена на Еуродизелот ќе изнесува 71,50 денари, а на бензините останува непроменета
Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денар, на екстра лесното за домаќинство два денара, а цената на бензините останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторна комисија за енергетика, новата цена на Еуродизел изнесува 71,50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 60 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 41,722 денари за килограм. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 останува непроменета и изнесува 80,50 односно 82 денара за литар.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 108,965 долари за барел и е за 0,99 отсто пониска од просечната цена на суровата нафт�� (110,059 долари за барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесуваше 47,15 денари и е за 1,08 отсто понизок од курсот на доларот (47,6676 денари за долар) по кој беа формирани цените. |