17.12.2012, 11:47 Бугајски: Бугарија го дестабилизира Балканот попречувајќи ја Македонија кон ЕУ
Одлуката на Бугарија да стави вето за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ е контрапродуктивно не само за Македонија, туку и за целиот регион, оценува американскиот експерт за Балканот Јануш Бугајски коментирајќи ја позицијата на Бугарија.
- Тоа е самоуништувачка политика која може да придонесе за дестабилизација на регионот. Ако Македонија биде блокирана на неопределено време како и со членството во НАТО така и во ЕУ, ќе уследи внатрешна нестабилност во земјата. Особено меѓу албанското малцинство има силно незадоволство поради недостиг од напредок кон евроинтеграциите, изјави Бугајски за Бугарското национално радио.
Според него, „доколку земјите од ЕУ како Бугарија продолжат да ја блокираат Македонија се оцртува многу напредвидлива иднина“.
- Можно е ма��едонската Влада да не заздрави. Можни се протести од албанското население. Ете зошто, според мене, тоа решение е контрапродуктивно не само за самата Македонија, туку и за целиот регион, оценува Бугајски кој е експерт за ЈИЕ во Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања во Вашингтон.
Во однос на мотивите на Софија поврзани со историјата на двете земји и обидите на Македонија, како што се наведува, да ја присвои бугарската историја, Бугајски вели „дека не е многу сигурен што точно бараат Бугарите зашто секогаш ќе постојат националисти во Македонија кои ќе претендираат за делови од бугарската историја“.
- Мислам дека бугарската позиција по тоа прашање само ќе ги распали уште повеќе негативните страсти на националистите кои ќе бидат употребени од македонската Влада, заклучува Јануш Бугајски.
|
Статијата е прочитана 2726 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
pile, 17.12.2012 14:22:23 | „дека не е многу сигурен што точно бараат Бугарите зашто секогаш....So oficijalno blokiranje od strana na R.Bugarija na R.Makedonija na patot kon EU ne samo sto pritrca na pomos na R.Grcija da ne bide sama,(ke bese mnogu neprijatno za R.G) kako reakcija na neidenticnata politika na Vladata na Gruevski kon sosedite i znacitelno otvaranje kon sever.Da ne izumime se finansira odbelezjuvanje na bitka na Zebrnjak, a ne mu se obezbeduvaat uslovi na ambasadorot na R.Bugarija da polozji cveke na grobot na revolucionerot Goce Delcev (go ceni covekot deloto na revolucionerot zosto da bide precekan od bodi gardi, a toa nemozje da pomine kako sprecuvanje na protestot za izgradba na crkva na plostadot vo Skopje,slucajot so Spaska e odraz na vladeenjeto na pravoto vo Drzjavata takvo pravo prezjivuva sekojdnevno Makedonskiot gragjanin) -Можно е македонската Влада да не заздрави. (J.B.) Zazdravuvanjeto e mozjno OSTAVKA na Gruevski i so formiranje na Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost so Premier |
| Tina, 17.12.2012 14:25:37 | Vo Hag so Bugarija i Grcija.
Takvi kriminalni politichki dela se sram na EU i cela Evropa, po istorijski pat, protivu Makedoncite.
A site vo svet go spomnuvat Aleksandar Golemiot a ne ne pocituvat kao naslednici na antichki Makedonci. Golema sramota za Evropa i za cel svet shto ja izuchuva istorijata po hipokratski pat od 1913. Neka se raspravuvat vo Hag, za deneshnite bezumni politiki.
Sramota na Bugarija.
Sramota na Grcija. |
| Kultiviran Balkanec, 17.12.2012 14:51:10 | Mr. Bugajski, najmnogu koj treba da misli za stabilnosta na Makedonija, toa e makedonskata vlada, pa duri posle Bugarija ili Grcija. Vo sluchaj na vlez na Makedonija vo EU, toa kje bide samo nagrada za populistite kako Grujo, a antibugarskata propaganda kje se zasili ushte povekje, znaejki deka nikoj ne im mozhe nishto. |
| пријател, 17.12.2012 17:46:51 | Што треба да заклучиме од кажувањата на Бугајски?Вели дека секогаш ќе постојат националисти во Македонија кои ќе претендираат за делови од Бугарската историја,а ја обвинува Бугарија за попречување на Македонија за членство во ЕУ!?И што треба сега да се прави?Бугарија да молчи за претензиите од страна на националистите во Македонија(кои имаат безрезервна поддршка од владата) и да не ја попречува Македонија за да не се „распалат“ националистите уште повеќе?Каде ги наоѓате ваквите „експерти“? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Ситен дожд
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|