17.12.2012, 10:15 Ахмадинеџад изрази сочувство за трагедијата во САД
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад им изрази сочувство на семејствата на жртвите на масовното убиство, кое беше извршено во петокот во основното училиште во американскиот град Њутаун, во државата Конектикат.
- Длабоко жалам за оваа трагедија. Од мое и од името на иранскиот народ им изразувам искрено сочувство на семејствата на жртвите и на целиот американски народ, истакна Ахмадинеџад.
Ултраконзервативниот ирански претседател, кој е тврдокорен непријател на САД, нагласи дека е веќе време Вашингтон да ја преразгледа својата политика, која е „заснована на материјални придобивки“ и наместо тоа да работи на заеднички свет, каде луѓето ќе „живеат заедно врз основа на љубов, добрина и пријателство“. |