03.12.2012, 13:53 Ана и Игор Дурловски настапуваат со Симфонискиот оркестар
На програмата се „Стабат матер“ од Перголези и „Слики“ од Дебиси - по повод 150 години од раѓањето на композиторот
Во Домот на АРМ вечерва концерт ќе одржи Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар, на кој солисти ќе бидат сопранот и контратенорот Ана и Игор Дурловски.
На програмата се „Стабат матер“ од Перголези и „Слики“ од Дебиси - по повод 150 години од раѓањето на композиторот.
Пред концертот свечено ќе биде доделена наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ за најдобар студент на одделите по композиција, музикологија, диригирање и музичка теорија и педагогија на ФМУ во учебната 2011/2012 година.
|