07.12.2012, 18:23 Самоубиство на медицинската сестра поради лажниот повик за Кејт Мидлтон
Претставувајќи се како кралицата Елизабета и принцот Чарлс, австралиски комедијанти разговарале со сестрата и се распрашувале за состојбата на "снаата"
Медицинската сестра Јакинта Салдана, која во болницата Крал Едвард Седми се грижела за состојбата на бремената војвотка Кејт Мидлтин, во четвртокот извршила самоубиство, по лажниот повик со кој двајца австралиски радиоводители се шегувале на сметка на британското кралско семејство.
Си-Ен-Ен јави дека радиоводителите Мел Григ и Мајкл Кристијан успеале да го добијат одделот кој се грижел за бремената Кејт и со нејзината медицинска сестра Јакинта разговарале неколку минути. Претставувајќи се како кралицата Елизабета и принцот Чарлс, австралиските комедијанти се распрашувале за состојбата на "снаата" па потоа побарале да ги поврзе со Кејт. Кога е откриено подметнувањето, во болницата избил скандал поради прашањето на безбедноста на кралското семејство. Од болницата известиле дека семејството на несреќната жена, која кај нив работела последниве четири години, е известено за самоубиството.
Радиоводителите уште во четвртокот се извиниле поради неумесното јавување, а од кралското семејство порачале дека им е жал поради се што се случило.
-Им се заблагодаруваме на сите кои во болницата прекрасно се грижеа за војвотката. Длабоко жалиме и нашите мисли се со семејството на Јакинта Салдана и нејзините колеги - рекол портпаролот на кралското семејство, додека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон рекле дека длабоко жалат за смртта на Јакинта.
|