Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.12.2012, 15:50

Вработените во ОХИС повторно на протести

Центарот на Скопје денеска беше блокиран поради протестот на вработените во ОХИС, кои се собраа пред Владата и Собранието. Тие упорно бараат средба со претставници од Владата како и со претседателот на Собранието Трајко Вељановски за да се најде решение за нивниот иден статус, но немаат одговор од надлежните. Работниците бараат исплата на една или две плати, од вкупно 15 што им доцнат, за можат да ги поминат новогодишните празници. Од синдикатот на ОХИС не веруваат дека ќе успее десетиот тендер кој е во тек, после 9 неуспешни јавни повици.

Претседателот на Синдикатот за идустрија, енергетика и рударство, Пеце Ристовски, во петокот писмено побарал средба со Вељановски, но се` уште не добил повратен одговор. Досега, според вработените, им била понудена само средба со претставници на политички партии, но тие не ја прифатиле, бидејќи мислат дека од неа нема да произлезат конкретни решенија за нив.

„Најголем проблем е што Владата не прифаќа средба со претставници на ОХИС, а доколку се седне на маса и се разговара, сигурно ќе се изнајде некое решение“, вели Ристовски.

Тој соопшти дека прашањето за можните решенија за вработените во ОХИС и во останатите загубари, според одлука на Советот на ССМ, ќе биде поставено на наредната седница на Економско – социјалниот совет. (М.Т.)


Статијата е прочитана 508 пати.


Испрати коментар



Заев ја потпиша Конвенцијата на градоначалници во Брисел
Гасот поевтинува, ќе паѓа ли и цената на парното
Албанската православна црква не ги признава резултатите од пописот
СДСМ поднесе кривична пријава против Томе Аџиев
Христијаните најбројни на светот
Љубисав Иванов-Ѕинго не си оди од политиката
Дождот го олесни дишењето
Љубе Бошкоски на инфузија
Банкротираше црногорскиот весник „Побједа“
Лекарите и Тодоров повторно на преговарачка маса
Привремено одложен стечајот за ЕМО
Санадер во болница, судењето прекинато
Во автобуска несреќа во Хрватска повредени 37 босански студенти
Иванов жали што Унијата не ја испрати вистинската порака
Иванов апелира на итна деблокада на буџетот
Годишно обраќање на претседателот Иванов во Собранието
Новите членови на Судскиот совет дадоа свечени изјави
Бењини - Враќањето на Берлускони е полоша вест од крајот на светот
Кипар пред банкрот
Деца му пишуваат на Брејвик
ОН го продолжи мандатот на Хашкиот трибунал
Протести во Шпанија против буџетските кратења
Чешка се сеќава на Вацлав Хавел
Годишно обраќање на Иванов во Собранието
Координацијата кај Вељаноски заврши без договор
Маглата и денеска го отежнува авиосообраќајот
ММФ ќе препорача проширен мониторинг за Македонија
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Грција и Бугарија го зацементираа сојузништвото
Живот како во камено време среде Аеродром
Одложена посетата на Груевски на Хрватска
СДСМ до Владата достави предлог за буџетско штедење
„Телеком“ и „Т-мобиле“ со ист број за корисници
Вељаноски нуди предлог, опозицијата не го прифаќа
Беџети им врачи повелби на новоименуваните извршители
Лустраторите Гешовски и Витановски поднесоа оставки
Берлускони се сврши со 27-годишна девојка
„Амбиент 3“ - нова книга на новинарот Зоран Иванов
Високото образование, лустрацијата и парното наскоро на Уставен
Дизелот поевтинува за 1,5 денари
Почна координацијата кај претседателот на Собранието
Бугајски - Бугарија го дестабилизира Балканот попречувајќи ја Македонија кон ЕУ
Писмо со сочувство од Иванов до Обама
Социјалистите на Чавез победија на регионалните избори
Ахмадинеџад изрази сочувство за трагедијата во САД
Аврамопулос - Македонија треба да докаже добрососедство
Координативна средба кај Вељаноски за буџетот за 2013
Поради магла откажани и одложени летови од скопскиот аеродром
Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа 10 девојчиња
Коце пак ќе трча за Скопје
Фотогалерија од денешните кавги во Парламентот



nh, 17.12.2012 16:03:36
Sto sakaat ovie luge....Go poprecuvaat zivotot na cesnite luge koj odat na rabota a ovie cekaat nekoj da gi hrani.....Ajde da se poapsi ova bagra
Elena, 17.12.2012 19:13:15
Овие луѓе си ги сакаат 16-те неисплатени плати што им ги должи државата и што чесно си ги заработиле. Не бараат никаква милостина од никој, само тоа што им припаѓа. Срамота е вака да коментирате

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)
Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Живот како во камено време среде Аеродром
Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 ч...
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |