17.12.2012, 14:27 Берлускони се сврши со 27-годишна девојка
Италијанскиот експремиер Силвио Берлускони ја потврди веста дека се свршил со 49 години помлада жена од него, 27-годишната Франческа Паскале.
„Точно е. Се свршив со Франческа Паскале. Иако е 49 години помлада од мене, убава е и од надвор и од внатре, има цврсти морални начела, а е и добра другарка со мојата ќерка Марина. Покрај тоа, таа ме сака мене и јас ја сакам неа“, изјави Берлускони.
Тамам сите помислија дека конечно ќе се смири по сите секс-скандали, експремиерот (76) се сврши со Паскале, која може да му биде внука.
Младенците последен пат заедно беа видени заедно на натпреварот на фудбалскиот клуб „Милан“, чиј сопственик е токму Берлусони. |