Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.12.2012, 16:49

Фотогалерија од денешните кавги во Парламентот

За малку беше избегната тепачка во Законодавно-правната комисија, која денска почна да ги разгледува амандманите на буџетот

ФОТО: Киро Попов

Кулминира напрегнатоста во парламентот, каде што веќе неколку седмици се води жестока комисиска расправа за буџетот за 2013 и за амандманите што за него ги поднесоа пратениците. Викенд-расправата за малку ќе излезеше од колосек во текот на вчерашното попладне, односно во почетокот на амандманската расправа во Законодавно-правната комисија.

Малку недостигаше да се случи тепачка меѓу пратениците од власта и од опозицијата, чии претставници се побунија на предлогот за ограничување на дискусиите, на репликите и на можноста за процедурални јавувања ��о Законодавно-правната комисија, со која раководи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ. Опозиционерите реагираа и поради интенцијата на владејачките пратеници Законодавно-правната комисија да разгледува и амандмани за кои се' уште не е отворена расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, на чие чело, пак, е Марјанчо Николовски од СДСМ.

Обидот на владејачките партии да ја прескокнат Комисијата за финансирање и буџет и да го протуркаат фискалниот план за 2013 преку Законодавно-правната комисија доведе до судир меѓу пратениците од двата табора. Пратениците од опозицијата станаа од место и го одзедоа микрофонот на претседателката Дулиќ, откако таа не дозволи пауза и ги ограничи процедуралните забелешки на едно јавување. Страстите се смирија откако беше прогласена пауза.

Опозиционерите обвинија дека во параламентот се спроведува украинско сценарио, преку процедурални маневри и ги повикаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истиот принцип да го применат и со законот за бранители, кој со месеци е заглавен во Комисијата за труд и социјална политика.



Во меѓувреме, се водеше жестока расправа и во Комисијата за финансирање и буџет. Игор Ивановски од СДСМ рече дека власта се обидува работата за буџетот да ја префрли од матичната во Законодавно-правната комисија која, според него, има деловничко право да ги разгледува само поминатите амандмани, без да расправа за тие кои се' уште не се стигнати на ред во матичната комисија.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, пак, потенцира дека целта на СДСМ е да го блокира донесувањето на буџетот за 2013 и дека последиците од тоа ќе ги трпат сите граѓани.

Додека внатре пратениците се расправаа, пред вратите на парламентот, атмосферата, исто така, беше напрегната. Група корисници на социјална помош протестираа поради одолжувањето на расправата за буџетот. (А.М.М.)






Статијата е прочитана 6521 пати.


Испрати коментар



Заев ја потпиша Конвенцијата на градоначалници во Брисел
Гасот поевтинува, ќе паѓа ли и цената на парното
Албанската православна црква не ги признава резултатите од пописот
СДСМ поднесе кривична пријава против Томе Аџиев
Христијаните најбројни на светот
Љубисав Иванов-Ѕинго не си оди од политиката
Дождот го олесни дишењето
Љубе Бошкоски на инфузија
Банкротираше црногорскиот весник „Побједа“
Лекарите и Тодоров повторно на преговарачка маса
Привремено одложен стечајот за ЕМО
Санадер во болница, судењето прекинато
Во автобуска несреќа во Хрватска повредени 37 босански студенти
Иванов жали што Унијата не ја испрати вистинската порака
Иванов апелира на итна деблокада на буџетот
Годишно обраќање на претседателот Иванов во Собранието
Новите членови на Судскиот совет дадоа свечени изјави
Бењини - Враќањето на Берлускони е полоша вест од крајот на светот
Кипар пред банкрот
Деца му пишуваат на Брејвик
ОН го продолжи мандатот на Хашкиот трибунал
Протести во Шпанија против буџетските кратења
Чешка се сеќава на Вацлав Хавел
Годишно обраќање на Иванов во Собранието
Координацијата кај Вељаноски заврши без договор
Маглата и денеска го отежнува авиосообраќајот
ММФ ќе препорача проширен мониторинг за Македонија
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Грција и Бугарија го зацементираа сојузништвото
Живот како во камено време среде Аеродром
Вработените во ОХИС повторно на протести
Одложена посетата на Груевски на Хрватска
СДСМ до Владата достави предлог за буџетско штедење
„Телеком“ и „Т-мобиле“ со ист број за корисници
Вељаноски нуди предлог, опозицијата не го прифаќа
Беџети им врачи повелби на новоименуваните извршители
Лустраторите Гешовски и Витановски поднесоа оставки
Берлускони се сврши со 27-годишна девојка
„Амбиент 3“ - нова книга на новинарот Зоран Иванов
Високото образование, лустрацијата и парното наскоро на Уставен
Дизелот поевтинува за 1,5 денари
Почна координацијата кај претседателот на Собранието
Бугајски - Бугарија го дестабилизира Балканот попречувајќи ја Македонија кон ЕУ
Писмо со сочувство од Иванов до Обама
Социјалистите на Чавез победија на регионалните избори
Ахмадинеџад изрази сочувство за трагедијата во САД
Аврамопулос - Македонија треба да докаже добрососедство
Координативна средба кај Вељаноски за буџетот за 2013
Поради магла откажани и одложени летови од скопскиот аеродром
Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа 10 девојчиња
Коце пак ќе трча за Скопје



tome, 16.12.2012 17:43:40
kolku ste prosti i mizerni....i ednite i drugite samo sega gledam za koj sum glasal 10 godini
Трпе, 16.12.2012 20:58:39
Македонски синдром.Ако треба и брата че си го убие ама со коалициони другар чај ке пие.Кога со позицијата се мајтапеше Талат Џафери на дпмне-овци не и мирисаше.А сега многу и смрди.А не гледат дека смрдеата е од нивните чорапи, што од работа 25/7 немат време да ги исперат.Пералната им е зафатена за перење на банкноти.
Битола, 16.12.2012 21:09:40
На здравје прилепчани. Денеска власта (Благородна Дулиќ) на Законодавна комисија, официјално ве прогласи за мајмуни. Ако не ми верувате поледајте ја снимката од комисијата.
ilija, 17.12.2012 00:44:08
ne videna bruka pa ne li im je sram da zemat plata za glupostite sto i gi pravat na drzavata sum videl arogancija kaj pratenicite od sdsm no nitu mozev da pomislam deka se tolku vulgarni to ne mu se slucuva nitu na luge so potprosecna intelegencija bogami ova nalaga koga se predlaga za da nekoj bide pratrnik da se izvrsi detalen zdrastven pregledi otkoga ke se potvrdi deka e zdrav duri togas da se stavi na listata za pratenik.
bez trag, 17.12.2012 01:00:51
Na zalost so ovie Bmrovcive samo taka treba dosta ne tepat 7 god, vistina e deka SDSM gi upotrebi site demokracki metodi no na zalost se im bese odbijano e pa mora so nepismeni na vakov nacin, samo malce im e belkim narodot ke se svesti i ke gi svrti lopatite protiv LOPATAROT pa site pari sto gi kradea 7 god da gi povratat...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)
Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Живот како во камено време среде Аеродром
Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 ч...
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |