Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.12.2012, 17:04

Разочарани сме, но нашата политика останува европска

Претседателот Иванов во годишното обраќање ја пофали Владата за успешното справување со кризата, а упати сериозни критики до опозицијата

Слободанка Јовановска
Татјана Поповска



Разочаран сум од исходот на бриселскиот самит, но се чини дека старите излитени балкански манири, балкански интереси, аспирации и поделби, се' уште опстојуваат и се наметнуваат на исходите на самитите на Европската унија. Наспроти се', не само што остануваме верни и определени на нашата темелна евроатлантска насоченост и интеграција туку и ќе ги уважуваме препораките и ќе ги интензивираме напорите. Ќе соработуваме блиску со Европската комисија и ќе продолжиме со нашите внатрешни реформи. Нашата политика била и ќе биде европска политика. Ова е една од главните пораки што вчера ги упати претседателот Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање пред пратениците во македонското Собрание. Тој ја пофали Владата за економските реформи, за успешното справување со кризата, а сериозни критики упати до опозицијата од која побара да биде конструктивна.

„Македонија не ја зафати фаталниот бран кој внесе сомнеж и несигурност во многу европски земји. Иако во првите два квартала влеговме во рецесија со раст од 0,2 отсто на БДП, во третиот квартал успеавме да излеземе од рецесијата. Имаме низок буџетски дефицит од 2,5 отсто од бруто домашниот производ и заклучно со ноември ниско ниво на инфлација од 3.2 отсто. Имаме стабилен банкарски систем. Македонија е меѓу четирите најнискозадолжени земји во Европа. Им честитам на Владата и на стопанството за постигнатите резултати. Особено силно ги поддржувам напорите на Владата за поттикнување на земјоделството преку инвестирање на 670 милиони евра во периодот од 2011 до 2015 година. Замислете ваква посветеност, наместо денес, да имавме отпорано! Досега ќе бевме регионална земјоделска сила“, укажа Иванов.

Тој нагласи дека наш приоритет треба да биде обезбедување на енергетската продукција, безбедност и стабилност, инфраструктурното и енергетското поврзување. Со пристапувањето кон „Јужен тек“, оцени шефот на државата, Македонија ја обезбедува својата енергетска, но и економска иднина.

Потсетувајќи на пресудата на Меѓународниот суд на правдата, Иванов нагласи дека на најавторитетен и најјасен начин е потврдена исправноста на нашата политика, во врска со спорот со Грција, со што се' потешко е да најдат аргументи за да го блокираат во евроинтеграцискиот процес. Во врска со овој проблем и во очекување на средбите со медијаторот Метју Нимиц, Иванов потенцира: „До заемно прифатливо решение може да се дојде доколку не сме соочени со ултимативни барања на штета на нашите национални интереси и идентитет. Секој граѓанин на секоја земја од соседството нека се чувствува така како што сака, но е неприфатливо да се бара ние да се чувствуваме како друг што сака. Барам најодлучно да се почитува рамката во која се водат разговорите, а на кои се однесуваат резолуциите на Обединетите нации, на Привремената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата“.

Во однос на условот за добрососедски односи што ЕУ по барање на Бугарија и' го наметна на земјава, Иванов оцени дека Македонија нема никаков проблем со ниту еден сосед. Но, потсети на неодамнешните, како што ги нарече, „апсурдни или навредливи изјави на малкумина ’дежурни‘ политичари од соседството“, за нашите меѓуетнички и меѓусоседски односи, на кои Македонија не подлегна. Во тој контекст, Иванов порача дека не смееме никогаш да дозволиме да бидат доведени во прашање меѓуетничките односи, иако, како што рече, годинава бевме сведоци на повеќе инциденти, тензии и дури трагични случаи во кои беа вовлечени млади луѓе.

„Им се обраќам на сите кои поттикнуваат и извршуваат такви дела сериозно да размислат за нивните последици и да бидат свесни дека правдата ќе ги стигне. Ако некој мисли дека може да ги потпали со збор или со дело чувствата или симболите кои се свети за нашите граѓани, навистина се лаже. Не може да се дозволи два милиона граѓани да бидат држени во страв од неколкумина кои не мислат добро никому и се инспирирани од нечесни мотиви“, нагласи претседателот на државата во своето обраќање кое го следеа пратениците, претставници на дипломатскиот кор, но и други важни државни функционери.

Поенти

Европска унија

Разочаран сум од исходот на бриселскиот самит. Се чини дека старите излитени балкански манири, интереси, аспирации и поделби се' уште опстојуваат и се наметнуваат на исходите на самитите на Европската унија. Мојата порака до сите оние што влијаеја на тие заклучоци е дека грешат.

Спорот со Грција

Секој граѓанин на секоја земја од соседството нека се чувствува така како што сака, но е неприфатливо да се бара ние да се чувствуваме како друг што сака. Тоа се работи за кои никој во овој свет не разговара и не сакаме и ние. Барам најодлучно да се почитува рамката во која се водат преговорите.


Бугарија и Грција

Добрососедските односи се двонасочна улица. Ние мора да си помагаме, а не да си попречуваме. Блокадите и попречувањата се на штета и на оние што блокираат, а најголема жртва е целиот регион.


За Сали Бериша

И оваа година кон Република Македонија се упатуваа апсурдни или навредливи изјави на малкумина „дежурни“ политичари од соседството, а за нашите меѓуетнички и меѓусоседски односи. Тие изјави за дневнополитичка употреба ниту можеле ниту ќе можат да ги нарушат вековните добрососедски односи на народите во регионот.

За Слупчане, знамињата

Бевме сведоци на инциденти, тензии и други трагични случаи. Во нив беа и се вовлечени многу млади луѓе. Сите што поттикнуваат и извршуваат такви дела сериозно да размислат за нивните последици. Не може два милиона граѓани да бидат држани во страв од неколкумина кои не мислат добро никому.


За Собранието

Во новата година граѓаните очекуваат повеќе решенија, а помалку проблеми. Деновиве во овој дом се води остра и непродуктивна дебата за усвојување на буџетот. Апелирам да се најде начин за итен излез од оваа ситуација. Не може целото општество да биде заложник на неодговорно однесување


За економијата

Зад нас оставивме една година на премрежиња и искушенија на глобален план. И покрај се', успеавме да се справиме во секој домен со резултати што се за почит. Имаме низок буџетски дефицит... трети сме најдобри реформатори во светот, подобри сме од многу земји во регионот, но и од земји-членки на ЕУ...



За приоритетите

Треба да се фокусираме на приоритети што ќе го одбележат нашиот 21 век. Тоа се водата, храната, енергетската безбедност и комуникациските технологии. Не можеме да ја отвориме новата врата, вратата на иднината, со стар клуч.

ПАРТИСКИ РЕАКЦИИ

Иванов го продлабочи јазот меѓу власта и опозицијата

Ако намерата на претседателот Ѓорге Иванов била со традиционалниот годишен говор во Собранието, во кој, меѓу другото, кажа дека е разочаран од односот на Европската унија и недобивањето датум за преговори, да се обиде да ја намали политичката тензија во државава, тоа на крајот, дефинитивно, се покажа како неуспешен обид.

Во говорот претседателот повеќе пати ја истакна, според него, добрата работа на Владата во економијата и спроведувањето на реформите, а ја нападна опозицијата за нејзиното владеење во минатото и денешното однесување, потенцирајќи дека во Собранието се води непродуктивна дебата за усвојување на буџетот.

Според социјалдемократите, кои сметаат дека Иванов уште еднаш не успеал да излезе од партиските стеги, цела среќа е што според Уставот претседателот има обврска еднаш годишно да се обрати пред парламентот.

„Бидејќи претседателот во својот говор ја нападна опозицијата и не се издигна на нивото на функцијата што ја има, туку настапи како верна сенка на премиерот Груевски, можеме да му порачаме дека најголемиот непродуктивен расход на буџетот е неговиот мандат“, изјави секретарот на партијата, Андреј Петров.

Од друга страна, пратениците од владејачките партии оценија дека Иванов имал вистински државнички говор.

„Во Собранието денеска имавме вистинско државничко обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Тој направи се' што може да ја промовира Македонија и да им помогне на граѓаните“, изјави Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот, според неа, многу јасно порачал дека треба повеќе решенија, а помалку проблеми да продуцира Собранието. Неговото државничко работење, смета таа, се гледа во 26 посети на странски држави и 86 средби со странски државници, со шефови на држави, преку кој лобираше за нашата татковина.

За Лилјана Поповска, пратеничка од ДОМ, говорот на претседателот беше многу чесен и реалистичен. „Од името на ДОМ, му давам целосна поддршка на претседателот за искрените пораки за добрососедство“.

Горан Мисовски од НСДП и Ивон Величковски од ЛП сметаат дека претседателот и натаму останува надвор од политичките текови. „Место да демонстрира авторитет и одличност, претседателот се однесува како портпарол на Владата, со премиерски амбиции“, изјави Мисовски.

Според Величковски, годинашното обраќање на Иванов покажало дека тој и натаму останува надвор од тековите на создавањето и водењето на политиката на државниот врв.Крајна разочараност од обраќањето на Иванов изрази пратеникот Ердоган Сарач. „Навреден сум од тоа што сметам дека не сум еден од оние што со сила го попречуваат донесувањето на буџетот. Со моите амандмани барам вода, образование, инфраструктура за Турците“, рече Сарач.

Годишното обраќање на претседателот не го следеа пратениците на НДП и на ДПА. Фљамуре Креци од НДП образложи дека таа и Изет Зеќири не присуствувале на седницата поради тоа што Иванов ниту еднаш не ги претставил потребите и интересите на Албанците. (Н.К.)


Статијата е прочитана 1994 пати.


Испрати коментар



Рејтингот не не' задоволува, но е повисок отпорано. Лидерскиот тим е проблемот на СДСМ
Комплетиран Судскиот совет со петмина нови членови
Буџетот се' подалеку од консензус
ММФ ќе гледа како го враќаме кредитот



Predavnik, 19.12.2012 00:38:23
Dali e Horhe predsedatel na DPMNE ili samo na Silvana Boneva? A bi trebalo da e na RM, vkljuchitelno i na predavnicite, koi bezobrazno baraat da se smali budzetot i da se drzavata povece ne zadolzuva. Stvarno se bezobrazno neodgovorni!
Itar Pejo, 19.12.2012 07:05:36
Samo taka Predsedatele. Ostro i ezkompromisno. Albanskite predsedateli se oduseveni i velat deka pak vce dojdat, koga ce posakaat. Tablite na uciistata vednas ce se smenat. Idnata godina Premierot licno ce odi na godisnicata vo Slupcane. Site makedonski gradovi ce dobijat novi avtobusi, plateni od vladata licno. I idnata godina, kako i ova, iljadnici novi rabotni mesta ce se otvorat vo slobodnite industriski zoni, Ohridskoto ezero ce se izbetonira za da nema kal na dnoto. Napred vo novi rabotni poedi.
Do prdavnikot, 19.12.2012 07:54:08
Ne se zanesuvajte. Ne ja unistuvajte Makedonija. Narodot ne ve saka i ke ve kazni. Ke dojde vo Sobranieto i ke gi isfrli kako partali predavnicite od opozicijata. Koj e toj Misovski da si igra so ugledot na nasata Makedonija? Takvi tipovi ne se za tamu. Zosto pobedi VMRO? Za SDS i Branko uste da ni krojat sudbini i budzeti? Neka se vrazumat oti narodot ke gi vrazumi. Site socijalci, penzioneri i zemjodelci veke nikogas nema da glasaat za SDS. Posle ova, najdobro da se rasformiraat.
Коста Стоименовски, 19.12.2012 07:57:07
Поради ограничениот простор, ќе се осврнам само на изјавата на претседателот за земјоделството. Воопшто не „држи вода“ тврдењето дека, доколку и порано се посветувало толкаво внимание на земјоделството, РМ би била „регионална земјоделска сила.“ Субвенциите на оваа влада се поставени на глава, служат за перење на пари (за разни „насади“ на ореви итн.) и за купување на гласови! Главен проблем во земјоделството се откупот на земјоделските производи, немањето гарантирани цени и отсуство на секаков интерес на владата за извоз на овие производи! Дали шефот на државата знае дека многу земјоделски производи од РМ се извезуваат во Русија преку српски фирми? А ваму привлекувачи на странски капитал колку сакаш. Во вакви услови царуваат прекупците кои го собираат „маслото од маките на селаните“. Познато е дека најголема корупција и во ЕУ постои токму со субвенциите за земјоделството.
Miki, 19.12.2012 08:10:44
Ovaa kutra figura sto sosem slucajno(ili namerno) e pretsedatel na drzavava besmisleno e veke da se komentira. Edna od prvite zadaci na novata vlast ke bide da go sovetuva da si zamine tivko i vednas, a ako ne - impicment..
Mirko, 19.12.2012 08:15:33
Glupavo e da se komentira nesta, sto nee kazano. Slusnavme samu ono sto i vrapcinja znaat. Vlada super, opozicija - Branko e kriv!
MILISAV MILOSAVLESKI, 19.12.2012 08:16:20
Го гледав нашиот,ако воопшто може да се нарече наш од сите оној претседател што се обидуваше да зборува на говорницата.Го зедоа човекот на душа и ни крив ни должен го натераа да биде претседател.Му напишале говор кој се обидуваше да го чита и замислете ја советуваше опозицијата и им велеше како вие ќе побарате доверба од граѓаните.ЖАЛНО и тргикомично.Претседателот не успеа да се стави(а и не знае поинаку) над ВМРОВСКИТЕ стеги и интереси и им се придружи на сите оние на сила натерани кои штрајкуваат пред штабовите од СДСМ за да го критикуваат СДСМ.Господ нека ни е на помош и ако пак на локалните и наредните парламентарни избори повторно со сила,уцени,подмачкувања добијаат овие забеганиве
slartibartfast, 19.12.2012 08:19:57
Sam na sebe da si cestitas za toa sto nisto dobro ne si napravil. E i toa e uspeh.
мене, 19.12.2012 08:26:04
Претседателот покажа дека е татко на нацијата кој не ги сака подеднакво своите деца,така да сега покрај албанците и на половина од македонците им кажа што мисли за нив,и да не се изненади кога истите тие ќе му кажат што мислат тие за него,а каде не води тоа ќе видиме во многу скоро време. ПС.Ме изненадија тонот и гримасите при говорот и се постетив на говорите на лидери на држави во емисии за втората светска војна емитувани на Histori канал.
robert, 19.12.2012 08:37:02
i posle se cudela pa duri e i revoltirana vlasta koga opozicijata a ke recam i poveketo od narodot ne prepoznava vo ovoj covek pretsedatel na drzavata.so vakov govor i negovite postapki primer nepokazuvane drzavnost koga se veese albanskoto zname niz skopje nemane navremen odgovor na nasiot neuspeh so EU.uste edna marioneta na DRPMNE nedostojna za pocit.kolku nisko i po rast i karakter covece.
gerojot, 19.12.2012 09:29:57
more sto ubo si imav zadremano od govoro na precedniko, koga toj podvikna. masala, masala, pa zorze znael i da vika. pa sto ne im vikna na albanezite ko dojdoa srede tvoja zemja i od gazot ne te udrija. prpa, prpa.
Nekoj od nadvor, 19.12.2012 10:43:16
Ova ne e mudar govor na drzavnik. Tekstov ima tezina kako da e napishan od osmoodelenec chii roditeli se pod vlijanie na vlasta. No mozebi vakvo nivo e soodvetno za mnozinstvoto gragani. Za predsedatelot no comment. Zalno i sramno.
Џони Вокер, 19.12.2012 10:50:06
Кои успеси? Нема НАТО, нема ЕУ, скарани со сите соседи. Нема инвестиции, нема работа. Економијата во рецесија, цените растат, една третина од населениото секојдневно гладни. Младите бегаат од земјата. Во кој свет живее претседателот?
pile, 19.12.2012 11:18:59
Posle obemen hiruski zafat i zavrsenata operacija timot koj ja vrsel sednal na kafe pauza.Liderot odgovoren za zafatot ne zboruval nisto i taka zamislen sedel.Eden od timot go zabelezjal i go prasal,sto e problemot ako e vo vrska so zafatot, se prezedovme kako sto treba, i se e vo red pacientot normalno se odnesuva.Liderot go poglednal i po kratko mu odgovoril,se mislam dodeka nie rabotevme so naucno poznatite metodi vo megjuvreme medicinata vo ovaa oblast da ne otisla napred a jas da ne go znam.Vo slucajot so sistematskite neuspesi kako na nadvoresnata taka i na nadvoresnata politika na Vladata na R.Makedonija, posle posledniot poraz so nedobivanje na datum za otpocnuvanje na predpristapni pregovori so EU, liderot na DPMNE molci,ne samo sto nikoj od timot nema da go prasa dali se zavrsivme dobro I DALI OSTAVKATA KE OTVORI PERSPEKTIVA ZA DRZJAVATA,takov demokratski cekor oddamna e izmislen i zastapen vo demokratskite opstestva kakvo sto vo rezjimot na Gruevski nitu senka nema.
Apologetika, 19.12.2012 12:05:32
Ovie pofalbi ne mozea podobro da gi iskazat ni Latas ni Bicikliski zaedno. Bravo Pretesedatele !!!
Oskar, 19.12.2012 12:27:58
Denes koga odnosite vo Parlamentot se dojdeni do tocka na vrienje, Pretsedatelot namesto da se javi kako medijator i smiruvac na sostojbite Toj, vo obrakanjeto vo Parlamentot, ognot go gasese so benzin. Nemozese li na pr. barem da go razresi sukobot okolu toa koj e toj sto saka da gi ostavi bez pari socijalcite, penzionerite, zemjodelcite pa duri i studentite, poradi sto se javia mnogu protesti niz cela Makedonija. Po mene nikoj. Naj malku prema baranjata na opozicijata a moze da ima posledici po Budjetot neprifakanjeto na predlogot od opozicijata za stedenje. Od izgradba na spomenici, barokni fasadi, administracii i reklami na golem del od graganite im e preku glava.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -3°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 6°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Јованка Броз-Титова Совладетелка (34)
За Јованка Стане Доланц е никаквец
Настани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |