17.12.2012, 17:24 Грција и Бугарија го зацементираа сојузништвото
И двајцата премиери зборуваа за Македонија без да ја споменат со име
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Премиерите Андонис Самарас и Бојко Борисов со остар тон испратија порака од Атина, ако нема подобрување во добрососедските односи, Македонија ќе остане да чека пред вратата на Европската унија. Како и во Брисел, Грција и Бугарија беа категорични дека двете држави ја поддржуваат европската иднина на Западниот Балкан, но кандидатите-држави мора да се однесуваат европски и да ги почитуваат принципите на Унијата. Грчкиот и бугарскиот премиер на заедничката прес-конференција, по вториот заеднички состанок на високо ниво за соработка меѓу Грција и Бугарија, индиректно зборуваа за Македонија, избегнувајќи конкретно да и' се обратат на нашата држава. Бугарскиот премиер со остар тон потенцираше дека секое пријателство и толеранција има граници, а индиректно зборувајќи за филмот „Трето полувреме“ објаснуваше колку Евреи има спасено Бугарија за време на Втората светска војна.
На новинарско прашање дали на заедничкиот состанок премиерите разговарале за европската перспектива за Македонија, Самарас истакна дека се разговарало за европската перспектива на целиот Балкан. Изрази особено задоволство што во Брисел и Димитрис Аврамопулос и Николај Младенов имале идентични ставови околу тоа прашање. Бугарија и Грција се согласуваат целосно со текстот, кој како што потенцираше Самарас бил едногласно донесен на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Грчкиот премиер нагласи дека со овој текст ЕУ прв пат официјално потенцира дека предуслов за членство е почитувањето на добрососедските односи. „Ќе се следи напредокот во ова поле, нешто што значи дека некои држави може да напредуваат кон ЕУ, а некои ќе задоцнат доколку не се однесуваат соодветно. Во еден период на криза и тешкотии во целиот свет вештачките заострувања не помагаат. Иредентизмот не води никаде“, истакна Самарас. Индиректно обраќајќи и' се на македонската Влада посочи дека секоја држава која навистина сака да се интегрира во ЕУ, како место на компромиси и дијалог, не може да успее во тоа со политиката на иредентизам.
„Задоволен сум што Бугарија и Грција се согласуваат со европските процени и критериуми. Тоа се принципи на кои може да се заснова една модерна демократија, како што се Бугарија и Грција“, истакна грчкиот премиер. Неговиот бугарски колега исто така одлучи да не ни се обрати директно, а како и Самарас се задржа на потребата за почитување на добрососедските односи. Борисов демонстрираше вознемиреност најмногу поради филмот „Трето полувреме“. Посочи дека Бугарија е една од држа��ите која најсилно ја поддржува европската перспектива на Балканот, а тоа го покажала и преку поддршката за либерализација на визниот режим.
„Меѓутоа толеранцијата, добрососедството и пријателството имаат свои граници. Бугарија има спасено најмногу Евреи за време на фашистичкиот режим, над 50.000. Ако можевме, ќе ги спасевме сите Евреи, но успеавме само 50.000. Други држави ни толку не направиле, има две-три држави што спасиле само 300-400 луѓе. И Бугарија да заслужи да се прават филмови против неа?!“, потенцираше Борисов, додавајќи дека и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху читал писмо од германски амбасадор во кое се потенцира дека Бугарија не дозволувала иселување на Евреите за време на фашистичкиот режим. Нагласи дека токму поради тоа Бугарија останува јасна и категорична за важноста на добрите соседски односи.
Двајцата премиери нагласија дека членството на државите од Балканот во ЕУ е неопходно за регионалниот мир, стабилност и просперитет. Тие се надеваат дека, како што Бугарија и Грција ги запазувале добрососедските односи и ги решавале своите проблеми преку дијалог, дека така ќе се однесуваат и сите држави од регионот кои сакаат да станат дел од Унијата.
Во Атина двете држави вчера потпишаа шест документи и меморандуми за соработка во областа на дипломатијата, туризмот, земјоделството, културата и образованието и технологијата. Грчкиот премиер Самарас најави дека во февруари планира официјална посета на Софија. Борисов, освен со Самарас, се состана и со грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој ги спореди грчко-бугарските врски со врските на Германија и Франција, споменувајќи дека се надминати тешкотиите и проблемите од минатото. Беше оценето дека средбата поминала во добра клима, а и од грчката и од бугарската страна беше потенцирано дека грчко-бугарските стратешки односи значително се продлабочиле со оваа средба. Самарас потенцираше дека стратешката врска на Бугарија и Грција може да помогне да се зголеми нивното влијание и безбедност во рамки на целиот регион.
Грчкиот шеф на дипломатијата, Димитрис Аврамопулос, во интервју за бугарската информативна агенција нагласи дека иако чувствителните прашања за Грција и Бугарија околу политиката на македонската Влада се разликуваат, сепак постои голема заедничка загриженост за напливот на националистичките феномени и популистичката реторика, како и за негувањето клима на нетолеранција од македонска страна. Аврамопулос побара од нашата држава во пракса да покаже дека ги почитува добрососедските односи.
Борисов првпат во Атина
Бугарскиот премиер Бојко Борисов на аеродромот „Венизелос“ беше пречекан од грчкиот премиер Андонис Самарас, со кого ова му е прва средба, а н��едно и негова прва посета воопшто на Атина. Затоа пак, средбата во Атина не беше прва за двајцата министри за надворешни работи Николај Младенов и Димитрис Аврамопулос. На 4 и 5 јули годинава Младенов беше со делегацијата на претседателот Росен Плевнелиев во посета на Грција, а на 29 септември на ГС на ОН во Њујорк двајцата повторно имаа средба. Најголем одек, сепак, имаше трипартитниот состанок во Софија на 13 декември меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија, Романија и Грција, кога договорија заеднички став за евроинтеграцијата на Македонија, што се претвори во вето пред една недела.
На 27 јули 2010 година Софија беше домаќин на првата заедничка владина седница меѓу владите на Бугарија и Грција. Премиер на Грција тогаш беше Јоргос Папандреу, а големата делегација од министри, со која Папандреу пристигна во Софија, им даде повод на грчките весници тогаш да се запрашаат што ги доведе во Бугарија во време кога меѓународните кредитори и финансиски институции инсистираа за преговори за иднината на обврските на Атина. Тогаш Грција и Бугарија потпишаа серија договори за соработка во различни области, но Софија остана резервирана кон нафтоводот „Бургас-Александрополис“, а подоцна се откажа и од проектот „Белене“, кој исто така беше предмет на разговори.
Грција е на второто место по Романија по бројот на туристи во Бугарија, а помеѓу 150.000 и 200.000 бугарски државјани живеат и работат во оваа земја. Исто така, Грција е на трето место според регистрирани фирми во Бугарија, по Турција и Русија, со над илјада и петстотини. (Н.Р.)
|
Статијата е прочитана 7041 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Nekoj, 17.12.2012 22:48:37 | Monti Pajton sredba, Zamislete ovie dvajca da ja resavaat subinata na svetot,Ke bide zabavno slednive meseci. |
| Никола, 17.12.2012 22:49:07 | Еве како еден филм, може да ги уништи добрите односи меѓу две соседни држави. |
| Kojco, 17.12.2012 23:09:22 | И сега сите соседи ни се криви само ние сме добри. Треба да се стави крај на оваа погубна надворешна политика на Груевски и на Поповски. Нивната КИНДЕР дипломатија не врати во 1988 год. Доста беше со Бугарски и Грџки споменици во Скопје. |
| jovan, 18.12.2012 00:05:39 | Stanuva interesno. Nesto i niv im gori pod noze stom se sojuzat. Tolkav strav od edna propala drzava naselena so ciganoskopjani??? Ne ke e na arno i za niv. |
| riki, 18.12.2012 00:54:22 | sofija i atina go zacementiraa paktot.ako sakat neka go i finirat pa i da go farbat posle.pa preku nok stanaa dobri prijateli.grcite i bugarite;dobar spoj na nerabotlivi i korumpirani nacii.samo da gi potsetam vo koe vremensko doba sme,slucajno si vikam da nemat zaboraveno ili da ne se zalutale vo nekoj vremeplov.znaci sega e 2012 godina a ne 1912-1913. |
| Коста Стоименовски, 18.12.2012 01:10:55 | Точно пред 17 години (декември 1995 год.) во неделникот ФОКУС осврнувајќи се критички на тогаш актуелната еквидистанца, укажав на потребата за воспоставување на добри односи со сите оние соседи со кои е тоа можно, а не сите да се држат на еднаква дистанца. Само така може да се елиминира тезата за „Четирите волци“ (читај соседи) кои сакаат да ја растргнат Македонија. Актуелната власт со својата неинвентивна и погрешна надворешна политика успеа да ги затегне односите со сите соседни земји, освен со Србија и донекаде со Албанија и со Косово. Најголем апсурд е сепак влошувањето на односите со Грција и со Бугарија двете земји од кои зависи зачленувањето на РМ во ЕУ и НАТО! Тоа покажува дека треба сериозно преиспитување на досегашната политика кон соседните држави. |
| Nekoj od nadvor, 18.12.2012 01:16:19 | Dali ke bide vo EU Mk ne zavisi nitu od Grcija nitu od Bugarija, tuku od samata sebe si. Fokusot treba da bide kon toa sto Makedonija saka a ne sto ovie dve sakaat. Sekoj si ja kreira svojata realnost i zivot taka da ovakvi komentari mi se smesni. Problemot vo Mk megutoa e sto nema defininrano sto jasno saka i nakade odi. Od edna strana ima aplikacija vo EU od druga strana se pravi da se dvizi vo nekoja sprotivna no neopredelena nasoka, kako da saka da ostane izolirano duvlo na kriminalci. Ne deka toa ne e mozno, megutoa odreden % na luge sakaat poveke od zivotot odkolku da prezivuvaat od mesec za mesec (dodeka drugi ziveat na nivni grb) pa ako ostane nedefinirana nasokata na drzavata tie ke si ja odberat sami a toa ke bide napustanje na Mk. Na kraj karaeva let it be...mozebi taka e i nakdobro. Za edno 50 godini mnogu raboti i sistemi ke se smenat vo svetot kon podobro, taka togash i ovie prashanja ke izgledaat uste posmesni. |
| VP, 18.12.2012 01:21:18 | Нема проблем во тоа дека имало заедничка седница на Грција и Бугарија во Атина - вообичаена практика од години; проблемот е дека како изгледа Бугарија навистина ќе промени својата политика кон Македонија и тоа ќе биде за долго, ќе помине многу време пред одново да има шанса за нова промена ... така ми се чини.
Тоа е - Србија и Грција победија повторно - по 100 години... |
| dedo dimo, 18.12.2012 02:40:28 | Grcija i Bugarija se Aramiite na Makedonska zemja i sekoj toa go znaj na Balkanskiot poluostrov ,samo ovie od EU se pravat Budali ili se tolku pismeni da e znaat istorijata za Makedonija .Bugarite baraat dobro sosedstvo od nas a nemozat da svatat deka tie bea nashite porobuvachi po zaminuvanjeto na Oatomanskoto carstvo.Ako nie slavime so Bugarite za toa shto ne porobija togash mozda i Evrejte bi trebalo da slavat so Germancite za Hitler. |
| Makedonec, 18.12.2012 02:53:14 | A be Grci i Bugari ubo vie si se dogovarate samo da ne vi se rasipe esapot sto ce kaze na ova krcmarot,dali vi dade amin za vasite dobe de sosedski uspesi?,ce znaeme za nekoj mesec ni drahmata ni levot nema da vi pomognat,a i branko ne ce moze da e kriv. |
| CVETKO -BOEM, 18.12.2012 04:40:11 | Rabotite se poveke ni se uslozznuvaat,ke potroshime mnogu vreme za da izlezeme od ovoj zacharan krug,a do togass mozzda ke se javat i drugi, neprijatelski nakloneti kon Makedonija |
| diaspora123, 18.12.2012 06:47:51 | ednostavno ne mi e sfatlivo kako mozeme da se karame so komsiite. pa neli kaj nas ima edna mudra izreka koja veli deka komsijata e podobra i od brat. poradi edna edintvena pricina.toj ti e fizicki najblizok, sto znaci deka toj e prviot koj ke ti se najde i vo arno i vo loso. nekoj spomna kinder diplomatija..ova ne e e kinder tuku kinder adzamiska diplomatija...adzamii vo ovaa vlada navistina ima kolku sakas, a tolku seriozn rabota kako sto e vodenje na drzavata ,moze da bide pogubna za zemjata... zatoa potrebni se iskusni ,peceni,mudri lugje vo diplomatijata koi ke znaat vo sekoe vreme da procenat sto vo meomentot i e potrebno na drzavata... nastrana toa sto dve zemji od sosedstvoto se clenki na eu ,vo koja pretendirame i nie.. navistina treba menuvanje na kursot, zatoa sto ova ne vodi nikade,korsokak neviden od koj profit izvlekuva samo eden del od narodot... da ne elaborirame sega deka vo drzavava ziveat i nacionalnosti .... |
| pile, 18.12.2012 06:52:01 | Aktuelniot Premier na Republika Makedonija pred da prodolzji so svojata agenda na beskorisni poseti na malkute preostanati prijatelski zemji, posle negativniot zaklucok na Sovetot na ministri za dodeluvanje datum za otpocnuvanje na pregovori so R.Makedonija pod privremenot ime, ima Ustavna dolzjnost da se obrati na nacijata i da objasni sto ponatamu.Megju drugoto treba da odgovori:-Sto ke prevzeme so filmot ,,treto poluvreme za da gi podobri odnosite so R.Bugarija, zosto gledame revoltot od kaj se crpe;-dali e zapoznaen so predlogot od Republika Kipar dostaven do ministerot Poposki vo sredinata na juni za ponuda za vospostavuvanje na bilateralni odnosi pod privremenoto ime a R.M. da se obraka so Ustavnoto im, kako i dali ke raspise referendum dokoku se postigne kompromis vo vrska so imeto pri pretstojnata poseta na medijatorot G-din Nimic na regionot,,Dokolku nema obrakanje do nacijata od nego Makedonskiot gragjanin a nema sto da ocekuvaat osven OSTAVKA i ODGOVORNOST |
| Жт вк, 18.12.2012 07:48:36 | Секогаш бугарите бирале погрешни сојузниции и на крајот излегувале како губитници. Така било со Хитлер, така е и сега. Истото ќе ги снајде на крајот и овој пат. Што се однесува на филмот, тие не можат да ја менуваат историјата. Нека Борисов каже кој ѕверски ги стрелаше 12-те младинци во Ваташа на 16-ти јуни 1943, на роденденот на нивниот тогашен престолонаследник, кој истата година станува цар, а многу подоцна и премиер на Бугарија - Симеон ІІ Сакскобурготски. |
| Berlinerin, 18.12.2012 08:17:04 | Ne mozam veke da slusham za Grcija i Bugarija. Tie zaedno intigiraat protiv Makedonija. Tie se sakaaat bidejki i dvete drzavi se protiv makedonija. Ovie zemji ne se demokratski, tuku koruptni. Zboruvaat deka imaat dobri odnosi so Germanija, shto ne e tocno. Germanskiot narod e protiv financiskata pomok na Grcija. Ama bez taa pomok, tie ke odea do sege sto pati vo konkurs.
Kako blagodarnost za toa ja sporeduvaat Gospogja Merkel so Hitler. Toj e neblagodaren narod.
Ai Bugarite se pravaat vazni. Tie dve zemji treba da se nadvor od EU. Pozdrav od mene. |
| историк, 18.12.2012 08:29:36 | Какви добрососедски односи бараат приграбувачите на не Грчки и не Бугарски територии. Првите сакаат да ни го земат идентитетот и затворат прашањето за приграбените НЕ Грчки територии, а вторите не го признаваат идентитетот со надеж дека ќе се повампири виртуелниот сон за Санстефанска бугарија (XIX век) и опасноста од 3.800.000 Македонци во Бу��арија и 78% Македонци во бугарскиот парламент и Влада. Мислата на Т. Живков искажана на Л. Колишевски: “Како да признаеме дека има Македонци кога половина Влада е од Македонци“. |
| robert, 18.12.2012 08:33:42 | i kako da se objasni politikata na DRPMNE kon bugarija.od edna strana imame kritiki kon odnosot sto go imaat sprema naseto malcinstvo tolkuvaneto na istorijata i da go spomenam filmot treto poluvreme.od druga strana istoto DRPMNE postavuva nivni spomenici vo centarot na skopje simeon radev t.aleksandrov.aj ovie komentatorive patriotski od DRPMNE da go objasnat ovoj fenomen.ili i toa e provokacija i prevzemane necija istorija kako so grcite |
| Miki, 18.12.2012 08:41:12 | Bre, kolku omraza vo komentarive?! A toa e tipicna reakcija na nemok i odbivanje na soocuvanje so realnosta..Da, Grcija i Bugarija se drzavi-clenki na NATO i EU, mnogu posilni od nas i NASI SOSEDI! I samo glupavi ili zavedeni od Gruevski luge mozat da mislat deka so kavga a ne so mudrost moze da ziveeme edni do drugi! Tajnite sluzbi, posebno Srpskata, ocigledno dobro si ja brkaat rabotata i ja vodat kutrava Makedonija tocno vo sakaniot pravec - kavga so site, a potoa...A i Amerite si znaat sto pravat - Golema Albanija ne im e nesto sto im preci! |
| лудебит, 18.12.2012 08:44:19 | До Неој, неја решаваат судбината на светот ама ја решаваат нашата жална судбина и иднина ама ина твоите дечиња и внучиња. |
| mihajlo, 18.12.2012 09:15:28 | Bugarite trubat so decenii,more i so vekovi deka sme bile braca,grcite tvrdat deka sme bile skopski cigani.I ednite i drugite se kolnat deka se sto pravat,toa go travat za nase dobro.Aman dosta od vasata dobrina.Ne sakame da ni pomagate,samo sakame da ne ostavite na mira.Ce pokusame sami da se snajdeme.Ako vo toa ne uspeeme,togas i nema zasto da ziveeme.Zivejte vie egoisti.Nie dobro znaeme zasto seto ova go pravite.Procitani ste.Vie ste nacii bez istorija.Ako svetot svati sto navistina prestavuva Makedonija,ce mora da ja menuva svetskata istorija. |
| Slave, 18.12.2012 09:35:16 | Politickata kampanja na konstruiranje nova svetska istorija so drzavni pari, konecno pocna da dobiva jasen politicki odgovor. Posledna minuta e profesionalnite istoricisti da izvlecat zaklucoci. |
| Askolsun, 18.12.2012 10:12:36 | Navistina imame neverovatno uspesna nadvoresna politika i diplomatija. Uspeavme so site sosedi da se iskarame. I toa e uspeh .Askolsun!!! |
| koki, 18.12.2012 10:31:50 | Кој успеа да ги сплоти овие двајца против Македонија???? Одговорот на сите им е јасен:
Само Груевски, никој друг................ |
| R N-B, 18.12.2012 10:43:46 | Bugarskiot vrv,( ne veruvam bigarski narod), gi doceke svoite 5 minuti,da se izzivuva i da se sili vrz Makedoniskiot narod!Ke receme deka toa e necesno, no vo biznisot i politikata, toa e TAKA! Nivnitromanticni cuvstvakon Makedonija, veke ne mozat da miruvaat i da prifatat deka ne samo sto postoime, tuku i opstoivme ne site branuvanja sto ni se slucuvaat, delumno po nasha vina i a one sto ne vodat.So *promena* na istrijata i indentitetot, i onie sto misat dekaz naat sto se, ke se prashaat dali e bas taka. Vo toa osobeno se pogresi poslednive godini LOM ; amalgam pomegju slovenstvoto, antickoto i turlitavata zaedno. Treto poluvreme e samo pretekst za da ne zakacat,otivo Germanija, ima TV kanali kade se prikazuvaa zlistorstvata sto gi napravja tie, vo IIsvetovna vojna, pa nkiomu ne preci da imaat dorbi odnosi i so Evropa i so Izrae.Dobrososedski odnosi DA, no ne Bugarija da ni DOZVOI da gi slavime nasite praznici kako nivni, ama ke ne $castat* nas,da prisastvuvame
.Ne,ne biva taka |
| Od Velimir S. Toronto, 18.12.2012 10:45:29 | Еве ви историска шанса за консолидирање на државата ви. Погрешната политика на контраверзност до сега се покажа погубна. Токму тие Православни држави и требаат најмногу на Македонија. Како мала и сиромашка држава неопходно е свртување кон поголемите ви браќа. За некоја година и Србија сигурно ќе се приближи кон тој правец. Неизбежен природен процес е това. Тоа е иднината на Македонија. Се друго.... Турција, Албанија е погубно до степен на губене на целата нација. |
| vesna, 18.12.2012 10:47:50 | abe nie Srbija si ja sakame (mislam imame naredba da ja sakame) i da laeme od vreme na vreme po drugite |
| suza, 18.12.2012 10:49:05 | Bugarija niz istorijata sekogas ja birala pogresnata strana, mozebi i spasile nekoj evrein no sto ne go prasa grckiot kolega kade mu se evreite od grcija, solun, makedonija ne gi pocituvala principite na unija a tie gi pocituvaat, koj iredentizam vo mk. fala bogu nie nemame fasisticki partii, ne navreduvame, tepame grcki turisti, ne im gi unistuvame vozilata. Kolku se uplasile od edna saka narod? |
| MakeDonalds, 18.12.2012 11:01:37 | Ne mozam da razberem logikata i misleneto na nasive pisman-patrioti-antikvi. Bugarite takvi, bugarite vakvi, onakvi - tatari bili, okupatori bili, nije sme posebni, nemame nisto obsto i tako natamo. I u isto vreme site znaeeme i trubimo deka vo Bugarija ima poveke od 3,5 milioni makedonci i makedonski potomci. Pa ako vidime i romite i turcite vo Bugarija, izpagja deka taa drzava e pretezno naselena so makedonci koji sami sebe narekuvaat blgari. Ispagja deka sa oni u pravo koga kazuvaat deka sme edna krv i eden narod, a ovije nasive patrioti sa si obicni lazgovci i mafijasi. Tolku od mene |
| Tatar, 18.12.2012 11:04:51 | Nie ne vi mrazime, tuku obratnoto. Sekoj makedonec v BG e dobre dojden, tuka rabota i uchat iljadnici makedonci i site gledat deka nema problemi. Vashite politicari i istorichari gi pravat problemite so sekodnevna propaganda. I vednash razberete- nie nemame problemi ni so imeto ni so nacijata. Imame problemi samo so toa shto menuvate identitetot tie shto otdavna se mrtvi i ne mogat da se zashtitat. Demek oni se mislele za Bugari ama toa bilo greshka. Prijatelski pozdrav i ve molam objavete go komentara- ne navreduvam nikoj. |
| Mudrec, 18.12.2012 11:33:10 | Stom ispravivme rbet i prekinavme da se ulizavame na sosedite koi ne ni mislat dobro, odma stanavme problem. Se znae na koi dve drzavi ne im odgovara Makedonija bez granici. Nie ne sme krivi sto im prechi naseto postoenje na sosedite, kako sto sakaat da prikazat domasnite bezrbetnici. |
| Весна.С, 18.12.2012 11:41:38 | Читам и се чудам(од преголема зачуденост заборавам и да се крстам) Македонијае виновна затоа што бугарите се свртиле против нас.Глупости тие од секогаш на Македонија гледале како на своја покраина ,а сега како членки на нато и еу се осмелија гласно тоа да го изговорат.НЕСПОСОБНОСТА ПОЛТРОНСТВОТО И РАБОТАТА НА ОВИЕ НАШИ КВАЗИ ПОЛИТИЧАРИ ОД 1991 НАЈМНОГУ ШТЕТА И НАНЕСОА НА МАКЕДОНИЈА НА ВНАТРЕШЕН ПЛАНКОЕ ПОТОА СЕ ОДРАЗИ ИВО ВОДЕЊЕТО НАНАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА,А НЈМНОГУ СЕ ВИНОВНИ ЗА ГОЛЕМАТА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НА ВАШИ И НАШИ |
| Симон, 18.12.2012 12:25:06 | Византиски игри.
Двајца нешто посилни се здружуваат против еден послаб, без риизик да го малтретираат.
Браќа Бугари, зошто во Грција нема ниту еден Бугарин?
Зошто го ослободувавте Солун?
Нели до 1926 имавте излез на Егеј, не остана ниту еден отаде? |
| ФЕЛИКС, 18.12.2012 13:05:10 | Ако вака Германија се однесуваше кога скоро целиот свет се изнаснима филмови за нејзиното фашистичко минато,тогаш ќе беа во кавга со сите.Инаку ако Борисов сака доброседски односи, тогаш треба кога некогаш ќе ја посети РМ да падне на коленици во музејот на холокаустот во Скопје и да побара пршка за извршеното евидентно историско злодело кон Евреите тука.Потез ист како пред точно 42 год.(7 декември 1970 год.)кога Германскиот канцелар В.Брант се спушти на коленици пред сопменикот на загинатите и измасакрирани Евреи од Варшавското гето.Со ваков гест Борисов ќе покаже и докаже да има искрени намери за добрососедство. |
| venstar, 18.12.2012 13:46:50 | Na Makedonija site komsii sa i vinovni. Kako da e Severna Koreja na Balkanot. |
| Богомил(ец), 18.12.2012 14:34:29 | За да би била средбата во Атина комплетна, на авторитетно високо државничко ниво, Борисов и Самарас требало да го повикаат уште Бериша, а за да му дадат поголема атрактивност - требало да долета и Белрускони, секако, со неговата нова женска. Плашат деца. Веќе ја најавуваат и нивната нова средба во Софија. Демек, дрште се Македонци, ние сме сега стравот и трепетот на Балканот. Сеат магли, зашто така ја покриваат внатрешната беда. И едните и другите се срамот и најголемото промашување на ЕУ. Тие прават дружба од немоќ. Национализмот и антимакедонизмот им е душевна храна, што верувам близок е денот кога ќе ја почувствуваат како коска во грлата. |
| Alek, 18.12.2012 16:54:58 | Normalno kako sosedi da si gi branat zaednicki svoite interesi. So ke pravime nie so vakva vlada koja nema poim od politika i kreiranje na dolgorocna strategija. So kvazipatriotizmot ne iskara so site pa i samite vnatre. Samo placat placat i placat za gjabe im e najmnogu ke pati Makedonija. |
| ss, 18.12.2012 17:58:21 | Ova e dobro za nas. Istorijata dosega pokaza deka Bugarija sekogas bila na stranata na onie sto ja gubat vojnata,taka da ova e OHRABRUVACHKO! |
| do komentatorite, 18.12.2012 18:33:27 | Zosto nekoi sakaat da nametnat mislenje deka egejska i prinska Makedonija ne se nasi?Nasi se bidejki niz istorijata ziveele na tie teritorii mnozinstvo etnicki Makedonci i da ne bea proteruvanjata i asimilaciite vrz Makedoncite i denes ke bea mnozinstvo na tie teritorii.Zatoa cela teritorija na Makedonija e etnicka teritorija.No nie ne treba da barame obedinuvanje na Makedonija bidejki mora da se pocituvaat postojnite drzavni granici,a sosedite mora da pocnat da ne pocituvaat nas Makedoncite i sosednite drzavi da prestanat da vodat antimakedonska politika. |
| Ќе имате работа рушители, 18.12.2012 20:25:06 | Се се врти околу грабажот на Македонија од соседите. После александар следат Кирил и Методи. Предавниците ќе речат дека имале татарско потекло и ќе ги срушеле. После следи друг татаринец Самоил. Па ќе следи српскиот крал Марко. па Гоце , Мисирков и Сандански и и и целиот македонски народ до 1941 како да немал ништо. Супер соседите Грција и Бугарија итн. итн. Рушители ќе вриете од работа. А сите споменици се македонски од Македонија каде до 1912/13 мнозинство беа Македонците. |
| Писмен, 18.12.2012 20:56:12 | Средбите на владите на Бугарија и Грција са за основно за трговски договори. Македонија не е најважна во тие работи. Порелаксирано. Никој не сака да ви мачка. Размислете до кога со таа измислена комунистичка пропаганда. Вратите на Европа се во Атина и Софија. Променете си размислување - ако така се возите со нив за што да влегувате во Европа? Направете си пак унија со Србија - супер ќе си поминете и без тоа има 20 српски ТВ во Скопје. Нема ниту една БГ. Може и некој споменик да им кренете на Србите за 1913 - 1941г. И пуштете го коментарот, затоа што така си разговараме како соседи. Ако сакате ... |
| ice, 18.12.2012 21:20:18 | Do Velimir S.
Turcija e nas najgolem prijatel ..dali go sakame toa ili ne..vie so vasite pravoslavni teorii seuste sonuvate za nekakva si Jugoslavija..neli?
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Ситен дожд
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|