17.12.2012, 14:38 Лустраторите Гешовски и Витановски поднесоа оставки
Членовите на Комисијата за верификација на фактите Јанаке Витановски и Благоја Гешовски денеска поднесоа оставки на функцијата. Витановски и Гешовски, кои беа предложени од СДСМ, сметаат дека лустрацијата одела во погрешна насока и ја промашила целта.
Како што изјави Витановски, нивните забелешки се тенденциозност и селективност во работата на Комисијата и нејзино претворање во инструмент на власта за пресметка со неистомислениците. Забалежуваат и што веќе 1,5 години и покрај истекувањето на претседателскиот мандат ја предводи Томе Аџиев, што, според нив е спротивно на законот.
За членството во Комисијата за лустрација в среда ќе се изјасни и Чедомир Дамјановски, кој е предлог на ЛДП.
За претседателот на Комисијата Томе Аџиев оставките на Витановски и Гешовски се очекувани. Најави дека Комисијата ќе продолжи да функционира бидејќи има кворум за работа.
- Комисијата има легитимитет. Таа не е политичко тело за да има политички легитимитет. Таа е тело на Собранието, кое работи врз основа на документи кои ги собира и ги следи, изјави Аџиев.
|