Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.12.2012, 16:56

Живот како во камено време среде Аеродром

Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 часа

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

По пет-шест часа речиси секој ден, а во неделите и по 12 часа без струја. Вака во последниве десетина дена живеат над шеесетина домаќинства од зградата на улица „Владимир Комаров“ број 33 во Аеродром. Велат, едвај издржуваат на овие минусни температури без електричната енергија, која кај сите овие станари годинава е единствен извор за затоплување.

Со проблемот почнале да се соочуваат оваа зима откако сите станари во зградата се откажале од парногреење и се топлат со термопечки, греалки, конвертори...

„Не очекувавме дека ќе се соочиме со ваков проблем. Од ЕВН не' убедуваа дека тоа нема да се случи, но, еве, се докажа спротивното. Испади на струјата имавме и лани, но не толку често и прекините не траеја долго. Но, тогаш од парно беа откажани половина станари од зградата, а годинава парно не користи никој. Со оглед на зачестеноста на испадите на струјата и времетраењето на дефектот, јасно е дека станува збор за немање капацитет за задоволување на нашите потреби од страна на ЕВН“, коментираат аеродромци од „Комаров“ 33.

Тие вчера за проблемот разговараа со надлежните од подружницата на ЕВН во Аеродром. Од таму, велат станарите, им тврделе дека проблемот не е до нив. За нивно добро им препорачале сами да се организираат и да договорат порационално трошење на струјата. Истовремено им укажале дека проблемот можат да го решат доколку самопридонесат во осовременување на мрежата од која тие се снабдуваат.

„Ни викаат сами да финансираме, а од друга страна тврдат дека капацитетот на мрежата е доволен да ги задоволи нашите потреби, што од старт отвора простор за сомнеж“, коментираат станарите од „Комаров“ број 33.

Велат дека во изминативе денови се буквално премрзнати. Не можат да вклучат ниту едно грејно тело, а ако се земе предвид дека не им работат ни шпоретите, ниту, пак, можат да стоплат бојлер, живеат секојдневие, како што коментираат, како во камено доба. Граѓаните на Аеродром истовремено се огорчени од односот на дежурната служба на ЕВН, која како што тврдат, интервенира на терен по шест часа откако ќе се пријави дефект со напојувањето на електрична енергија.


Статијата е прочитана 4848 пати.


Испрати коментар



Заев ја потпиша Конвенцијата на градоначалници во Брисел
Гасот поевтинува, ќе паѓа ли и цената на парното
Албанската православна црква не ги признава резултатите од пописот
СДСМ поднесе кривична пријава против Томе Аџиев
Христијаните најбројни на светот
Љубисав Иванов-Ѕинго не си оди од политиката
Дождот го олесни дишењето
Љубе Бошкоски на инфузија
Банкротираше црногорскиот весник „Побједа“
Лекарите и Тодоров повторно на преговарачка маса
Привремено одложен стечајот за ЕМО
Санадер во болница, судењето прекинато
Во автобуска несреќа во Хрватска повредени 37 босански студенти
Иванов жали што Унијата не ја испрати вистинската порака
Иванов апелира на итна деблокада на буџетот
Годишно обраќање на претседателот Иванов во Собранието
Новите членови на Судскиот совет дадоа свечени изјави
Бењини - Враќањето на Берлускони е полоша вест од крајот на светот
Кипар пред банкрот
Деца му пишуваат на Брејвик
ОН го продолжи мандатот на Хашкиот трибунал
Протести во Шпанија против буџетските кратења
Чешка се сеќава на Вацлав Хавел
Годишно обраќање на Иванов во Собранието
Координацијата кај Вељаноски заврши без договор
Маглата и денеска го отежнува авиосообраќајот
ММФ ќе препорача проширен мониторинг за Македонија
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Грција и Бугарија го зацементираа сојузништвото
Вработените во ОХИС повторно на протести
Одложена посетата на Груевски на Хрватска
СДСМ до Владата достави предлог за буџетско штедење
„Телеком“ и „Т-мобиле“ со ист број за корисници
Вељаноски нуди предлог, опозицијата не го прифаќа
Беџети им врачи повелби на новоименуваните извршители
Лустраторите Гешовски и Витановски поднесоа оставки
Берлускони се сврши со 27-годишна девојка
„Амбиент 3“ - нова книга на новинарот Зоран Иванов
Високото образование, лустрацијата и парното наскоро на Уставен
Дизелот поевтинува за 1,5 денари
Почна координацијата кај претседателот на Собранието
Бугајски - Бугарија го дестабилизира Балканот попречувајќи ја Македонија кон ЕУ
Писмо со сочувство од Иванов до Обама
Социјалистите на Чавез победија на регионалните избори
Ахмадинеџад изрази сочувство за трагедијата во САД
Аврамопулос - Македонија треба да докаже добрососедство
Координативна средба кај Вељаноски за буџетот за 2013
Поради магла откажани и одложени летови од скопскиот аеродром
Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа 10 девојчиња
Коце пак ќе трча за Скопје
Фотогалерија од денешните кавги во Парламентот



участокот, 17.12.2012 20:12:53
проблемот е во застарената инсталација. Па како во други градови ( н.пр. Охрид) каде нема топлификација а во новите објекти ниту оџаци луѓето се греат на струја ??
mira, 17.12.2012 21:22:48
веројатно пак Бранко ќе го прогласат за крив вија од ВМРО-то...............друго нема...........
Ogledalo, 17.12.2012 21:44:05
Ova e ogledalo na siromastijata koja ja zafaka Makedonija. Porano lugeto baraa da se priklucat na parno, a sega se isklucuvaat, ama nema ni struja. A od lozenjeto drva i dr. vozduhot vo Skopje e otroven. Do kade dojdovme?
Makedonec, 17.12.2012 23:58:28
A zoshto se tie33% za vo sekoe vreme da imaa gradjanite struja neli katastrofa shto se ima vo nashava Makedonija voi 21 vek

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)
Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Живот како во камено време среде Аеродром
Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 ч...
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |